1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мојот и вкусот на мама

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 26 мај 2012.

  1. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.096
    Пол:
    Женски
    До пред некое време вкусовите ни се разликуваа ептен многу! Мајка ми сака нешто поедноставно, нешто со кое ќе можеш да направиш многу комбинации и секогаш да изгледаш различно. Како лав во хороскоп, таа сака екстраваганција, отменост, но не и некои балски фустани, сатен. :lol: За нејзините скоро 43 години е доста модерна, дури повеќе и од мене. :$
    А јас, јас сакам нешто што во моментот е ептен модерно и воопшто не размислувам кога купувам дека тоа парче облека треба добро да се искористи и со него да експериментирам во скоро сите можни комбинации, доволно ми е само една комбинација да замислам, како можам да го носам нештото и одма го купувам.
    Е сега се сменија работите, пошто увидов дека многу парчиња облека што мајка ми ги купила пред 2-3 години дури и сега се модерни и може да ги носи, па почнав и јас да ја применувам нејзината “тактика“ и никогаш не купувам нешто што е само сега модерно и толку. (Добро сега, освен нешто што ептен ќе ми се бендиса, како последно една маичка што ја купив на пример, со џенцка :lol:мајка ми несака такви шаренила-како што ги нарекува таа! :rofl: :rofl: )
    Мајка ми ја сака кафеавата боја, крем, окер, маслиново, тегет, а јас повеќе ги сакам пастелните бои.
    Како и да е имаме речиси сличен вкус и многу ми одговара тоа што некои нејзини парчиња облека и јас можам да си ги носам, како на пример, џемперчиња, кошулки, штикли, накит со маркизет-кој мајка ми го обожава! :) Фармерки, пантолони, сукњи носиме различен број, но им имам фрлено око на неколку сукњи да си ги стеснам и да си ги носам! :rofl:
    Нема да се лути мама, кога нема да може да си влезе во сукњата, се надевам! :rofl:
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    И се допаѓа мојот вкус а чак што више и таа знае да се консултира со мене кога таа нешто сака да купи или сошие.
    Али јас не се сеќавам кога заедно сме излегле на шопинг од една проста причина - таа додека не ги обрне сите дуќани уздуж и попреко, па отспие една ноќ и тогаш паѓа некој избор и оди да го купи. Е јас неможам да се шетам по цел ден за еден пар панталони. Одприлика знам кои дуќани се по мој вкус, влегувам во 2-3 и купувам а не во секое мишјо дупче, тоа ме нервира.
    Единствено не се согласуваме околу висината на штиклата. Јас си сакам висока штикла и точкаааа а таа секогаш пререкнува за пониска. Значи моделот не го коментира али висината на штиклата секогаш. И често знае да ми купи некои балетанки и да ми ги даде со надеж дека ќе ги носам постојано :)
    Многу и се шета и и` се лепи нос по излози :)
    Неможам ништо да искористам од неа затоа што сум многу повисока од неа али затоа пак накит ДА. Најдраг ми е ѓерданот и обетките од охридски бисер. Таа ужива во тоа и во злато (злато не е по мој вкус баш али ајде бело злато може да пројде)
     
  3. Nastjaaa4

    Nastjaaa4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    81
    ооо...јас и мајка ми кога станува збор за облеката моја ништо ама ишто не ми бендисува!!! додека сите ќе ми бендисаат што сум си купила и свесна сум дека преубаво ми стои...мајка ми само мани ми наоѓа ама не се поткрепувам на тоа мислење ете не знам сошто...мада жената кога била девојка страшно се облекувала....носела гардероба што никој ја нема си одела на шопинг во италија....имала брендирана гардероба....ама ете денешните вкусови не ни се совпаѓаат :)
     
  4. sm1zla

    sm1zla Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Мојот и вкусот на мама е многу различен.. :D Таа сака мода ама не се разбира баш од модерно.. |( Повеке ми личе на Лана дел Реј..Има таков вкус ии за ништо не го мене.. :?: Ама по некогаш кога ке се облече личе како да излезела од црно-бела филм.. :^) И затоа најмногу и замерувам..Ама на 42 години изгледа баш модено.. :wasntme: А мојот вкус е како и секоја "бунтовна" тинејџерка.. :emo: А мајка ми е толку ..Веке нз шо е ама секогаш ме критикува за мојот стил ии секогаш ми вика за искинатите фармерки шо ги носам.. |( Ама ај..Но секога мојата мајка е најубава на светот и се убаво и стои макар и да изгледа како да дошла од 80-те.. :D
     
