1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мојот фитнес ден (+ мотивации)

Дискусија во 'Фитнес' започната од EleMental, 22 октомври 2012.

  1. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Знам дека има ваква слична тема за диети, каде што се пишува кој што си каснал во текот на денот, но нема кој колку вежбал и какви вежби биле на дневниот план.

    Затоа, еве ја. Тука ќе пишуваме што сме сработиле во текот на денот, ќе се пофалиме со напредокот, и ќе споделуваме мотивациски цитати и слики. Сите сакаме да изгледаме и да се чувствуваме добро, и свесни сме дека тоа не бива само со седење и зборување за тоа.

    Денес направив 300 склека со потвиткување на колено после секој репетиција.
    20x15 репетиции, колку што може по споро за да гори мускулот повеќе. Се активира задникот, мускулите над колената, стомачните, рамињата, плешките, гради и трицепс.

    [​IMG]

    После малку одмор следеа 10 пати по 100 секунди хоризонтали, или т.н. plank вежба.

    Ова не ме "уништи" но толку од денешниот ден, утре имам кардио во план. Без форсирање.

    Повелете

    [​IMG]
     
    На Bitter-Sweet, sweet-star, coeur и 19 други им се допаѓа ова.
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.122
    Допаѓања:
    138.090
    ЕлеМентал, браво за темата. Ја видов во моменти кога се убедував себе дека сум уморна, ми се спие, и не можам денес да вежбам.

    Резултат: 20 минути на орбитрек. Не е многу, ама како за релативно неактивен човек - не е лошо.

     

    Прикачени фајлови:

    • Motivation!.jpg
      Motivation!.jpg
      Големина на фајлот:
      13,1 KB
      Прегледи:
      13.250
    На Marija 1999, Ema.Sk, anabel-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    :clap: :clap: :clap: Баш во период кога си наоѓам секакви изговори и не сум баш редовна како што бев порано.Е, од денес темава ми е мојата совест за вежбање :) И ветувам дека редовно ќе известувам.
    Значи, 15 мин. степер, околу 30 мин. вежби со тегови за раце и гради и 10 мин. вежби за струк со тегови и шипка за истегнување.Толку...Стомачни не правев зошто ми е втор ден од ,,тие,, денови.
    Утре правам пауза, празник е и фитнесот не работи.
    Во меѓувреме ги проучувам вежбите за задник и нозе на Victoria's Secret што ги објави Фемина.Во среда - примена на вежбите!
     
    На EleMental и Ariel им се допаѓа ова.
  4. pato

    pato Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2012
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    30 min од денот за вежбање има секој :)
     

    Прикачени фајлови:

    На bucimir, peperutka20, Minareli и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.122
    Допаѓања:
    138.090
    30 мин на орбитрек, рано сабајле, додека другите кај мене дома уште беа во сон :)

     

    Прикачени фајлови:

    • Motivation.jpg
      Motivation.jpg
      Големина на фајлот:
      30,7 KB
      Прегледи:
      13.045
    На Marija 1999, AhThatFemaleProblems, Sweetheart87 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Еве ме мене после утринскиот тренинг.
    Имав проблеми со спиењето вчера и око не склопив цела вечер.

    Тренингот ми почна во 5:30 со основно загревање, раздвижување и стоплување на зглобовите и мускулите, се околу 10-ина минути.

    Прва фаза 1000 секунди plank, односно 10x100 секунди. Тоа ми ги стопли стомачните, крстот и рамињата.

    Втора фаза беа 150 склека со виткање на колената напред. 10x15 серии за прегорување на трицепс, плешките, гради и повторен напад на стомачни.

    Трета фаза беше рутина од 5 вежби за стомачни кои ги одбрав од ова видео.

    http://www.youtube.com/watch?v=OEI-LdU8YkU

    Моите 5 вежби се 2,3,4,10 и 11-та демонстрирана вежба. Разгледајте го, сигурно ќе си најдете нешто погодно за вас.
    Овие пет вежби ги повторив двапати, секоја по 30 репетиции.

    Четврта фаза беше планирана како џогирање од 7 км + 10x17 секунди спринтови за комплетно согорување на телото, но истрчав само 4 км и едвај се вратив дома, прекршен и премрзнат. Дуваше студен ветер и ме фати на отворено со мокра облека на мене. Се вратив со тешка главоболка.

