значи ,мама,кога станува збор за облека знае и совет да ми даде,се разбира од тие работи,но за штикли,девојки,значи платформи да не види пред очи...никако платформа! хаха за шминка,и двете само маскара,понекогаш пудра и сјај (или кармин-тоа си е на мама,јас не ги користам)...за накит,нешто што не е многу нападно...толку ми текнува...па слични сме со стилот,но не многу ,има некои исклучоци да не набројувам сега.
А пак јас и мама си имаме ист вкус Ме остава да носам што и да сакам, освен ако станува збор за нешто пократко. Е тогаш и тато скока А и секогаш кога излегуваме на шопинг, истите работи не бендисуваат (нормално, детските не се за неа, туку ја бендисуваат како за мене)
Навистина сум среќна што со мајка ми имаме речиси исти вкус. Се разбира понекогаш не се согласуваме за се, но во повеќето случаи ни се допаѓаат истите работи.
сосема различен.Јас тоа што сакам,таа воопшто не може ни да го поднеси така да постојат препреки меѓу нас.
Вкусот ни е приближно ист, колку често се случува да ми купи нешто мама по нејзин вкус и мерка и баш ми го погодува, а и со кг сме тука приближно и понекогаш разменуваме облека односно по некоја блузичка сигурно дека нема да ми зема фустанче и фармерки
Значи, нормално е фкусот на ќерката и мајката да биде ист, па макар и кога се работи за нефкус. Особено ако ќерката е на помала возраст и сеуште нема оформено свој стил. Како што реков и во една друга тема, детето впива се од родителите и околината уште од мало, па така и фкусот облека и разно, разни други работи. Мојот и фкусот на мојата мајка е различен што е и разбирливо, да е спротивно јас би била загрижена бидејки не е нормално да имаат ист поглед бидејки се во различна годишна доба, а и јас сум веќе изградена личност не сум некоја клинка па да гледам од мама. Замисли мајками да се облекува како што се облекувам јас или обратно.
^Јас не се сложувам со тоа дека во тинејџерските години , децата гледааат од мајките . Барем кај мене беше баш спротивно , кога сум била 15-16 години ми се допаѓале парчиња кои моите другарки ги носеле или биле моментално во тренд .. На мајка ми не и се допаѓале , и од денешна перспектива гледам дека и те како била во право .И мислам дека кај повеќето девојки во таа возраст , вкусот им е диктиран од околината , бидејки во таа доба сакаш да се прилагодиш .. Се разбира дека не може исто да се облекуваме јас во 20 тите а таа во 50 тите .. Ама вкусот сега ни е ист .. И баш ми е драго . Таа ме прашува за парчиња , јас често знам да и купам некоја блуза , кошула и таа да си ја износи најмногу , секако дека тоа парче облека не е за моја возраст ама знам да проценам што би и стоело на нејзината фигура и возраст . Дури и мајката на дечко ми ме прашува А со мама најмногу се сложувам за капути и мантили, експерт е да процени квалитет и добра кројка Дури и мене некогаш ми паѓа тешко да дадам толку пари, среќа ме убедува успешно и излегува добра инвестиција . Знае точно што ми се допаѓа и кога го најдам правото парче и двете велиме задоволно ДА . Јас често и си шијам сама а таа ми е главен помошник и генератор на идеи каде може да се поправи некое парче во изработка .. Еднинствено не се сложуваме за чевли , оние високите ама сметам дека со време и за тоа ќе се сложиме , кога ќе ми го земат данокот високите потпетици Сега уште сум млада па можам да ставам дизајн пред удобност .
Тотално различен.Се случува некогаш да се согласиме за некое кошулче или за чевли ама многу ретко.Многу пати ми има купено парчиња облека кои ги немам облечено никогаш.Сега веќе се откажа од купувањето и ме остава сама да си бирам без забелешки.
Мајка ми е старомодна. Гледа да и биде удобно тоа што го носи, за мене тоа нема врска. За нешто модерно има да трпам па што сака нека биде. Не носам од неа облека, само за обувки може.
Мајка ми современо размислува. Гледа како се облекува денешнава младина, па честопати се случува да ја оставам таа да ми одбере нешто кога ми е потребно а јас не можам да излезам и досега не погрешила. Ист вкус имаме, знае што би носела јас, а што не
мојот вкус е ОДЛИЧЕН за било каква комбинација ( just my opinion ) на мајками повеќе сака класично и како од 90тите
Мајка ми е многу модерна,како девојче се облекува,хеланки,па чизми до колени итн.. а е 40+. И блузите ни се слични,а и само неколку кг има повеќе од мене,па си менуваме некои блузи. И хеланки ми има зимано,баш денеска и дадов едни,како фармерки се,ама хеланки. Има многу убави,чизми,штикли,ташни...Кога ќе пораснам,се ќе и земам,многу убави работи има,се облекува како 25 годишна,а и сите што ќе ја видат,ако не им каже колку години има,мислат дека има 35,на работа некои девојче и викале,па добро нема брчки,затоа не личи стара. Забегав сега...
различен вкус нормално, различни лица ама исто размислуваме дека треба да се купи едно нешто поскапо-квалитетно и убаво, отколку 2-3 поевтини и неквалитетни..... што би се рекло едно ама вредно. мама е со модерни размислувања и современи, таа е мојот верен другар за шопинг.....кој не, ако не сопствената мајка-сепак мама секогаш знае што е најдобро за нејзиното дете.