    На sleepingbeauty му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Да ја цитирам кога ќе ме види и и се допаднам како сум облечена, „конечно имаш вкус ко мојот“ :lol:

    Порано, кога бев дете (нормално) па и во пубертет, ептен ми се мешаше во облекувањето. Ако облечев или посакав да ми купи нешто што не е по нејзин вкус, многу се нервираше, а јас во пубертет нали, и секој ден имавме жустра кавга околу моето облекување.
    Ко дете, сите ме знаеја ко најубаво облеченото девојче во маало :wasntme: Не е дека се фалам себеси, ја фалам неа. Мајка ми шиеше и плетеше (а која мајка не го правела тоа?!) со тоа што самата дизајнираше облека. Секогаш не чекор, туку десет чекора пред да стане нешто „модерно“. И ептен ми е добро познато она нејзиното „ете, гледаш, пак ја надитрив модата“. Ми велеше, дека научила да шие сама многу рано, затоа што во продавниците немало порано толкав избор, а таа морала и сакала да ги реализира нејзините фикс идеи, и да биде едноставно облечена по свое, а не да биде една од толпата.
    Уметник, шта чеш. Отсекогаш сум тврдела дека они се ко од друга планета. И затоа отсекогаш она ни беше главниот дизајнер по дома, и мене а богами и тато знаеше да не скоцка, као да смо из Лондона :lol:

    Таа прва ми стави зелена старка на нога бре и широка ленена сукња, и само таа знаеше да ми стави опинци на нозете а да изгледа тоа оригинално :D

    Сега, имаме многу сличен вкус за облекување. Опуштена или спортска елеганција. Земјените тонови, се наши! ]:)

    Најмногу ја почитувам зошто таа е мојот најдобар и најискрен критичар. Никогаш не ме фалела, кога не требало, и знам дека кога и да ми каже некоја критика за што и да е, вклучувајќи ја модата, ќе биде најискрена на цел свет.
    Веќе не ми се меша, знае да даде добар совет, често пати си велам - а?! Од кај сега ова, и за 2 - 3 години кога истото го гледам во некоја колекција само се смеам и си велам, ахам, е јбг, мајка ми повторно.

    Јас само ја фалам кога ќе ја видам како е облечена. И го обожавам стилот. Фраерка е до срж а сепак во склад со годините и секако со телото. Не експериментира многу, не се облекува шашаво, но толку е едноставно облечена што е за мене искрено а и реално е најубаво облечената жена која ја познавам.
    Не кичерај. Не - леле како да изгледам помладо за 30 години. Не црвени кармини, ниту долги нокти.
    Туку баш природна, спортска елеганција и секогаш со некое парче оригинално на себе, дали домашно изработен накит од природни материјали како дрво (ете од кај ми е љубовта кон дрвениот накит), или некое парче сошиено по нејзина идеја.

    Ако еден ден бидам иста таква, ќе бидам пресреќна. А тие кои не познаваат и двете, постојано ми велат дека сум нејзина копија.
    А јас си велам, дај Боже да е така. Се разбира, не само во модата.
     
    На QueenElena, senza.parole, i-v-a-n-4-e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. snake

    snake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    124
    Немаме баш ист вкус,и знаеме баш онака жестоко да се раскараме кога идеме на шопинг,неколку пати ми се има случено да купам нешто што на неа и се свиѓа и да не го облечам,но сепак ми е најдобар критичар и знам дека кога она ќе ми каже дека нешто убаво ми стои значи стварно убаво ми стои зошто е малце манџика за тие работи и на се нешто знае да му најде мана
     
