Spoiler цело време Мехди ќе вика дека единствено само за Зејнеп ќе умре, и на крај и така ќе умре, ќе застане пред неа кога ќе пукаат во неа, неа ќе ја спаси а тој ќе умре на рацете на зејнеп
Многу поубава ќе беше серијата ако не го уништеја ликот на Мехди правејќи го болно љубоморен, но далеку од тоа дека е психопатски. Досега имаа баш убава приказна.
Претепа човек, беше насилен, дома сѐ искрши, и пререче на Зејнеп да внимавала како се облекува, беше љубоморен на нејзиниот шеф, ја заклучи вратата за да не оди на работа и слично. И секако Зејнеп го остави, па сега ја моли да му прости.
Нема да ја гледам веќе, ми се допаѓаа како ликови досега. Настрана од серијата, секој човек греши и не секогаш има најсоодветни реакции во дадена ситуација. Досега ликот на Мехди беше доволно јасно прикажан како добар, емпатичен и трпелив за преку ноќ да биде негативец. Многу изгубила на рејтинг серијата баш поради тоа, може да видете и преку коментарите по интернет колку е негативизмот всушност насочен кон Зејнеп.
Кај ги читате овие коментари? Зошто да губи на рејтинг, кога серијата имаше друга приказна, а не љубовна.
Сакине толку проста и заостаната жена…Сака ќерка и да остане во брак со таков човек…Каква гнаса од жена и манипулатор…Иако не ја родила Нермин и е милион пати подобра мајка.
Сакине не мрднала подалеку од маалото и не видела друг маж освен нејзиниот пијаница така да според неа Мехди е маж од соништата.
Не барајте љубов или логика во серијава,сосем друга тематика разработува и носи тежина. Фокусот е на женските ликови,секоја греши и е иритантна на моменти,но не се свесни за тоа,однесувањето им е последица на околината во која растеле/живеат. Буквално секоја од нив,во даден момент била жртва психичко или физичко насилство.
Сакине е главниот виновник за животот што го живее Зејнеп и работите што мора да ги поминува.Вчера и кажа во епизодата,премногу си разголена кога отиде да се најде со Бариш...