Имаме многу сличен вкус и скоро секогаш си ја носам неа како друштво кога треба да купувам облека или обувки.
мајјка ми е е до толку.на пр.идеме во Теранова,јас гледам нешто што ептен ми се свиѓа она ми вика,деколтирано ти е,големо,широко...и ја зеам др. број и некогаш се `рчкаме ахахах јас сакам едно,она друго.Али што и да ми каже она знам дека го мисли најдоброто за мене
Вкусот на мама е малку поразличен од мојот. Имено, таа повеќе сака обични парчиња кои се комбинираат со повеќе работи, волнени работи со големи ролки, широки џемпери, додека јас пак сакам повпечатливи парчиња кои се комбинираат со едноставни, кои се со цветен принт, некои циркони. Не велам дека не ми се допаѓаат поедноставни парчиња, ги сакам да, но понекогаш ја претерува. Но морам да признаам, кога одиме да купуваме заедно искрено сакам да слушнам друго мислење и отворено и кажувам искрено да ми каже за тоа, за да не погрешам. Ме советува кога нешто не ми стои добро и укажува каде ако сум се зацртала јас во нешто. Сепак, на крајот некако ни се слични вкусовите.
И немаме баш ист вкус со мајка ми. Таа се инаети, ама јас повеќе, неможе со мене Да се дотерувам, несакам, да се пицкам и да сум скоцкана и стеснета пак ич! Широки блузи, кошули, најчесто хеланки, фармерки ретко, тие што ги имам не ги сакам, сакам од оние порано што се носеле, тоа е добра, и убава фармерка, а е не ова денешново Ја обожавам модата што ја следеле порано, кога гледам стари фотографии, мајка ми и другите како тинејџери, нивниот стил, кога ќе се спореди со оној на денешниве тинејџери Да си заплачам ми доаѓа. Е, оној добар стил од осумдесетите, деведесетите години..Кога ќе видам нешто такво низ дома, олкај ми се очите И имам кажано на баба ми, се што е ќе најдат низ дома, порано што го носеле мајка ми, тетка ми, па и вујко ми, в пакет и одма кај мене.
Мајка како старее, се помладалачки почнува да се носи.Мислам соодветно за нејзината возраст само по типски и по шик.Ние никогаш не делиме гардероба од причина што јас носам S, а таа носи си L величина.Ниту пак обувки оти исто така носиме различен број и модели-нејзините се поудобни и класични модели од Пеко, а јас гледам да се модерни и на штикла/полна пета. Ташни имаме секоја посебно(мнооогу ташни) ама неретко се случува она да дрпне некоја моја.Инаку има и неколку парчиња гардероба што би сакала да ги позајмувам на пр. едно тегет мантилче од Зара, капутот нејзин со два реда копчиња, кошулки некои ама како што кажав носиме разлечен број и како преправена изгледам па затоа ништо не делиме.Имам само еден многу убав сив кардиган од неа, на преклоп и кога виде дека го заносив ми го даде.
Немаме воопшто ист вкус за ништо па така и за облека, а ниту сакам да имаме. Не се сложувам со неа, север и југ сме. Никогаш не сум излегла со неа на шопинг. Затоа со тато секаде