  7. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Бода и оган. :D
    Само не знам кој е водата а кој е оганот.
    Мама сака по нежни парфеми а јас појаки.
    Она се шминка нежно а јас јако.
    она сака повеке фустани,сукни а јас панталони и многу други разлики.
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.005
    Пол:
    Женски
    Дијаметрално спротивен! Можеби затоа што сме разлика 30 и кусур години. Поточно, јас сум таа што е многу терсене кога е во прашање облеката. Јас бирам удобни парчиња кои добро ќе ми стојат, ама тешко наоѓам нешто што навистина ми се допаѓа, ретки се такви парчиња во мојот плакар, а сè друго ми е таму само за да не шетам гола :lol:
    Не следам слепо мода, ниту пак мајка ми. Нејзината облека и' приличи на годините и стасот, ама не секогаш мене ми се допаѓа. Има добри парчиња од времето кога била млада, ама ништо не ми прилега затоа што таа имала 40кг на моја возраст. Е ај сеа... :?:
    Кога одев да купувам облека, најчесто ја бирав неа за друштво - знаев дека никогаш нема да ме излаже како ми стои нешто, бидејќи таа е искрена со мене како ретко кој друг. Иако вкусот не ни се поклопува, се случило и самата да ми купи доста парчиња облека кои ги носам и ден денес, а после толку време научи што ми се допаѓа, а што не. Сега веќе не ми купува, ама ми недостига да ми каже дали нешто ми стои добро или не. Кај неа не важи она „лепота на мајка, тебе сè ти стои“ :) Ама, јас научив себеси да се гледам со нејзини очи, односно пообјективно кога купувам облека, па ми е полесно, за разлика од порано.

    ЕДИТ: Заборавив да напоменам: како мала многу ја слушав што треба, а што не треба да носам... после почнав да си терам по свое, па дури и војни водевме. Ама нема да си простам што ме наговори да го носам она што го носев за полуматура... тоа беше ужасна комбинација... и сите слики ги уништив... а оние што уште ги имаат тие слики на кои сум и јас - па, од срце се надевам дека ги загубиле неповратно :wasntme:
     
  9. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Имаме тотално различен вкус и многу се нервирам кога ќе ми купи нешто. Сто пати сум и кажала дека не ми се свиѓаат нејзините избори и дека се џабе фрлени парите, не се разбира. Јас знам дека и е мерак, ама поубаво да ме викне да си изберам нешто отколку вака да ми стојат дома забутани.
     
  10. kosmodiks

    kosmodiks Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    Ау.
    Поголема разлика во вкусовите , и да бараш неможеш да најдеш :|
    Таа сака повеќе дотерување, а мене не ми е толку многу битно што ќе облечам.
    И секогаш барам совет од некоја трета личност, за да видам кого да послушам, така никако :D
     
  11. Alegriaa

    Alegriaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    260
    Пол:
    Женски
    До пред една година беше урнебес. Мамо види колку е убаво. Кое тоа?? нема шанси како циганка си во него. :^) Бидејќи сум многу емотивна, веднаш оставам и не купувам ништо тој ден. Во МАрт сега бевме во Теранова. И јас се радувам ќе идам во Теранова ќе си купам што сакам ,бла бла. И одеднаш мајка ми кога рече:
    - сЛУШАЈ, НЕСАКАМ ДА ТЕ ВИДАМ ДА КУПУВАШ НЕШТО ВО МАШКИ БОИ.
    Можеш само розово, портокалово, виолетово,црвено такви бои..
    :^) :^) :o
    Значи пукнав. Но татко ми ме спаси. На крај завршив во сиво, бело и нешто розово. 8)

    А сега колку толку попушта, ама нема шанси да купам нешто што таа сака. Таа сака да ме облече како дете од 5 годинки. НЕ!!

    Јас повеќе се согласувам со татко ми. Тој ќе каже ми се допаќа/не ми се допаѓа. Не ти стои/ти стои. Купи/немој. Толку. А не мајка ми Баш се задоволам со нешто таа кога ќе каже

    -Добро, добро иако не ти убаво стои... Штоо сакаш прави. И готово јас бегам веќе ништо не ми е интересно. |(
     
  12. Fashion.n.a.d.e.44

    Fashion.n.a.d.e.44 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    31
    ист е и мојот случај :D
     
  13. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Со мајка ми немам проблем кога е вкусот во прашање, скоро идентичен.Плус носиме еден број разлика, така што постојано ја менуваме облеката. За тоа сме манијаци и двете. Единствено што не штима, е што таа сака чипкано, а јас баш и не сум некој љубител.
    Кога одиме двете во шопинг нема трте-мрте на мене ми се свиѓа, а нејзе не, и обратно.
    Е додека купиме имаме проблемче. Таа што ќе види мора одма да се купи, а јас ги вртам сите продавници, па ќе се вратам да купиме што највеќе ми се свиѓа. Најчесто е по мое, да не се закубеме во сред Трговски. :lol:
    Не штедиме кога е изгледот во прашање, ама и не купуваме се што ќе видиме. Кога нешто ни се допаѓа прво има дискусија со што ќе го комбинираме, дали да дадеме толку пари за тоа, па после може да се купи. :!:
    За фризури баш и не се замараме многу. Нејзе може да и текне во 1 месец 3 пати да се префарба, а јас да не ја забележам. Како сме расположени така ни е средена косата.
    Мислев дека е баш вообичаено да се има толку приближен вкус со мајката :?: , но по мислењата погоре видов дека сум една од ретките среќни девојки :wasntme: :angel:
     
