1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мојот несуден син

Дискусија во 'Канта' започната од XstrongerX, 5 август 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.087
    Пол:
    Женски
    Незнам колку проблемот заслужува нова тема , но ја разгледав категоријава и не најдов ништо слично .
    Веќе подолг период се соочувам со проблем на кој искрено незнам да му го најдам крајот. Пред 6 месеци точно една недела пред да му се роди првиот син , почина најдобриот другар на дечко ми . Сосема неочекувано . Човекот не го познавав но знам дека за дечко ми беше голема загуба , јас го видов само еднаш и онака ми влезе во срце . Неговата смрт секако ме потресе но не повеќе од потребното , јас како здравствен работник навикнав да сум емоционално инмуна на смртта па и на најблиските , самата професија го налага тоа , кога ќе се најдеш во тесно ти треба ладна глава за трезно размислување а не паника и нервен слом . Конечно да преминам на главното :worried: проблемот е тоа што откако се роди син му јас го сакам како мој .Како навистина мој биолошки син , сум слушнала и за психолошка бременост но ова е нешто посилно , ја доживеав дури и пост породилната депресија . Сето ова се случува од непознати причини , ни со мајката на детето не сум нешто посебно блиска , кратко кажано со луѓето едвај се познавам , но силно сум убедена тоа дете е мое . Постојано мислите ми се кај него со него како е , дали е добро облечено , како се грижат за него , сакам да го почувстувам во мојата прегратка .Кога е крај мене како да имам душевен мир. Проблемов кулуминира кога почнав постојано да имам ноќни мори , кошмари како ми го земаат , плачам долго и постојано одкако ќе се разбудам , уште нерасонета го барам околу себе.Имам некој чудно изразен мајчински инстинкт. Неостварена желба ми е да станам мајка но јасно ми е дека сум премлада за тоа !!Разбирам детето не е мое нема никогаш да биде , но зошто вака се чувствувам ?! Безброј прашања на кои немам одговор ..
     
  2. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    21.754
    Пол:
    Женски
    имаш 17 години како што ти пишува на профилот или ?не сфанав каква професија имаш на овие години...учиш медицина?
    инаку,за тоа што си го напишала се зачудив навистина :^) и не знам стварно што би ти кажача освен да пробаш да не мислиш толку многу на детето и да не се преокупирана со него цело време..најди си некое хоби,посвети се на најблиските,занимавај се со било што и потруди се да преминеш преку ова што ти се случува....
     
  3. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Викаш здравствен работник , а на профилот ти пишува 17 години, тука не ми е јасно.
    Викаш си премлада, а работиш? Па ако имаш 17 години има време за деца.
    И само можам да ти кажам дека не ми е јасно ова што го чувствуваш.
    Ај да имаш 27 години и да не можеш да имаш дете па да го чувствуваш како твое, ама детето има мајка.
    Човекот кој му е татко, а другар на дечко ти, беше близок со тебе?
    Нешто не можам да сфатам овде, малку ми е нелогично.
     
  4. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.988
    Допаѓања:
    1.087
    И мене ми е нелогично..кажуваш дека таткото на детето си го видела само еднаш!?
    Не сте блиски ни со детето ни со мајката...
    Незнам не ми е јасно.. :shake: :shake:
    Треба да сфатиш дека детето си има мајка..да го пребродиш ова.. :worried:
    Дали дечкото твој знае за ова ??
     
  5. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.087
    Пол:
    Женски
    Веќе се изјаснив во една тема дека интернетот посебно форумов не е место за оставање точни лични податоци ;)да кажеме дека минатите грешки ме научиле на памет дека мала ситница како точни години може да те чинат уривање на анонимноста !Имам под 20 и погрешно сум се изразила ..здравствен работник сеуште званично не сум , но сум на пат да станам . И да сосема точно прочитавте ни со таткото ни со мајката на детето не бев и не сум посебно блиска. Од каде ваквиот излив на емоции и мене не ми е јасно :|
    Се чувствувам збунето постојано , само сакам да ми се тргне од глава ..не ми се годините за ваквите желби ..рано е ;(
     
  6. Iva-Mici

    Iva-Mici Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    237
    Аууу јас прв пат слушам некој да има ваков проблем, искрено не разбирам како толку можеш да се приврзеш кон тоа бебе, кога ни него ни неговите родители на ги знаеш добро...Не знам што да ти кажам освен да не мислиш на него,кое инаку може да ти е и само една мала опсесија..во секој случај- СЕКОЕ ДОБРО :)
     
  7. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Задолжително обрати се кај стручно лице, оти темава е стварно уникатна и подеднакво контроверзна за некој да даде објективно мислење.
    Се најдобро ,се надевам дека брзо ќе дознаеш пто е тоа што ти се случува :*
     
  8. Denna

    Denna Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    87
    вистина....
     
  9. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Кога почнав да ги читам мислењата на другите, одма се изнервирав. Значи не биле блиски, добро. А ако таа била блиска со нив, помал ли ќе биде проблемот?
    Мислам дека треба да побараш помош од психолог. Затоа што не верувам дека на многу и се случува оваа, па може само да те осудуваат, а не да ти помогнат.
    Се надевам дека ќе ти биде подобро :)

    едит: Јас имам 17 год. и еден период имав чудна потреба од бебе. Едноставно сакав да останам трудна, да го носам тоа малечко бебенце во мене, да го чувам, да му дадам безусловна љубов. И тоа беше периодот кога на мене најмногу ми требаше љубов и помош. Така да... тоа не бира години. Се е психологија. Едно нешто укажува на нешто друго.
     
  10. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Откако Стронгр го поставила проблемот, поминала скоро година и јас се надевам дека веќе го надминала тоа :^)
     
  11. infinity

    infinity Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    30
    чудно хм......мислам дека заборавила до сега.... но мое мисленје е тоа дека бебето останало без еден родител и стронгер добила огромна желба да го заштити тоа невино суштество од сожалуванје или незнам од друго што и самата кажа дека изучува една хумана професија и таквите луге се многу по емотивни од другите а не како сто таа самата мисли дека се имуни од загуби и такви работи .Mислам дека тука не постои проблем позз и се најдобро
     
  12. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Стронгер ,се справи ли со ситуацијата?
    Како се чувствуваш сега?
    Се надевам дека најде решение ...
    Чекаме одговор ! :*
     
  13. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.087
    Пол:
    Женски
    Мислам дека нема поента да пишувам повеќе околу тоа, не пишував долго време така и ќе остане.Ова е мое последно мислење тука, а сметам бидејќи темава нема да биде од ничија полза потребно е да се испрати во канта! Ништо повеќе.

    Ова за мене е крајно чувствителна тема за разговор, ретко кој го разбира тоа !Затоа ве молам вас да разберете.
     
  14. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    но дали ти се справи со тоа ? дали сега е подобро ?
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.