Исто лице има како овој, зелени очи има мојот , должина на косата е таа ама не се шиша така . Тенот е тој .. циган прав стварно , зима се трпи некако ама лето....Си го сакам најмногу и како циган
Е моето исто е како Меколи Калкин (чиста ,неизнаркоманчена верзија ) вкрстен со мала сибирска хаска .Најубаво ми е на цел свет и многу милички оченца има , а за носот стално го заебавам дека му изгледа како пуканка испукана на сред фаца И тоа сирото не ми се лути Добро , разуме се , фризот не му е онаков ,косицата му е за нијанса потемна и попепелава ,накај емо му удира таа кркмата , нема подочњак ко да се вика Цугољуб ,а со хаската посебно си личи во веѓите - речиси споени ,ама правилни Душичето мое !
Не ја гледам серијата воопшто, немам гледано ни 5 минути од ниедна епизода, ама личи, навистина личи.
Исти вакви очи дури и потемни, малку закривен орелски нос, косата ко Ајнштајн у старите добри дни. Висок, нема премногу изразени мускули, не личи на одран петел за во супа. Малку има над тежина али океј е, месаст ама стегнат. Корпулентен мажјак со големи дланки и неколку долги нокти, за трзање жици, разбираш.
Јас сум себична и нејкам да ви кажам како изгледа (да не го прибере некоја) Не личи на никој - уникат е, не е совршен - идеален е, не е добар - прекрасен е!
Мојот партнер личи на дечкото што некогаш сонував да го имам и сега е покрај мене, во реалниот свет А на кој ми личи...па .... незнам ги знам неговите дома и на никој не ми личи ( можеби е посвоен, хаха се шалам ) ... Има мали црти во очите и веѓите на неговата мајка, сепк веѓи има, исто како Крали Марко хаха густи црни убаво оформени. Ма уникатен е мојот дечко бе девојки се салам , ве бакнувам