1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мојот и вкусот на мама

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 26 мај 2012.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    На нас девојчињата отсекогаш мајките ни се најголеми критичари за модата.
    Но дали се позитивни или негативни тие критики?
    Oва е сигурно често дебатирано по дома, можеби не дебата во буквална смисла, него најчесто карање по дома :lol:
    Колку вие и вашата мајка имате ист или пак различен вкус за облека, за акцесорис, за штикли, за трошење пари итн.
    Дали сте едни од оние ретки среќници кои со мајката си имаат ист вкус па вашиот заеднички шопинг е како песна, секогаш се согласувате за облеката, кога е во прашање свечен настан секогаш се подржувате и исто размислувате и вашиот вкус е речиси ист.
    Или сепак тука избиваат караници :)
    Вие сакате едно да носите, она тврди дека друго поубаво ви стои.
    Вие сакате едни чевли, она вели дека џабе ќе ги купите неудобни се.
    Вие сакате еден фустан, таа вели дека ужасно ви стои, добро секако тука продавачката вас ќе ве подржи :D
    Вие сакате за матура собрана коса, таа вели дека така сте понеубава, да ја извиткате.
    Ви купува облека која многу често не е по ваш вкус.
    И најчесто кој победува? Вашето или нејзиното мислење? Дали ја слушате или не?
    А колку се испоставило на крај дека сепак вашата мајка е во право кога сте имале спротивставени мислења? Дали на крај навистина штиклите сте ги носеле само еднаш? Дали навистина фустанот е многу неудобен? Дали навистина јакна требаше да си земете а не да смрзнете итн :)
    Или сепак терате она што вие сте го смислиле, сеедно што мама мисли, вие сепак го носите тоа, не таа.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.076
    Супер тема :)
    Морам да кажам дека најубавите комбинации и најдобрите парчиња гардероба што ги поседувам,се благодарение на мама :) Веднаш кога ќе види едно парче ,пример сукња со брзина на светлината наоѓа и соодветно на неа.Така да кога одам на шопинг со неа ми е мерак.Вкусот горе долу ни е ист,и двете го делиме она дека -Убавината е во едноставноста .
    Единствено имаме разидување во однос на косата,таа не ме сака со пуштена коса,вели дека најубава ми е кога ми е соберена во коњско опавче,и има замерка за бојата на косата-темно кафеава ми е,вели дека не ми личи, ми личела посветла :emo:
     
    На QueenElena и Struma55 им се допаѓа ова.
  3. Blabla16

    Blabla16 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Јас и мајка ми имаме различен вкус, на неа и се допаѓаат едни работи, на мене други. Ретко се случува и на двете иста работа да ни се допаѓа. Кога ќе купам нешто, на почетокот може да ми каже дека не и се допаѓа, меѓутоа го почитува мојот избор, па после некое време ми вели - убаво ти е, убаво ти стои, добро што си го зема :)
    Многу пати и не сум ја послушала па на крајот се испостави дека е во право. Меѓутоа секогаш го купувам тоа на мене што ми се допаѓа, а не на неа, затоа што сепак јас тоа ќе го носам ;)
     
    На Jowe му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Јас и мама во минатото сме имале скоро идентичен вкус. Јас и мама од сегашноста не се поднесуваме во стилска смисла.Да нема забуни, истата мама е, само различен период. :D

    Неа и остана навиката од порано, купувај ретко, но квалитетно. Јас сум како прдеж у гаќи, не сум мирна ако не купам нешто барем еднаш неделно. Освен тоа, она има некоја замисла за тоа како јас треба да изгледам што воопшто не се поклопува со мојата, па неретко намуртени излегуваме од продавница. Некад знаеме онака убаво да се поткараме, па јас да и преречам дека има целулит, а она мене дека јас сум подебела од неа. Женски караници бе. :D

