1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мојот и вкусот на мама

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 26 мај 2012.

  1. Anet4e

    Anet4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    26
    Воглавно различен,но се консултираме сепак една со друга и се сложуваме понекогаш :)
    Мајка ми никогаш не ме притиска да го купам "ова" или да не го купам "она" бидејќи и јас сум карактер што кога ќе ми се допадне нешто тешко дека некој ќе ме убеди дека не е убаво,не е за мене или пак уште по лошо да не ми се свиѓа нешто,а пр.продавачкава да ме убедува како супер е парчето облека и дрн дрн уште 300 епитети за него :rofl:
     
  2. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.235
    Допаѓања:
    5.657
    Пол:
    Женски
    Иако секое искачање,секоја комбинација на облека што ќе ја направам во глава мора да се посоветувам со неа како ќе ми стои, морам да кажам дека јас и мојата мама имаме ЕПТЕН различен вкус. (само нели некогаш мора да има исклучоци во нешто )
    За стилот, она од своите 20ти години се носела во долги широки алишта, и сеуште ја користи таа изрека:„Што е долго и широко одлично ќе ми стои (и на ќерка ми |( ) “
    Јас па, ако е долго и широко се осеќам како падобранец и не ги поднесувам таквите алишта, па често имаме караници во бутиците ради оваа работа.Што некогаш сум го купила тоа, и нормално само еднаш сум го облекла.Битно мерак сум и направила.
    Што се однесува до косата, никогаш ми нема преречено носи ја фатена носи ја пуштена секогаш ми кажува „Тебе убаво ти стои секаква фризура:wasntme: :wasntme: мислам нормално мајка е, ама од кај да знам дали мене убаво ми стои фрузирата или не?! :emo:
    Исто и за шминката, не памтам кога ми кажала дека не сум добро нашминкана. :lol:
    Сепак, mummy :*
     
  3. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Па скоро секогаш се сложуваме за алишта , кога не ми стои нешто и сама гледам дека не стои мама потврдува :D а што стои дава зелено светло . е за обувки ич не се сложуваме , секогаш е против моите вртоглаво високи потпетици , и се обидува да ме натера да купам нешто поудобно и најчесто е во право ама не и признавам , не можам да се откажам од висока штикла колку и да не е удобна и секогаш ме прашува добри ли се, тешки ли се за одење кога купам јас еееј супер се гајле немам , а по 5 мин стоење ме убиваат нозете ама трпи бабо за убост :lol:
     
  4. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Имаме различен вкус со мајка ми.
     
  5. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    10.293
    Пол:
    Женски
    Тотално различни.Поразлични здравје.
    Добро, ние сме и различни карактери и нормално е да немаме допирни точки во вкусовите.Ама фала богу, кога и да одиме на шопинг заедно, си имаме почит една спрема друга-она си го гледа нејзиното, јас-своето.Нити таа ми е префрлила на мене, ниту пак јас на неа,додуша немам ни желба.Не се облекува толку лошо жената, си има стилче. :D
    Понекогаш и давам забелешки во врска со тоа како и стои парчето, ама си знае таа, што не и стои, па навреме се повлекува.

    Додуша, најмногу се нервирам кога оди некаде на страна и ми донесе нешто што јас никако не би облекла и многу пати се прашувам како родената ми мајка до толку не може да ми го погоди вкусот.И се ја зезам дека таа кога бира нешто за мене, уствари потсвесно си бира нејзе. :D
     
  6. jloves

    jloves Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    219
    Пол:
    Женски
    Добра тема. Еве јас ја имам таа среќа мајка ми никогаш да не се буни околу тоа што и како сакам да купам или да носам, имаме ист вкус освен за штикли :worried: Од секогаш ги сакала пониските,а јас од секогаш сум ги купувала повисоките.. и тука веќе не можеме да се разбереме :D
     
  7. OohLaLa

    OohLaLa Активен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    3
    Мајками има убав вкус во модата , убавите парчиња облека на кои се гордеам да ги носам се критикувани од неа ... Ама понекогаш сакам да носам малце повеќе црно и нешто ''откачено'' па само за тоа не се сложуваме :)
     
  8. Didi-13

    Didi-13 Активен член

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    12
    Тотално различен... освен за јакна и патики (хахахах) :D
     
  9. GoodGirl99

    GoodGirl99 Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    24
    Многу различен!! Јас сакам едно таја друго, јас сакам долга коса таја кратка итн.
    Ретко одиме заедно да купваме нешто, но ко ке одиме заедно е тогаш има караници и лутење. Најпоќе од моја страна. :D Зато јас си ја имам сестра ми и со неа имаме многу сличен вкус па почесто со неа одам ко ке купвам нешто :)
     
  10. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Мене мама ми го изгради сетилото за стил.
    Како мала не ми даваше сама да се облекувам. Ќе ми ставеше на кревет што да носам наредното утро на училиште и тоа беше тоа, нема многу приговорања.

