Мајка ми ми е најголем критичар и излегувањето со неа на шопинг често знае да заврши и фатално и скарани да си идеме дома .Ноо, многу често и со нејзина помош ги одбирам парчињата облека, кои притоа ми одговарале.Али сега иако излегуваме заедно многу пати поќутува во врска со мојот избор, да не си ги вадиме очите во продавница, таа знае дека јас само мојот избор ќе си го испочитувам па џабе ќе си троши зборови. Сума сумарум- сепак имаме различни вкусови, али се трпиме некако.
многу сме различни,ретко се случува и на двете да ни се допаѓа нешто,но се случило да купам нешто што на неа и се допаѓа и секогаш се покажало како добро бидејќи баш тоа нешто ке го утепам од носење
Со мајка ми единствено (ретко) може да се погодеме за некоја класична комбинација. Мајка ми не знам колку пати ми има кажано дека не знам да се облекувам и дека грдо комбинирам И јас пак по свое си терам и се облекувам како што сакам и ми е убаво И фала Богу досега за стилот имам добиено само добри коментари, а лоши само од мајка ми Е не можам да ја трпам веќе, оти мисли дека многу убаво знае да комбинира, а некои од комбинациите и немат врска
Два различни поими. Јас обожавам темни бои,додека мајка ми иако ги носи истите бои,не сака да ме гледа во нив. Многу пати имаме препреки,облечи го ова,немој тоа,не може црно,пак ли тоа? и сл.али со тек на време се се разбира.
Паа слични си имаме..ама понекогаш јас сакам потемни бои додека мајками посветли..а се случува некогаш да е обратно
Дефинитивно различни поими. Таа мрази тренерки, јас ги обожавам, таа сака потемни бои, јас посветли, таа никогаш на светов не би облечела нешто шарено, јас сакам нешто измешано со сите бои. И некогаш вели дека се облекувам како машко, ама на мене ми е комотно така. Спојлер Еве сега се караме дали се убави црните патки со виолетови цветови, не и се свиѓале. Па не мора бе и така јас си ги носам, а не таа.
Супер тема :up: Обично, јас и мајка ми сме 100 различни поими. Ама јас сум крива. Ја прашувам -Мамо што да носам,арно ли е ова? И таа ќе ми одговори океј е,носи го. И јас -Е да бе океј, де ма види го какво е, што ме лажиш дека е арно?! И така, јас ќе се налутам дека мајка ми ме излажала дека ми е убаво, како некоја 10 годишна.
Доста сличен ни е стилот а мање више и ист број носиме Она сака земјени-неутрални бои бело, крем, маслинесто, кафеаво црно понекогаш. Има мал милион фустанчиња, џемперчиња, кошули... Мојот стил па е малце по кежуал фармерки, маички, чат пат кошулки штикли и слично. Обожавам да одам со неа во шопинг али најголем проблем е што она не може да влезе во поише од 4-5 продавници. Одма ја фаќа склет и нема више... Така да многу плански мора низ продавници да идеме само таму кај што знам дека ќе најдам нешто. Али само со мама во шопинг евентуално некогаш може со дечко ми
Тотално различни. Таа е повеќе по темните бои (црно, темно кафеаво, тегет, сиво) и носи широко, додека јас сум фан на кремасто, плаво и бело и обавезно тесно. Обувки, таа носи балетанки и сандалки кога е топло, а јас без патики не излегувам од дома. Јас косата најчесто ја ставам во пунџа, а нејзината е кратка и виткана, па секогаш е пуштена. Таа се фарба со црвена боја за коса, додека јас би сакала портокалова да ја офарбам еден ден, или жолта. Таа најчесто носи ташна, а јас сѐ бутам во џеб.
Ништо заедничко немаме, она секогаш носи некои неутрални бои и никогаш ја немам видено во фармерки, тренерки облекува еднаш во годината, па ни за дома не ги носи. А јас сум сосена обратно, ама не се караме никогаш за стилот, некогаш се случува да ме праша како да искомбинира нешто или да и помогнам да одбере што да носи, ама јас нејзе никогаш не ја прашувам и со нејзе во шопинг немам никогаш отидено, освен во шутка ама она си гледа нејзино, јас мое, само треба да ми плати
99,9% ист. Мајка ми е модерна женска, иако чат-пат ме нервира шо неќе да се шминка многу. А, со минимална шминка изгледа уште 10 год. помладо. Знам еднаш ја чекав на автобуска (си идеше од странство) и онака она предотерана, а јас кежуал и и викам не шетам со тебе срам ми е никаква сум. И порачувам нешто, во 99,9% од случаите ми го погодува, едноставно се разбираме.