1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мојот и вкусот на мама

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 26 мај 2012.

  1. 2036

    2036 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    75
    Немаме ист вкус. Таа сака да носи сукњи, фустани, а јас 2-3 пати во годината облекувам фустан. Сукња последен пат облеков пред 3-4 години. Јас обожавам накит, а мајка ми понекогаш става обетки, ама само обетки :!: . Секогаш кога ќе ме виде со накит ми вели сум била накитена како оние од Бандини :D

    Веќе ме научи и ретко ми се спротиставува, ја слушам само кога ми вели дека не ми стои. Понекогаш знае и да ми донесе нешто без претходно да го видам и да ми се допадне :)
     
  2. lattie

    lattie Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Јас и мајка ми имаме исти вкус,секогаш се фаќаме за истите работи имаме многу заеднички парчиња облека
     
  3. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.213
    Пол:
    Женски
    Па немаме ист вкус. Нејзе обично и’ се допаѓа тоа што сум го купила и секогаш ми вели дека убаво ми стои, а мене ретко ми се допаѓа нешто што таа ќе купи :lol: Но добро, сепак тука се и годините, нормално дека мајка ми си купува работи што и’ одговараат на возраста. Имаме некои парчиња што и двете ги носиме (а јас сум ги одбрала :lol: ), но главно вкусот не ни се совпаѓа. Некогаш знае да ми купи нешто без да го видам и да ми се допадне, а и јас знам да и’ одберам совршено парче, нема утка, зошто знам што сака :)
     
  4. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Поретко се случува ние две да имаме ист вкус.Дури некогаш многу се нервирам кога ќе ми купи нешто што воопшто не ми се допаѓа или ќе ме убедува да купам спротивно од мојот вкус.До сега не сум и погодила нешто на неа,а она мене само понекогаш. :)
     
  5. lovelife

    lovelife Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.722
    страшно е колку сме различни...коа ја и покажувам нешто што ми се свиѓа единствено нешто што ме прашува е дали е ефтино... :rofl: затоа што нејзе ама ич не и праи мерак...
    а кога она нешто ќе ми покаже што и се свиѓа..е тогаш е..
    [​IMG] и следи прашањето...
    дали ја сум посвоена? :D
     
  6. kristina123456

    kristina123456 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    јас и мајка ми имаме сличен вкус
    обицно се согласуваме нопонекогас знаеме и да се скараме во бутик таа вели кипи го ова јас ке се фатам за друго и мора она да попушти :)
     
  7. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Невозможно е да имам ист стил со 50 годишна жена.
    Ама за вкус, морам да ја пофалам дека има беспрекрен.
    Порано сама си шиела, по бурда на машина, си теснела маици, преправала фустани, кратела суќни и често експeриментирала со старата облека :)
    Често не ни се поклопуваат мислењата за некои работи, ама едноставно неможам да речам дека во многу нејзини критики е во право. Последен пат се срчкавме пред некој 3 недели кога ги фрлавме капите ама дојде до добро спукување :D И како што вика Саја тука доаѓаат до неизбежните коментари дека сум била подебела од неа, а она има големи бутови, целулит, а јас цицки :rofl:
    Али го познава моето тело, т.е моите мани и предности, дури некогаш мислам дека повеќе од мене :)
    Знае секој вид на облека на какво тело припаѓа и нема дискусија-и за жал во 90 посто од случаите е во право. Она е покласичен стил, т.е поформален. Ама за сето тоа си е крива професијата 25 години работа во канцеларија со странки, состаноци си налага и такв дрес код.
    Па веројатно тоа е нештот што најмногу го сакам кај неа и што со текот на години се држам и учам од неа.
    Мајка ми има неверојатен сенс за облекување според дред код. Знае како соодветно да се облече за на работа, за во парк, шетање, пазарење, за накоја забава, свадба, роденден.
    Никогаш во моиве 21 години ја немам видено да отиде на работа во фармерки, или со несредена фризура или ненашминкана или во папучи. И сета ја фалат заради тоа.
    Како мала стално и викав мамо ти си само за во Париз :D
    Во тинејџерките луди денови немавме воопшто ист стил, но со текот на годините гледам дека попримам од неа, и вкусовите ни се поклопуваат.
    Никогаш не се облекува еднолично во една боја, и сака накит и често си носи.
    Неретко знам да и украдам некоај прекрасна кожула, или некоја суќна, ташна или ланче.
    И во последно време, скоро сите мои џемпери знае да си ги присвои и носи од време на време :)
    И старите мои патики и доаѓаат како ќец на десетка, со оглед на тоа дека не купува многу спортска облека, а за планинарање е неизбежно барем еден добар пар патики :)
     