  14. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    со мајка кога ќе тргнеме у шопинг тешко да погодиме нешто што и двете го сакаме едноставно имаме различни вкусови :)
     
  15. leilla

    leilla Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    146
    Скроз различен.
    Јас сакам поопуштено. Шалвари, долги кошули, широки..
    А таа сака потеско, постегнато. Подотерано некако, незнам како да се изјаснам.
    Јас сакам многу бои на мене, мајка ми исклучиво црно. |( Идме да купеме нешто и таа бап, право на црното.
    Денес кој кавги ги имаше пред излегувањее :tmi: Заради шалварите де! Грди и биле ова и било, она и било.
    Некогаш се случува и да носиме исто парче облека, но во скроз различна комбинација. Секоја по својот вкус :)
     
  16. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Хах до пред неколку години бевме ужас, два различни света кога стануваше збор за мојот и за вкусот на мајка ми. Но веќе неколку години по ред, па не памтам кога последен пат сме се скарале кога станува збор за контрадикторост со вкусот за облеката. И да, сега и верувам кога ми казува дека нешто не ми стои. Го соблекувам фино, лепо и го враќам.
     
  17. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    1.822
    Тоа е релативно кај нас. Понекогаш воопшто не се совпаѓаме во вкусови, а понекогаш знае да ископа некое парче облека кое не би го заприметила јас, и да ми стане едно од омилените :lol:
    Повеќе се совпаѓаме со вкусот за облека, а се разидуваме со вкусевите за чевли.
     
  18. milinna

    milinna Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    27
    Ние две имаме различен вкус за животот! :@ Онака,во крајност! Ако јас мислам дека чашата треба да стои овде,таа мисли дека треба два сантими потака :lol: Најмногу ми замерува за висината на штиклите и за тоа што не сум некој фан на широчки работи. Шо да прам,не сум! Но да бидам искрена, кога мајка ми ме облекуваше како помала, постојано добивав комплименти...Дали тогаш имаше поуникатни парчиња во смисла,денес ќе излезе некој тренд и одма сите го имаме,ко униформирани ( и да сакаш нема кај да купиш поинакво) или просто жената си има талент за дотервање.... :?: Иако не сум и признала, секогаш најубаво ми е облечена. Кога ќе се врати од негде а јас не сум ја видела цел ден и она, запрепастена останвам,си викам вииддии ја ти неааа знаела да се дотера.... :rofl: И многу ги чува работите. Имаше едни прекрасни кожни црвени ракавици, двајсе години ги чувала јас еднаш ги кладов и ги загинав :drunk: Ништо не чувам.
     
  19. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    Јас и мајка ми прекрасен однос, но имаме мнооогу различен вкус за облека.
    Почнувајќи од аксесоари па се до сукњи и чевли.
    Јас ги обожавам сите нијанси на сина боја, а мајка ми сина боја мрази. :D Ете, тука е првата пречка.
    Потоа, кога станува збор за експериментирање нов стил или внесување нови интересни парчиња во гардеробата, мајка ми секогаш се буни - како да не смеам да експериментирам. |(
    Како и да е, сум пронашла некои ептен убави парчиња од пред 20ина години кои таа ги носела и сега одлично можам да ги искористам и да ги вклопам во мојот стил - што укажува на тоа дека не сме биле баш различни.
    Исто, кога станува збор за шминка таа сака некои темни нијанси на кармини, на кафеаво-златно или лилаво-бордо, а мене тие воопшто не ми се допаѓаат. Јас си сакам нежничко. :)

    Во последно купуваше некои убави летни кошули, од тие долгите и широките, и фустанчиња и туники кои ми се точни, па тука се согласивме.

    Инаку, секогаш има замерки за мојот стил, ама баш секогаш - нешто мора да не чини. :lol:
     
  20. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.992
    Пол:
    Женски
    Апсолутно ист.
    Дури и се чудам кога ми купува нешто како знае да ми погоди. :$