1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мојот прекрасен живот - Сител ТВ

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од dorota, 3 мај 2026 во 23:33.

  1. dorota

    dorota Активен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2025
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    30
    “Родена од неволји, во беда и сиромаштија, во услови кои ја натерале да го промени сопствениот живот. Како млада, Шебнем била стипендистка која посетувала елитно училиште, кое оставило големи трауми за неа. Иако е вистински математички гениј и победувала на голем број национални олимпијади и натпревари, таа никогаш не успевала да ја добие почитта ниту од нејзините наставници ниту од нејзините соученици, кои ја отфриле без дури и да се обидат да ја запознаат. И покрај нејзиниот интелект, никој не помислил дека ќе стигне до нивното ниво. Шебнем го напуштила училиштето и почнала да работи како чистачка во вилата на богат бизнисмен од подземјето. Додека ги извршувала своите должности, таа наишла на траги од убиство, а еден од сторителите ја принудил да го исчисти местото на злосторството, ветувајќи ѝ голема сума пари за возврат. Откако ги добила парите, Шебнем се подложува на пластична операција што целосно го менува нејзиниот изглед.
    Од „грдото пајче“ таа станува „неодоливиот лебед“, а со исклучително лукав и смел потег - и сопруга на Онур, еден од највлијателните мажи во Истанбул, со кого создава семејство кое е совршено во очите на другите. Така започнал и нејзиниот прекрасен живот. Живот полн со луксуз и изобилство, живот кон кој секогаш копнеела, живот на врвот на општествената скала.
    Помеѓу заштитата на своето семејство, зачувувањето на својот статус и помирувањето со темнината од нејзиното минато, животот на Шебнем почнува да се руши како кула од карти. Од нејзината заплетканост со магнетниот капетан за убиства, Месут, до нејзиното соперништво со поранешната девојка на Онур, Мелиса, и немилосрдната омраза кон Ајсел, мајката на Онур, Шебнем се наоѓа себеси како води битки на повеќе фронтови. Сепак, илузијата се распаѓа кога духовите од минатото на Шебнем повторно се појавуваат, загрозувајќи го нејзиниот совршен живот. Валкани тајни, нерешени сметки и низа непријатели се закануваат да го уништат нејзиниот гламурозен свет и да ја вратат онаму од каде што успеала да избега по секоја цена.„

    Што мислите за серијата? За почеток, мене ми привлекува доста внимание. Некој друг ја гледа?
     
    На Аничкаa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Аничкаa

    Аничкаa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2020
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    617
    Пол:
    Женски
    Сакав да ја отворам темава но ме смрзе паааа бравос супер е многу ми е добра
     
    На dorota му/ѝ се допаѓа ова.
  3. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    18.179
    Допаѓања:
    137.254
    Пол:
    Женски
    Нема некое јако дејство, но актерската екипа е добра.