    На QueenElena, drugarka и LilBaby им се допаѓа ова.
  8. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Во принцип доста различни сме за облекување, а особено порано, иако е млада мајка ми. Нонстоп се каравме кога одевме заедно во шопинг. Сега си менуваме парчиња (највеќе аксесорис), ама не одиме заедно во шопинг, ретко кога ако ептен се избаци прилика да неам со кој (дечко или другарка) па морам со неа, ама дури и така си цепам сама, поарно ми е. Она си купува со татко ми, или евентуално сама или со колешка. Дури и за бирање сме различни и само сме се карале коа сме купувале, абе општо цели карактери ни се спротивни 99%, сличноста е што двете сме модерни :lol: ама на различен начин.
     
  9. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Мајне мутер и јас веќе во последниве години се изедначивме во стилот. Добро, освен тоа што не можам да ја замислам да носи циклама маичка, всушност можам. Би облекла, и нејзе поубаво ќе и стои него мене. :devil:
    Навистина, има некои мои работи кои биле купени како за мене, арно ама она повеќе си ги носи, а и поубаво и стојат, пр. некои блузи во горниот дел кај градите и стојат поубаво оти она си има, а јас немам. И то тако.
    Мајчето и јас веќе си се разменуваме со облека, често знае да ми земе некоја марама, блејзер, џемпер за на работа, шминката ја купувам јас, ја користиме и двете. Креми, лосиони, римел, пудра, руменило никогаш не сме имале посебни препарати, све братски делиме. :D
    И јас секако знам да си носам нешто што е купено за нејзе, или нешто од нејзините млади години, имала супер вкус, посебна една јакна нејзина и ја обожавам, ама малце ми е широка околу струкот, и не тежнеам да ја пополнам. :!:
    Ко помала, имавме некои сукоби околу нешто што јас сакам да го купам или ми било `модерно`, а неа не, па ќе се закараме. И ко помала све што ќе видев сакав да ми купи, па оди по продавници да ти повиши тон, поцрвени од срам, и повлечи се во одаите султанке! :$
    Не дека и сега не сакам многу работи, ама си имам усул бе. Си се контролирам!

    Мај мами ис вери кул. :hug:
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  10. AnGel.fire

    AnGel.fire Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    222
    Тотално различни. Не викам дека некогаш знае да ми купи нешто што ке ми се допаѓа ама ретко се случува тоа. Секогаш или бојата или шарата (апликацијата) или бројчето не се во ред и ке мора да оди да му го смени зашто јас сум голем инает и кога ке речам *гајле ми е не го носам, видела- не видела мора да го смени. Проблематична сум си што да правам :lol: :angel:
    И си тераме некако, тоа е, мораме :P
    Во бутик знае постојано да ми се спротивставува.. ама ова ти е поубаво, али ова поубаво ке ти стои и ја сум ваква |( и вријам во мене, си викам жено сотави ме сама да си изберам, за мене е, јас ке го носам не ти! :devil:
     
  11. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    Усогласеноста со мојот и вкусот на мама е кога-како. :D
    Има моменти кога се што ќе видиме ни се допаѓа и имаме иста реакција и мислење за парчето, а има и кога навистина не можам да ја поднесам во поглед на предлозите кои ми ги дава, како да не ми ја знае реакцијата и стилот. :?:
    Таа е во својата четириесет и четврта година и се облекува во склад со нејзините години, а тоа се секојневно фармерки и некоја кошула или џемперче, некое елегантно фустанче или летна долга сукња комбинирана со нешто еднобојно. И нема грешка дека знае да се облече во согласност со пригодата. Има парчиња што многу ми се допаѓаа и знам да ги позајмам, но најголемиот проблем ми се нејзините чевли кои 80 проценти ги мразам. :devil:
    Во главно јас се облекувам како и секоја тинејџерка, со исклучоци кога сакам да облечам нешто што е шарено и знае да привлече внимание, :!: а знам дека на повеќето не им се допаѓа. Но никогаш немам на себе нешто кичесто, вулгарно, разголено или провокативно. Мојот стил можам да го опишам како лежерен,спортски а сепак тренди. Во најголем број случаи сум во фармерки со маички со принт, еднобојни или шарени џемперчиња, некои класични блејзери, многу кошули, шалвари или шорц. На нога стандардно патика или балетанка, и лежерни чизмички. За во град исклучиво салонка или класика чизма на штикла до глужд. Ретко (читај скоро никогаш) не носам фустанчиња бидејќи сум покрупна и не сакам-не ни пробувам по бутици и тука се најголемите сукоби.
    Таа предложува да пробам, јас превртувам очи и одбивам, следи инсистирање од нејзина страна и на крај кавга дека не сакам. И крај на дискусија, а понатаму продолжува индиректно да го предложува истото претходно видено.
    На шопинг одам сама или со неа, а преретко со другарка и секогаш избирам по свој вкус. Таа веќе ме научи дека знам и да одбијам нешто што ќе ми го купи без мое знаење, па затоа ми наговестува и предложува или ме праќа да го видам пред да ми го купи. Постоеле ситуации кога не прифаќам по ниедна цена тоа што ми го купува, па завршува дел од нејзиниот гардеробер доколку и одговара или го враќа назад па го менуваме откако јас ќе одберам :$ , ама и во најголем број случаи знае да ми погоди. Јас сум и кажала. Се што е шарено во граница на нормала, или еднобојно, нема циркони и разни тракатанци и знаеш дека нешто слично поседувам и ми се допаѓа-купувај :lol:
    Така да, може да се заклучи дека се согласувам пола-пола со вкусот на мама.
     
