Сличен, може да се каже. Често знаеме да купиме едно парче облека за двете, што можеме менуваме. Сепак постара е, неможеме потполно исто да носиме. Доволно ми е и ова мене, ако не ми се купува мене нешто не ми се троши, гледам да ја убедам нејзе па да си искористам
Скрооооз различен. Мама сака патики, јас немам ниту еден пар. Мама сака бледа шминка, јас си го обожавам црвеното карминче. Цела гардероба на мама и е црно-кафено-тегет-бело, кај мене виножито повратило секое излегување за во град ми беше трауматично со неа и по 100 пати се пресоблекував За крштевката на син ми кога ме виде во жолт фустан и бебешко сини штикли не можам да ви опишам каква фаца ми направи
Паа...некогаш ми кажува убаво што да се облечам а некогаш не јас ке и кажам дека не ми стои убаво а таа ми одговори:Што сакаш носи
Па со мајка ми имаме скоро ист вкус и едноставен. Многу ретко да прокоментира нешто за мојата облека секогаш ми дава комплименти. Некогаш но многу ретко за нешто може да ми рече дека е многу отворено или дека е ладно за тоа. Онака не, душичка е, ја сакам
Небо и земја, со многу ретки исклучоци Она е повеќе некој кежуал стил, едноставно, без многу додатоци, со малку "старински" изглед, а јас сакам повеќе живост, додатоци, поготово за навечер. Најголемите расправии се околу висината на штиклите-она носи и сака строго ниски или средни штикли, а јас сум или на рамно или на минимум 8цм навечер. Веќе искрено не ја ни прашувам за совети или мислење, едноставно имаме различен вкус и џабе е
Горе - доле имаме ист вкус, така да не се случило да има расправии околу гардероба, дека нешто не е за мене или дека не ми стои. Одкако пораснавме почесто се случува јас и сестра ми да и дадеме по некој совет што да облече, нормално тоа да и прилега на формата на телото и годините. Може некогаш да ни префрли за цената поготово од коа си купуваме сами, дека нема потреба толку да плакаме за облека ама ајде не е така често.