    Затоа барем добро е што ги има зачувано парчињата што ги носела ко млада, па јас сега можам да бидам сексеј винтиџ цурица со примеси на ретро рокче, и мааалку елеганција у стил. Фала мамо! :$
     
    На Valerin, La.Reina.Del.Sur, Ognenija и 3 други им се допаѓа ова.
  5. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    47.812
    Пол:
    Женски
    Јас сум среќничка кога станува збор за односот со мајка ми во врска со целокупниот стил на живот.Одсекогаш сме се разбирале за се ,па и за модата.Кога бев помлада и немажена,никогаш не сум добила некоја критика од мајка ми која не била на место.Мајка ми ми е најдобриот пријател за се.
    Кога требаше да купуваме за матура фустан,си отидовме,се фативме за истиот и го купивме.Многу работи и заедно сме си ги носеле.И сега кога сме постари и не живееме заедно,пак ја прашувам и само нејзина критика прифаќам.
    Мајка ми е жена со голем стил и љубовта кон убавото и модата ми се наследени од неа.
    Колку само парчиња имам од неа,кои со задоволство ги носам.
    И кога и порачувам нешто да ми купи,и велам нека биде по твој вкус,зашто знам дека нема утка.
    Делиме иста страст за некои работи.И кога сум надвор и терам шопинг,и‘ праќам слики од нештото,затоа што знам искрено ќе се израдува како и јас.
    Единствено околу кое не се сложувала со мене,беше тоа што кога бев девојче давав облека по другарки и се лутеше,и сега знам дека со право.
    И јас сакам така да си се сложувам со ќерка ми,иако е сеуште мала,понекогаш слуша,а понекогаш бара да облече нешто од што мене ми се крева косата.Фустани на дожд или снег или кога коста е во прашање.Но воглавно е О.К.
    И ми вели за се нешто,мамо кога ќе пораснам ова за мене да го чуваш.Па така јас си инвестирам во некои работи,не за друго ,за ќерка ми да го носи :lol: .
     
  6. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    1.083
    Пол:
    Женски
    Имаме ист вкус и секогаш кога се двоумам за нешто барам совет од неа, знам дека од неа е искрено и плус е по мој вкус :) Мило ми е што можам и да си менувам облека со неа (чевли и блузи, нормално и модни додатоци).. си ја обожавам бе па :)
     
  7. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.516
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
    Јас и мајка ми имаме различен вкус. Кога одам со неа на шопинг и кога ке фати нешто да ми покаже значи-крај. ретко кога се согласуваме за некое парче дека е убаво. Мојот стил е повеке елегантен а нејзиниот поспортски како да кажам џиџи миџи. :lol:
     
  8. Champs.Elysees

    Champs.Elysees Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2012
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    117
    За моја и нејзина среќа ние имаме идентичен вкус кога е во прашање модата, изборот на облеката,обуквите ,накитот ...
    Секад идам со неа на шопинг ,затоа што она ми е најискрен критичар кога купувам некое парче .Реално ќе ми каже дали ми стои или не.Затоа од нејзе ги примам најискрените критики и пофалби. За разлика ако идам со другарки на шопинг , и да не ми тоа тоа парче од една и единствена причина за побрзо да го напуштиме бутикот ќе ми рече дека ми стои , зимај го .
    Затоа претпочитам да идам со неа на шопинг, ем искрено ќе ми даде совет ем ќе си заштедам пари, пошо мама ќе части.

    Мамааааааааааааа, лааав јуу :l:
     
  9. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Одлично функционираме на ова поле.
    Често знам да ја посоветувам ова не иде со тоа,или облечи го ова место тоа, заедно купуваме и понекогаш кога ќе купи нешто убаво и го крадам :D
    Никогаш не ми рекла ништо за тоа како се облекувам,често знае да ме советува и она,со ова фустанче земи го тоа сако,ајде види со овие штикли итн итн
    И кога ми купува некое парче секогаш ми го погодува,пред еден месец ми купила преубав фустан.
    За вкусовите немаме проблеми
    Модерна ми е мамче
     