  12. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Па јас и моја мама имаме сличен вкус...Сега она несака кратки суќнички и кратки фустанчиња,ама кога купувам за носење она ми е главен критичар...Ова ти е кратко,ова е грдо,ова е убаво,ова е ептен ко за твоја возраст,ова не е ко за твоја возраст...Па затоа и сакам често да си купувам со нејзе... ;) Иако некогаш знаеме да не се согласиме она не сака некои облеки кои ко за нејзин вкус се кратки(шорцеви ,суќнички и маички со прерамки и топчиња)..А јас си сакам да си носам така и често знае да ми каже немаш потреба така да се носиш ти и така си убава...Абе затоа е мамичка да се скараш,да се смириш,да си делиш совети и се што треба да прават една мајка и една ќерка
     
  13. Berguzar

    Berguzar Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    7.315
    За многу работи се согласуваме ама понекогаш мисли дека сеуште сум нејзиното мало девојче па така некоја подетска облека ми дава да пробам..ја разбирам не сака да пораснам :lol:
     
  14. M..a.C..h.e

    M..a.C..h.e Активен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    1
    мојот и на мајка ми вкусот никогаш не се сложува...Имаме сосем различен вкус
     
  15. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Јас и мајка ми имаме ист вкус. Секогаш кога купувам ни се бендисуваат истите работи :)
     
  16. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    652
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Женски
    Исти ни е вкусот со мајка ми дури и си менуваме облека затоа што носиме исти броеви :)
     
  17. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    652
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Женски
    Да дополнам најдобар критичар ми е мама
     
  18. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.487
    Допаѓања:
    5.840
    Пол:
    Женски
    Порано имавме многу различен стил, она уопште не ми ги сакаше алиштата. Амааа како јас растам а она старее се доближуваме некаде до исти работи. Секогаш кога купува нешто мора прво од мене одобрение да добие :P и на шала ми вика - ти си ми личен стилист. :D Знам некад да и соберам нешто од плакар и да си го облечам :D и секогаш ми вика гледај читаво да ми го вратиш :lol:
     
  19. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.186
    Допаѓања:
    10.085
    Мислењето на мајка ми многу го ценам, но никогаш не ми се меша или наметнува. Многу ме иритираат наметливи мајки што постојано ги форсираат ќерките со купување облека по нивни вкус која никогаш девојчињата не ја носат.
     
  20. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Јас и мајка ми не одиме заедно на шопинг.
    Нема време да се влечка со мене по продавници, па само ме финансира, а јас одам сама или со другарка.
    Единствено често доаѓа со мене кога купувам чевли бидејќи си имам омилена продавница што и е многу блиску до канцеларијата. Е тогаш ми дава сугестии и за среќа не е некоја старомодна, па најчесто се сложуваме со вкусовите.
    Многу ретко ми дава замерки за некое парче гардероба што сум си го купила. И доста често ми дава совети за комбинации, во стил: Ова можеш да го носиш со онаа марама, овде можеш да ставиш кафено каифче, кошулата подобро би ти стоела ако ја ставиш во фармерки...
    Што знам, можеби и се движи во кругови со млади, да речам модерни цури, па во тек е со тоа што и како се носи. А кога мама ќе ја видам на фотографии од младоста, сфаќам дека имала многу убав и префинет вкус. Штета што има сочувано мал дел од нејзиниот плакар.