Среќа што ја посвоиле. Ама мајкава не се смирува, и се е поради нејзе. Имала и поддршка ама она до крај ќе се грижи за пијаницата. Проста жена е, воспитувана да го трпи мажот, а ги губи сите три деца.
Значи оваа вистинскава мајка себична, проста. Да ми каже некој што е содржината и целта на серијата? Се сакаат ли Мехди и Зејнеп, ќе бидат ли заедно, за љубов ли се борат, за забранета љубов или што? Оваа Зејнеп нели е Зејнеп од Кара севда?
Spoiler: Mehdi Мехди е последно дете, најмало, после 2 ќерки се раѓа син, мајка му го раѓа на стари години заради болести го гледа сестра му Мужган најстарата. Мужган била заљубена во синот на најдобриот другар на татко му, кој пак го убил татко му и е во затвор. После него Мужган останува дома и не се мажи, огорчена е на сите а најмногу на Зејнеп зашто во неа гледа сила што таа никогаш ја немала. Мехди е дете од махала, иако завршил факс за машински инжињер, останува да живее во истиот свет, да биде автомеханичар и ја лревзрма грижата за семејството на себе после смрта на таткото. Никогаш не осетил љубов, топлина. Како мал другар бил на братот на Зејнеп кој починал.
Не е точно дека не ги помагале. Напротив за добри пари ја "продале" Зејнеп. Сепак пијаницава се поебал. Сакине на крај јас ја исплакав кога ја раскажа својата приказна. Серијава е буквално роман за местото на жената во Турција а и кај нас богами: 1. Приказна на Зејнеп 2. Приказна на Сакине 3. Приказна на Нериман 4. Приказна на Емине 5. Приказна на Султан 6. Приказна на Џемиле 7. Приказна на Мужган. 8. Приказна на Бенал. Кој очекува лесна љубовна приказна нека не ја гледа серијава. Ова не е љубовна приказна. Крајот на љубовта кон Мехди
Јас сакам @nena2010 ако знае , да ми предложи некоја серија лимонатка, со Ибро, да го ставам мозокот на пасење. Ионака си плачам бадијала со хормониве, да не плачам и за Зејнеп сега
Ибро не глуми во лимонатки. Сори. А јас богами убаво се изнаплакав додека ја гледав серијата. Сега други 3 гледам тешки базирани на книгите од истата авторка/психијатар. Ауу тие какви се тешки.
Ништо, ќе го оставам Ибро за подобри времиња. Ептен се заразувам со серииве,кога ќе загледам. Од памет не ми излегува додека не ја изгледам цела. Црно бела љубов ја изгледав за 1 недела.. Чекав ќере да заспие па да гледам. Ко зомби бев тој период. Ама дефинитивно не сакам серии со тажен крај.. ептен се соживувам
Оваа нема тажен крај. Ама целата приказна е тажна. Мене ми е лично една од подобрите серии од поновиве. Ама зашто бре ги синхронизираат..
И се едно исти гласови. Еден глас понекогаш има две улоги.. Па ако не гледаш додека слушаш, не знаеш кој зборува.. Катастрофа.
Фала богу што има добри луѓе па ги преведуваат и ги ставаат онлајн.. Бар да не слушам офкања како порно да е ако не знам што иде на тв.
Да ,јас оваа на интернет ја најдов. Ама па и ептен ги кратат овде епизодоте. Една турска, три наши се. Памтам, не знам дали си го гледала Плачот на виолината, пред неколку години ја даваа на сител. Преубава серија. И само таа беше со превод, без синхронозација.
Кои ги гледаш Нена? Мене ми одтанаа Sadakatsiz и Yargi да ги гледам и две лимонатки. Сакам добри содржински серии.
Camdaki kiz, Masumlar apartmani i sega kje ja pocnam Evlilik hakkinda her şey.. Третава не е од неа, ама добра серија е.
Многу ми е депресивна серијава. И главната глумица ми е доста антипатична. Ја гледам за Мехди само ама не ми држи внимание приказната.