Првиот и најгрдиот. Овој што ми е сега со круната ми е премногу убав и само уметнички ставам од пред некое време.
Оваа зеленава мислам дека ми е прв аватар (сликите ги избришав). Многу долго го имам профилот, мислам дека не сум ставала аватар до сега. Барав слика чисто од забава, само знаев дека сакам да е со женска некаква интересна, и кога ја видов се зелено (обожавам зелено) реков тоа е тоа, search no more. Иако ретко се логирав минатите години, често ве читав и да, знам да препознаам некои членови по аватарите.
Ниту го имам , ниту се сеќавам на првиот аватар . Бидејќи профилов го имам од времето кога ден и ноќ го слушав Еминем на слушалки .. ништо чудно да ми била некоја негова фотка . Брзо ми здосадуваат сликите и затоа често ги менувам , па на многу не се сеќавам дека сум ги имала .