Знам дека има ваква слична тема за диети, каде што се пишува кој што си каснал во текот на денот, но нема кој колку вежбал и какви вежби биле на дневниот план. Затоа, еве ја. Тука ќе пишуваме што сме сработиле во текот на денот, ќе се пофалиме со напредокот, и ќе споделуваме мотивациски цитати и слики. Сите сакаме да изгледаме и да се чувствуваме добро, и свесни сме дека тоа не бива само со седење и зборување за тоа. Денес направив 300 склека со потвиткување на колено после секој репетиција. 20x15 репетиции, колку што може по споро за да гори мускулот повеќе. Се активира задникот, мускулите над колената, стомачните, рамињата, плешките, гради и трицепс. Спојлер После малку одмор следеа 10 пати по 100 секунди хоризонтали, или т.н. plank вежба. Ова не ме "уништи" но толку од денешниот ден, утре имам кардио во план. Без форсирање. Повелете Спојлер
ЕлеМентал, браво за темата. Ја видов во моменти кога се убедував себе дека сум уморна, ми се спие, и не можам денес да вежбам. Резултат: 20 минути на орбитрек. Не е многу, ама како за релативно неактивен човек - не е лошо.
Баш во период кога си наоѓам секакви изговори и не сум баш редовна како што бев порано.Е, од денес темава ми е мојата совест за вежбање И ветувам дека редовно ќе известувам. Значи, 15 мин. степер, околу 30 мин. вежби со тегови за раце и гради и 10 мин. вежби за струк со тегови и шипка за истегнување.Толку...Стомачни не правев зошто ми е втор ден од ,,тие,, денови. Утре правам пауза, празник е и фитнесот не работи. Во меѓувреме ги проучувам вежбите за задник и нозе на Victoria's Secret што ги објави Фемина.Во среда - примена на вежбите!
Еве ме мене после утринскиот тренинг. Имав проблеми со спиењето вчера и око не склопив цела вечер. Тренингот ми почна во 5:30 со основно загревање, раздвижување и стоплување на зглобовите и мускулите, се околу 10-ина минути. Прва фаза 1000 секунди plank, односно 10x100 секунди. Тоа ми ги стопли стомачните, крстот и рамињата. Втора фаза беа 150 склека со виткање на колената напред. 10x15 серии за прегорување на трицепс, плешките, гради и повторен напад на стомачни. Трета фаза беше рутина од 5 вежби за стомачни кои ги одбрав од ова видео. http://www.youtube.com/watch?v=OEI-LdU8YkU Моите 5 вежби се 2,3,4,10 и 11-та демонстрирана вежба. Разгледајте го, сигурно ќе си најдете нешто погодно за вас. Овие пет вежби ги повторив двапати, секоја по 30 репетиции. Четврта фаза беше планирана како џогирање од 7 км + 10x17 секунди спринтови за комплетно согорување на телото, но истрчав само 4 км и едвај се вратив дома, прекршен и премрзнат. Дуваше студен ветер и ме фати на отворено со мокра облека на мене. Се вратив со тешка главоболка. Не сум целосно на ќејф со утринсково, и требаше да претпоставам како ќе изгледа трчањето во такви услови, ама ај памет за друг пат. Моментално сум посебно среќен што спојлерите ги стопив во топлите летни утра, на идеални услови. Сега да требаше да согорувам спојлери само со склекови и стомачни, ќе беше жустро. Се напив две чаши млеко со две лажици мед, туш и малку ќе си легнам. После ќе си го планирам утрешниот ден. Спојлер
Ухууу, предобра тема . Мене денот ми започна со едно јаболко, и од 10 ипол до 12 ипол саатот возев точак на кеј со брзо темпо. Откако се вратив следеше истегнување на мускулите, па продолжив со 3 серии со по 10 чучњеви и завршив со вежби за зацврстување на задникот. Сега изедов уште едно јаболко и се напив пола шолја јогурт. Спојлер
Oд денеска почнав да вежбам некои од овие, стварноо се суперр. Доуцен има тело најблиску ко моето па мислам дека ми одговараат http://www.femina.mk/%D0%BD%D0%BE%D0%B2 ... ias-secret Инаку наутро пијам топла вода со лимон и се осеќам лесно ко пердув И за крај (не можев да ја најдам сликата): A YEAR FROM NOW YOU WISH YOU HAD STARTED TODAY
Планирам од утре да почнам да вежбам, онака да се затегнам малку не за другото.Ќе почнам со овие вежбите на ангелите на Victoria's secret..... се надевам нема да ме фати мрза
преодбра тема во секој случај но зошто не ја смили барем пред 3-4 месеци тогаш немаше да ми стигнат 5 страници за пишување зошто се убивав од вежби,а сега како сум залегната...а и како сум здебелена почнав да имам фобија од вагата но еве од утре ветувам со сочен текст
Четири дена немав вежбано, си ја имав набиено ногата и не можев ни да одам како што треба. Денес почнав да се враќам во нормала. 1550 скока на јаже 3х 50 стомачни и само 2 километри пешачење затоа што пак почна да ме боли ногата. 20 минути стабилизација, па топол туш со ментол гел и спремна сум за полагање утре
Искачување на Водно (средно) се смета за фитнес ден? Епа денес тоа беше, пешки од Козле до средно Водно и назад (жичарата до горе не ја сметам) и вкупна километража од нешто помалку од 10км. Не е лошо со оглед на тоа што мислев дека сум закржлавена ама јуначки издржав (дури и се изненадив). И да, ниту еден мускул не ме боли
Сабајлечки, од 10 ипол до 11 ипол на пилатес. Вежбавме на топка и со тегови. Некако овој пат не ми се допадна инструкторката, нова беше. Вечер од 8 ипол до 9 ипол сум на аеробик. И мислам дека тоа ќе биде доволно за почетник како мене. Утре пак со исто темпо.
