Spoiler: Мехди Мораше така да направат зашто како ќе го тргнат Мехди инаку. Во книгата Зејнеп е во Иатанбул тој во Малатија и сосема инаков карактер. Бариш и врската со него е всушност исцелувањето на Зејнеп, после сите трауми што ги проживеа.
Spoiler Точно, со Бариш оздравува,он е баш човек со кого Зејнеп би била правата. Само во филмот, Мехди сепак не е насилникот, нејзе никогаш не ја повреди физички, не знам он ми беше само жртва на семејството и лошото воспитување како машко. Ништо друго. Нешто што се надминува.
Spoiler Не не, он и тоа како беше насилник. Само што не беше алкохоличар. Он сакаше да ја стави во калап Зејнеп, не можеше да излезе од тој мајдсет, сакаше да ја има под контрола. Да,и он немаше некој живот, и тоа беше поентата на ликот. Дека некои работи не се поправаат. Затоа и се вика серијата Домот каде што си роден е твоја судбина. Ама ете Зејнеп успеа да ја смени, да не биде како Сакине, да излезе од калта, да се спаси..
@JuLleE Инаку Ибрахим има кажано дека не сака да глуми ликови во романтични комедии, не сака да глуми добрици. Ако видиш наназад сите улогу му се која од која поцрни и помрачни. Почни од Ифет па до сега. А ако го немаш гледано молим те гледај го
Ибро е цар за глума.. ненормално се трансформира во ликовите. Мене Демет ме изненади како ја донесе Зејнеп. Она до сега имаше глумено само во роматнични лесни комедии ама оваа улога и легна баш ..
Јас Демет признавам не ја сакав, од причина што ете ја видов во лесна серија и не очекував овде да одглуми. После откако средив впечатоци, да, одлично jа донесе Зејнеп. А Ибро е цар, маестрален е. И во Ифет го имам гледано оддамна, во Црна Бела Љубов исто, и овде. И секаде ликовите му се баш тешки, мрачни, а он како ги донесува. Оваа ја немам гледано, ќе ја пуштам. Сакам и содржински да се сериите.
Гледај ја Милост (Merhamet). Таму е секс који хода. Црно Бела љубов не ја гледав не ја поднесувам Бирџе Акалај глумицата..
Да. Јас прв пат ја видов таму Бирџе, ама добри беа и двајцата, каква хемија имаше. Потоа видов дека се и дружат.
Гледам сте ја гледале, ајде да ми појасните. Од што умира братот на Зејнеп, татко и се покајали и каде е сестра и? А овој Менди што трауми имал, какво минато имало? П.С. Овде не ми е и убав Ибрахим Челикол, најубав му беше во црно бела љубов. Ќе бидат ли заедно?
Понатака ќе биде поубав, во еден дел од серијата, ќе биде ист како во Црна Бела Љубов. На почетокот е како чичко. Spoiler брат и умира од негрижа, татко и нема да се покае, сестра и ќе се појави на крај, а Мехди и јас не сфатив кои му се траумите освен што на некој начин е жртва на семејството, воспитуван да биде мажот во куќата и да се грижи за сите.
Spoiler Татко и се преправа ли? Брат и додека мал ли бил умрел? А каде била сестра и? Некој ако знае да пише за Мехди, какви трауми имал?
Spoiler да, се преправа. Не се кае воопшто. Сестра и побегнала на 15 години, на крај ќе кажат зошто и каде побегнала. Избегала ради пијаницата и ради мајка и. Инаку брат и умира мислам на 12 години и му бил другар на Мехди
Значи во право се родителите што ја посвоиле Зејнеп, што не ги помагаат на нејзините родители веќе и што не и дозволуваат да се гледа со нив. Оваа мајка и вистинска ми стои себична, арно и викала оваа богатава да го остави мажот така ќе и помогнале сигурно економски, а и брат и сигурно ќе бил жив, на некој начин таа е индиректен убиец на нејзиниот син, да го оставила мажот се по друго ќе било, брат и на Зејнеп ќе бил жив.