    Не сум целосно на ќејф со утринсково, и требаше да претпоставам како ќе изгледа трчањето во такви услови, ама ај памет за друг пат. Моментално сум посебно среќен што спојлерите ги стопив во топлите летни утра, на идеални услови.
    Сега да требаше да согорувам спојлери само со склекови и стомачни, ќе беше жустро.

    Се напив две чаши млеко со две лажици мед, туш и малку ќе си легнам. После ќе си го планирам утрешниот ден.

    [​IMG]
     
    На CuteEva, Ariel и Sweetheart87 им се допаѓа ова.
  7. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Ухууу, предобра тема :).
    Мене денот ми започна со едно јаболко, и од 10 ипол до 12 ипол саатот возев точак на кеј со брзо темпо.
    Откако се вратив следеше истегнување на мускулите, па продолжив со 3 серии со по 10 чучњеви и завршив со вежби за зацврстување на задникот.

    [​IMG]
    [​IMG]

    Сега изедов уште едно јаболко и се напив пола шолја јогурт.


    [​IMG]


    [​IMG]

    ;)
     
    На CuteEva, AhThatFemaleProblems, EleMental и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Miss.M5

    Miss.M5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    85
    Oд денеска почнав да вежбам некои од овие, стварноо се суперр. Доуцен има тело најблиску ко моето па мислам дека ми одговараат :) :)

    http://www.femina.mk/%D0%BD%D0%BE%D0%B2 ... ias-secret

    Инаку наутро пијам топла вода со лимон и се осеќам лесно ко пердув :D

    И за крај (не можев да ја најдам сликата):

    A YEAR FROM NOW YOU WISH YOU HAD STARTED TODAY
     
    На EleMental му/ѝ се допаѓа ова.
  9. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    Планирам од утре да почнам да вежбам, онака да се затегнам малку не за другото.Ќе почнам со овие вежбите на ангелите на Victoria's secret..... се надевам нема да ме фати мрза :lol:
     
  10. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    преодбра тема во секој случај
    но зошто не ја смили барем пред 3-4 месеци тогаш немаше да ми стигнат 5 страници за пишување
    зошто се убивав од вежби,а сега како сум залегната...а и како сум здебелена почнав да имам фобија од вагата
    но еве од утре ветувам со сочен текст :)
     
  11. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    11.513
    Пол:
    Женски
    Четири дена немав вежбано, си ја имав набиено ногата и не можев ни да одам како што треба.
    Денес почнав да се враќам во нормала.
    1550 скока на јаже
    3х 50 стомачни
    и само 2 километри пешачење затоа што пак почна да ме боли ногата.

    20 минути стабилизација, па топол туш со ментол гел и спремна сум за полагање утре :)
     
    На Ariel, anichka94 и EleMental им се допаѓа ова.
  12. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Искачување на Водно (средно) се смета за фитнес ден? :$
    Епа денес тоа беше, пешки од Козле до средно Водно и назад (жичарата до горе не ја сметам) и вкупна километража од нешто помалку од 10км. Не е лошо со оглед на тоа што мислев дека сум закржлавена ама јуначки издржав (дури и се изненадив).

    И да, ниту еден мускул не ме боли :smirk:
     
  13. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Сабајлечки, од 10 ипол до 11 ипол на пилатес. Вежбавме на топка и со тегови. Некако овој пат не ми се допадна инструкторката, нова беше. Вечер од 8 ипол до 9 ипол сум на аеробик. И мислам дека тоа ќе биде доволно за почетник како мене. Утре пак со исто темпо.
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  14. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Помината ми е фазата со воспаленија и болки во нозе, грб или било каде, ама вчера после тренингот кога се разбудив почувствував притисок во градите, дали од некаква напнатост и изнемоштеност, што знам.

    Тоа сум го чувствувал секогаш после напорен ден, т.е. малку претерување, и затоа денес не ми беше ден со кардио. Стопени се спојлерите и ќе се концентрирам на дефиниција.

    Направив 450 склека (30x15) за 82 минути, 10x100 секунди plank вежба и моите пет рутини за стомачни ги повторив 5 пати и целиот се тресам моментално.

    Уште сега да си кажам дека утре нема да има мој пост тука. Утре е ден за пауза.

    А да ве прашам, сте пробале да правите plank? Ај пробајте, кажете мислење како ви се чини, ви требаат 30 секунди за да формирате мислење :D

    Одлично ги активира стомачните и го засилува јадрото.

