Имаме сличен вкус, и кога нешто мене нема да ми стои убаво ќе ми каже, и обратно, кога неа нема нешто да и стои убаво и јас ќе и кажам. Секогаш си кажува мислења. Скоро секојпат земам од нејзиниот плакар по некое џемперче, а и она нешто од кај мене, па често се случува и да се скараме.
Вкусот на облекување на мене и мајка ми е доста различен,со оглед на тоа што таа е од постарата генерација Но ,има некои парчиња на облека кои заеднички ни се допаѓаат,па знаеме да ги разменеме.Исто така,дел од облеката кој веќе не ја носам,и ја давам нејзе
Кога ќе облечам фустан и мартинки ми вика да си ја земам и кожната јакна. Доста е,или да објаснувам уште ?
Ист вкус,ама баш ист,се случува понекогаш да ми купи нешто кога ќе е излезена а не сум со неа затоа што знае дека ќе ми се допаѓа
Имаме потполно исти вкус, многу често се случува кога не може да излезе таа да ми порача некоја кошула или блуза јас да и купам, кога одам на шопинг најчесто таа е со мене, секогаш взаемно се советуваме што - како најдобро стои .
Имаме тотално различен вкус, таа сака повеќе едноставни работи. Многу е пребирлива, и најмала ситница да има што не и се допаѓа на облеката не ја купува, за една монистра прави проблем и ретко нешто да и се допадне. Но сепак најмногу сакам со неа да купувам бидејќи само таа знае искрено да ми каже дали нешто ми стои или не.
Ист,ист,ама сосема ист вкус Иако е постара, „лудува“ по шопинг и следи мода. Знае убаво да ги вклопи парчињата,има стварно голема смисла за комбинирање и многу се негува. Кога и да ми купи нешто,секогаш ми погодува и не ја напушта куќата недотерана
Исти вкусови имаме и двете Некогаш кога се двоумам при избор на некои модни парчиња секогаш ми помага страшни комбинации ми прави со облеката
Јас и мајка ми имаме многу сличен вкус а и скоро исти сме во тежина. Некогаш си менуваме парчиња облека
Имаме сличен вкус ама на шопинг одам со сестрами и кога ќе ја прашам мајка ми дали е убаво тоа што сум го купила ако ми рече да (барам некој да ми потврди дека е убаво) ако рече не (нема ти да го носиш)
Имаме сличен скоро ист вкус затоа најубаво ми е кога одам со незе на шопинг бидејќи најубаво и најискрено знае да ми каже што ми стои а што не
Сличен ни е вкусот иако таа понекогаш повеќе цели кон полуди комбинации на облека а јас помирени покежуал,како да сме обратно со годините! Но горе-доле се слагаме супер па си се надополнуваме во шопингот и секако си позајмуваме по некое парче облека!
Тотално различно вкусови и стилови, ни со мајка ми ниту пак со сестра ми имаме ист вкус.Сепак практикувам да шетам со една од нив за да ми кажат како ми стои, дали е добро и сл.
Во последно време се повеќе ни се доближува стилот за облека. Дури се случува често коа ке си купи нешто да и го земам да си го носам .
Па слични ни се вкусовите. Обично облеката која ми покажува, многу добро ми стои А исто така и татко ми има одличен вкус. Најубавите парчиња во гарероберот тој ми ги одбрал
Имаме сличен вкус, но понекогаш нешто што мене лично никогаш не би ми западнало за око, кога она ќе ме натера да го пробам, секогаш убаво ми стои .