    Никогаш не била трендсетер. Знае да уфрли по некое парче, како на пример сега Петар Пан јаките, но не прати трендови и нив ги носи затоа што конечно се вратиле во мода.
    На моменти се штракнува и ме изненадува кога ќе измешам некој принт (дома ми зафркаваат дека иам шврки стил) и ќе ми каже ау што си убава. Ама затоа некогаш ќе ме утепа со некој збор така фино па нема од соба да излезам додека не соберам храброст. :D
    Последниве 4-5 години обрнува доста внимание на тоа што го носи што многу ми се допаѓа, па везден и претурам по плакар за да не најдам нешто ново што ми избегало од вид.
    Ја има најубавата колекција на чанти, сакоа и часовници и еден ден ќе си ја присвојам. :devil:

    Ако го отворите нејзиниот плакар ќе најдете црно бел свет. На прсти можат да се избројат парчињата облека што не се црни, бели или црно бели.
    Има дамски стил, обожава бисери и од некоја причина со сестра ми делат љубов кон точките. Па кога случајно ќе се погодат ист ден да отишле со ист фустан на работа, црн со бели точки, па и двете со црвени коси и плукнати една на друга, ма ми иде да се затрчам во ѕид.

    Сестра ми е инспирација и идол, но никогаш нема да го разберам начинот на кој се облекува, ниту пак она мојот. Тука се огледувам на мама. :D
    Сакам бисери, сакам јаки, каро, џемпери со баклави и слично. Работи кои кога ги носам сестра ми ме гледа како падната од Марс и превртува очи.
    Мајка ми како што ми кажала се плаши да се посоветува со мене за нешто, затоа што сум ја карала и неколку пати во продавници кога ќе фати некоја глупост и ја зимам од рака и ја буткам напред па почнува да кенка. :D Ама затоа обожава да ме гледа како носам нејзини стари работи, откако ќе се изнервира и откако ќе се изнамрчи што неа не и текнало да носи нешто, а мене да.
    И секако хит на денот ми е кога ќе ми каже: не ми го носи тоа, јас сакам да го носам. -Зошто не го носиш? -Па ми фали тоа и тоа..и ќе и покажам дека го има тоа парче или пак може и другачие да се комбинира и одма свенува што не успеала да си ја спаси облеката од мене.

    Мамче дамче. :l:
     
  11. cucii...ii

    cucii...ii Активен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    12
    Тотално различен стил на облекување имаме. :lol: :lol:
     
  12. glosipgirl

    glosipgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    426
    Ние имаме речиси ист, сличен вкус за облека, па и за се во животот. Но, кога одиме да купуваме заедно се караме. Мнооогу се караме. :| Значи ме нервира, се спротивно нешто сака. :?: И ме влечка во некој грди продавници. :lol: А кога одам со татко ми, бидејќи имаме ист вкус, ќе ни се бендиса нешто и веднаш го купуваме. Yay us! :clap: :lol:
     
  13. Roulette

    Roulette Активен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    16
    За облека како и за се друго имаме различен вкус,и досега не сум посегнала кон некое нејзино парче облека :D
     
  14. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.706
    Па немаме многу различен стил на облекување.Често знамм да и земам некоја блуза.Но понекогаш знаеме да се закараме за нешто.Таа не сака да и носам многу многу нејзини работи,а што да правам кога ќе ми одговараат на нешто.:)
     
  15. l0vE...-love

    l0vE...-love Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2012
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    многу различен стил имаме :lol: :lol:
     
  16. the-girl1

    the-girl1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    1.297
    Допаѓања:
    664
    Со мајка ми немаме многу различен вкус.Понекогаш пред да се облечам знам и да ја прашам како ќе ми стои тоа,дали да променам нешто и сл. :)
     
  17. Sar4etooBe

    Sar4etooBe Активен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2013
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    2
    И јас со мајка ми имам многу различен стил ретко некогаш нешто и на двете да ни се свига најчесто на мене ќе ми се допадне нешто а на неа не и често знаеме да се испокараме :D
     
  18. young.lady

    young.lady Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Имаме тотално различен вкус |(
     
  19. Jowe

    Jowe Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Јас и мама скоро имаме исти вкусови.(СКОРО!)
    Сепак има денови кога се спречкуваме на сред продавница :D
    Кога треба да купам нешто таа ќе ми најде нешто на пример пантолани/блуза/марама/ѓердан итн... со брзината на светлината ми наоѓа соодветно парче :D
    Знаеме да си се караме,но сепак си ја обожавам :)
     
  20. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    Тотална разликаа |( незнам како може секогаш неа да и се допаѓа тоа што мене не ми се допаѓа |(