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Бог и шеширџија.
    :D
    Тоа се нашите вкусови, само не знам кој е бог, а кој шеширџија. :)

    Обожавам шминка, додека мајка ми го користи само најнеопходното - пудра и кармин.
    Кармините и' се некои исклучително досадни бапски нијанси со години - трула вишња и некое крем-кафеаво-златесто чудо, просто одвратно по мој вкус.
    И не ги менува луѓе.
    Не слуша никаква сугестија, смета дека и' стојат и точка.
    Веројатно како што јас не ја слушам за карминот во месо боја, кога ми вика дека е премногу блед и изгледам како да немам уста.

    Не експериментира воопшто со фризури и бои, истата нијанса ја има од нејзината 20та година, додека јас веројатно остана само уште зелена да се исфарбам.

    Јас сакам невообичаени додатоци, сакам китење со вкус, сакам светки до фина граница на некич, мајка ми ништо од тоа.

    За чудо ме познава дорбо и знае да ми одбере и купи нешто, без претходно да се советуваме.
    А има моменти кога шетаме низ продавници, ќе ми покаже нешто и јас само... :^) мамо ма. |(

    Последниве години многу од парчињата кои ги купува за себе ме бендисале и ми ги позајмува.
    Најчесто туники, другото не ми одговара по бројче.

    Сепак, немаме ист вкус.
    Јас сум поотворена за пробување нови нешта, мајка ми е поконзервативна, и стриктно се држи до тоа дека најголем злостор е да облечеш чевли и чанта во различна боја.

    Си кажуваме мислења ако сметаме дека нешто не чини кај некоја, ама на крајот - секој си продолжува по свое.
     
    На lackygirl, Ognenija и rossonerka им се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Мајка ми е хипстер со децении и е једини хипстер кој го поштувам. Стиловите ни се дијаметрално спротивни,следствено на тоа,не ни дискутираме на вакви теми,освен,мамо морам да си купам нешто,ова и ова ми фали и таа да се согласи со истото. Толку.
    Сега е ин со модата ептен. Да сакам да се скрасам со нешто од кај неа,ехе,има избор,ама не сум тоа јас.
     
  12. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Ај погодите зошто она мене Монси ме вика? :wasntme: :rofl:
    Не најозбилно. Порано се носела така лежено и затоа и земав 2 тексас кошули.
    И тоа е тоа.
    А сега?
    Ќе и речиш "Мамо не оди тоа така одамна не се носи."
    "Добро Монси мајкин,уживај."
    A најозбилно набрани кошули не се носат. :|

    Конклужн: Небо и земја сме. Ама нека си носи што сака не ја тепам јас.
     
    На Butterfly77 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Butterfly77

    Butterfly77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    77
    Различни вкусови,дефинитивно :D
    Јас сум поспортски тип,сакам да носам патики,тренерки.
    А она е друго.Сака работи кои јас ги мразам :D
     
    На Hkikica му/ѝ се допаѓа ова.
  14. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    Сосема различен вкуст имаме. Таа сака нешто поедноставно и во некои затворени бои додека јас сакам отворени бои. Јас велам ова таа вели она.
     
  15. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.244
    Допаѓања:
    43.147
    Копи пејст сме. Значи, од неа имам наследено желба за накит, многу бои, мешање дезени, ацесорис...

    Од неа имам наследено неколку пара чевли, чизми, брдо менѓуши и таков кулерски накит. Да не зборувам за маици, фустани, такви ретро парчиња што сега да ги купиш, чинат мало богатство!

    И сега кога ја гледам, за жена од педесетина и кусур, носи многу весела, драматична, полна живи бои облека. Експериментира со фризура, со чевли. Таков и е духот. Далеку од тоа дека излегува од норма, сепак е педагог, и си тера некој свој филм средовечен :lol:

    Многу се радувам што сме и слична градба, т.е јас сум малку повисока, па ме бере се’ што чувала. Си го носам гордо!
     