Помината ми е фазата со воспаленија и болки во нозе, грб или било каде, ама вчера после тренингот кога се разбудив почувствував притисок во градите, дали од некаква напнатост и изнемоштеност, што знам. Тоа сум го чувствувал секогаш после напорен ден, т.е. малку претерување, и затоа денес не ми беше ден со кардио. Стопени се спојлерите и ќе се концентрирам на дефиниција. Направив 450 склека (30x15) за 82 минути, 10x100 секунди plank вежба и моите пет рутини за стомачни ги повторив 5 пати и целиот се тресам моментално. Уште сега да си кажам дека утре нема да има мој пост тука. Утре е ден за пауза. А да ве прашам, сте пробале да правите plank? Ај пробајте, кажете мислење како ви се чини, ви требаат 30 секунди за да формирате мислење Одлично ги активира стомачните и го засилува јадрото. @ anabel-a - прочитав некаде дека чучњевите горат повеќе калории скоро од било кое друго поединечно движење во фитнесот. Задржи ги во рутината. Налетав на ова, па да го споделам Спојлер @ Miss.M5 - има повеќе верзии, еве една Спојлер @ Aftermission - Ако е натпросечен напор за еден ден, забрзува пулс и согорува повеќе калории од вообичаено, фитнес е. 10 км не се малку, посебно што не се поминати на рамно
Мене ме фаќа зимска тррска за слабеење и вежбање, пролетта бев на режим и вежбав, пукна лето, ме фати сесија и баталив и се гоев до сега. Немам многу, ама не се чуствувам убаво. Вчера кардио вежби, трчање, степер, јаже, и други безимени вежби малку стомачни, и сѐ тоа окулу еден саат. Планирам месец дена вака млако да вежбам, да набијам кондиција и телото да ми се навикне па после p90x ми е у план за затегање и дефиниција. Скратив од храна, зошто салцево само со вежбање потешко се топи. Хмен минатиот пат plank "вежбата" ја издржував по 5 и поише минути, првите 3 стоев мирно во една положба а после се вртев на една па на друга страна по една минута. Ама тогаш вежбав доста па не ми беше проблем, знаев во истата положба и на една рака да стојам, па да ги кревам колената и сл. Многу добра вежба, јас обично на крај од вежбањето ја практикував, да ја дотрошам до крај енергијата и доброда ги исфорсирам сите мускули.
Последнава година вежбам редовно Орибтрек, но сум вежбала само по 2-3 неделно, a последниве две недели ме има фатено инат и вежбам речиси секој ден-целта ми е да ослабам килце-две, да се затегнам уште малку, а и секогаш кога вежбам се осеќам многу убаво. Вртев Орбитрек 45минути наназад (речиси секогаш наназад вртам заради задникот), а потоа 50 горни, 20 долни стомачни, 15 чучњеви и плус неколку вежби за задник. Вака ми е скоро секој ден, освен деновите кога не вртам Орбитрек, правам вежби по дома 45минути.
Сеуште не сум ги направила, правам пред спиење, помината ми е фазата со болки поради воспаленост. 100 стомачни, 100 чучњеви, и 100 издигања на прсти за зацврстување и дефинирање на листовите. Вака ке терам до крај на месецот и ке зголемам потоа, инаку главно работам на стомачни и задник, помалку на нозе, а на раце ич. Активна сум од пред година и нешто време, со прекини од по месец-два се на се. Инаку сите кои се форсирате, форсирањето носи само контра ефект, нема да ослабнете/зацврстите ако почнете наеднаш со 200 склекови/стомачни/било што. Ова ми е кажано од професионалец. Форссирањето носи резултати само доколку си имате работа со хемии. И исто така мора барем 2-3 дена неделно да има одмор од вежбање, бидејки токму тогаш мускулот расте. Значи чекор по чекор, нема потрба од брзање. Инаку мене многу ме мотивираше следното. -Треба 4 недели да забележите дека телото ви се менува, 8 недели вашите пријатели и роднини да забележат, и 12 недели останатиот свет. Кип Гоинг!
^ И мене многу ме мотивира Денес не ми се вежбаше на орбитрек, па извежбав 10-тина минути различни вежбички - оние на ангелите за задник, 30 чучњеви, 20 стомачни (одамна не сум правела стомачни), и некои ситни вежбички за грб. Овие ги правев и вчера вечер, па денеска веќе мускулите ми беа воспалени После вежбичкиве продолжив со околу 30 мин зумба.
Супер тема :up: Јас одам во теретана 1 месец, претходно вежбав дома. Мојот фитнес ден 40 минути на орбитрек 10 мин на статичен велосипед, 5 серии по 12 пати за задна ложа на шутер, 5 серии по 10 пати чучњеви, на оваа справа 5 серии по 20 пати стомачни на коса клупа и за странични стомачни направив 3 серии по 10 пати и за крај уште 10 мин на степер. Се на се 2 цели часа вежбам. 2 дена вежбање третиот слободен (одмор).