А бе знам и јас играм пес. Ама прво што ми дојде на памет е пес како куче, а не како игра . Сепак и пологично ми е ова првото. Ама инкубус најдобро ќе ни каже.
Фала Лилит, и јас искрено појма немав и се чудев на што личи...значи личи на некој фудбалер, пак не сфќам многу многу..ај појасни ми
^Играта е всушност фудбал. Си одбираш тим, играш натпревари ово-оно. И то Можеш да играш сам против машината или да играат двајца еден против друг, или пак двајцата заедно против машината. Инаку ПЕС е скратеница од Pro Evolution Soccer.
затоа нема веЌе убави маски низ градов останаа грдотии фемининки го одбравте кајмакот го оставивте губрето аххах
Мојот личи на Џем од Кога лисјата паѓаат. Ептен,во ставот,висок,слаб,секогаш среден.Само мојот е светло смеѓ и со најубавите сини очи на планетава.
Бившиот личеше на овој. Јас староилика, он старолик. За греота бевме. Како што него често го прашуваа која година сум на факс, исто и мене. А моменталниот дечко? Ах. Многу специфичен лик. Нешто вака. Само има кафена коса и темни очи.
Aбе некни една пријателка не среќава со мужот мој, и ми вика ајјј овај твојот е цел ко Борис Дали... А јас цела ваква у прашалници останав. И одам дома и мора да го опитам гуглето кој е тај. И глеј чудо, па тај да ти е бугарски пеач. И кога го видов на слика абе плукнат на мојот... Еве го, само на маж ми носето му е понапрченко и горното муце подебелко,коса, очите и веѓите како со копи-паст да им се..
И порано имам пишувано тука ама сега малку подобро да доловам Ептен ми личи на Ацето, има иста таква косичка, и боја и форма. Такво носенце и исти дебели веѓи. Малку поголема уста (најслатка) и тоа . Малку поразлични црти ама на прв поглед исти е
Темна коса, бел тен, совршена насмевка, мали темни очиња, кои кога се смее стануват вакви -_- Тоа е моето најубаво прасе *** Еден и единствен е, не можам да пронајдам на кого личи...
Кога се запознавме и првите 2 ипол месеци на овој, во насмевка, лик, тело, мојот плус брадичка! Сега се е исто само има големо меше кое кај и да е ќе му се врати во нормала - се надевам.