    На QueenElena, lackygirl, La.Reina.Del.Sur и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. bumbuleya

    bumbuleya Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    105
    Многу различен.
    Мајка ми сака кратко и тесно, јас пошироко, пооштено..
    Доста расправии има, ама на крај ме пушта, па шта че.
    Ни ја не можам да се замислам во нејзина комбинација ни таа во моја..
    Често се случува да носиме исто нешто, но во смисол истото парче да го комбинираме на различен начин. Секоја по својот стил :)
     
  17. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Со мајка ми сме сосема различни кога доаѓа збор за вкусови. Не само за облека, за сешто.

    Таа сака што е можно пошарено, јас сакам потемни бои, монотоно да ми биде. За тоа има најголеми расправии по дома. Порано, до пред 3-4 години имавме сличен вкус за облека, но од тогаш променив многу работи така што сега не се согласуваме.

    Она сака да носи сукњи, накит (што пошарен тоа подобро), сака да се шминка и дотерува, не и е страв да менува фризури и слично, ама има периоди кога ја мрзи да се дотерува, би сакала само во тренерки и џемпер да го помине денот. Е, а јас, не сум многу по дотерување, тинтрање со шминка, накит, ова она.. сакам поедноставно, што е можно помалку бои. Како што реков порано повеќе се дотерував, сакав штикли да носам, да се шминкам, да носам повеќе бои на себе, сега ништо од тоа.

    И често има караници и превртување на очи сред продавница кога треба да си купиме нешто ново.
     
  18. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Ја и мама.....50/50, во ситници се погодуваме.
    Но во поголем сегмент не. И многу ме нервира кога си мисли дека она има подобар вкус. За вкус едноставно не се коментира, ама мора она да си каже...
     
  19. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Eдна од причините зошто веќе не одиме заедно по продавници.
    И мислам дека по толку години не ми го научи вкусот за облека, па забрането и е да ми купи и 3 за 100 чорапи. Едноставно џабе фрла пари, никогаш не ми погодила нешто и си стои така.

    За мајка ми комбинација со повеќе од 2 бои е премногу шарено, а повисока штикла од 5 см не доаѓа во предвид. Кога ќе ставам лак во било која друга боја освен бел или крем ме гледа како од марс да сум паднала. Обожава карнери и ѕвонасти ракави, а мене просто ми се темни од такви работи.

    Вечно ми ја критикува косата, долга ми била, не ми стоела пеглана, требало да имам шишки :^) Не се фарбала никогаш, таков ни е генот фамилијарен не ни побелува косата до 70 години. И тоа и е повеќе од доволна причина да не први такви „радикални“ промени. Ни јас не сум фарбана сеуште, ама од причина што засега ми е гњаважа и обврска што може да почека уште некоја година.

    Килажата исто ми била проблем :D Ме обожава кога сум манекенски слаба. Еднаш за беља ослабев многу, дури коските ми се познаваа. Едвај чекав да качам некое кило да заличам на човек, еее сеа сум била здебелена :D

    Единствено се согласуваме за животински принтови, крзна и претерано светлуцави работи. Такво нешто не се наоѓа кај нас во плакар.

    Ама во последно време гледам некако си легнува на брашното, дури ми позајмува некогаш од накитот и марамите. Ај можеби има надеж : )))
     
  20. Stefaani

    Stefaani Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    285
    не верувам дека има некој толку различни како ние
    јас секогаш носам фармерки, обично маиче и џемперче или мантилче зависи и секогаш во темни бои + патики на нозе + марама на сето тоа мајка ми го имаш ова :^) и одма почнува: гледаш сестра ти како се облекува бла бла демек јас ко неа треба да бидам |( ништо не ми купува мама оти ништо не бендисувам само ми купи едни пупина и ми ги погоди ми се бендисаа онака неутрални се :D друго ништо ми нема погодено па ни купено во последно време :D