    @ anabel-a - прочитав некаде дека чучњевите горат повеќе калории скоро од било кое друго поединечно движење во фитнесот. Задржи ги во рутината.

    Налетав на ова, па да го споделам

    [​IMG]

    @ Miss.M5 - има повеќе верзии, еве една

    [​IMG]

    @ Aftermission - Ако е натпросечен напор за еден ден, забрзува пулс и согорува повеќе калории од вообичаено, фитнес е. 10 км не се малку, посебно што не се поминати на рамно ;)
     
    На Marija 1999, Ariel и Artemission им се допаѓа ова.
  15. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Мене ме фаќа зимска тррска за слабеење и вежбање, пролетта бев на режим и вежбав, пукна лето, ме фати сесија и баталив и се гоев до сега. Немам многу, ама не се чуствувам убаво.

    Вчера кардио вежби, трчање, степер, јаже, и други безимени вежби малку стомачни, и сѐ тоа окулу еден саат.
    Планирам месец дена вака млако да вежбам, да набијам кондиција и телото да ми се навикне па после p90x ми е у план за затегање и дефиниција.
    Скратив од храна, зошто салцево само со вежбање потешко се топи.

    Хмен минатиот пат plank "вежбата" ја издржував по 5 и поише минути, првите 3 стоев мирно во една положба а после се вртев на една па на друга страна по една минута. Ама тогаш вежбав доста па не ми беше проблем, знаев во истата положба и на една рака да стојам, па да ги кревам колената и сл. Многу добра вежба, јас обично на крај од вежбањето ја практикував, да ја дотрошам до крај енергијата и доброда ги исфорсирам сите мускули.
     
    На EleMental, Ariel и XMaN им се допаѓа ова.
  16. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Последнава година вежбам редовно Орибтрек, но сум вежбала само по 2-3 неделно, a последниве две недели ме има фатено инат и вежбам речиси секој ден-целта ми е да ослабам килце-две, да се затегнам уште малку, а и секогаш кога вежбам се осеќам многу убаво.

    Вртев Орбитрек 45минути наназад (речиси секогаш наназад вртам заради задникот), а потоа 50 горни, 20 долни стомачни, 15 чучњеви и плус неколку вежби за задник.

    Вака ми е скоро секој ден, освен деновите кога не вртам Орбитрек, правам вежби по дома 45минути.
     
    На Ariel и XMaN им се допаѓа ова.
  17. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045

    ме мотивира девојко го допијувам кафево и одам да го земам јажето :)
     
    На thinkerbell му/ѝ се допаѓа ова.
  18. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Сеуште не сум ги направила, правам пред спиење, помината ми е фазата со болки поради воспаленост.

    100 стомачни, 100 чучњеви, и 100 издигања на прсти за зацврстување и дефинирање на листовите. Вака ке терам до крај на месецот и ке зголемам потоа, инаку главно работам на стомачни и задник, помалку на нозе, а на раце ич. :) Активна сум од пред година и нешто време, со прекини од по месец-два се на се. :)

    Инаку сите кои се форсирате, форсирањето носи само контра ефект, нема да ослабнете/зацврстите ако почнете наеднаш со 200 склекови/стомачни/било што. Ова ми е кажано од професионалец. Форссирањето носи резултати само доколку си имате работа со хемии. И исто така мора барем 2-3 дена неделно да има одмор од вежбање, бидејки токму тогаш мускулот расте. Значи чекор по чекор, нема потрба од брзање. Инаку мене многу ме мотивираше следното.

    -Треба 4 недели да забележите дека телото ви се менува, 8 недели вашите пријатели и роднини да забележат, и 12 недели останатиот свет. Кип Гоинг! :!:
     
    На Dinnna, Cence, Lux и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.122
    Допаѓања:
    138.090
    ^ И мене многу ме мотивира

    Денес не ми се вежбаше на орбитрек, па извежбав 10-тина минути различни вежбички - оние на ангелите за задник, 30 чучњеви, 20 стомачни (одамна не сум правела стомачни), и некои ситни вежбички за грб. Овие ги правев и вчера вечер, па денеска веќе мускулите ми беа воспалени :)

    После вежбичкиве продолжив со околу 30 мин зумба.
     

    Прикачени фајлови:

    • Keep going.jpg
      Keep going.jpg
      Големина на фајлот:
      29,2 KB
      Прегледи:
      642
    На EleMental и XMaN им се допаѓа ова.
  20. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.690
    Допаѓања:
    23.031
    Пол:
    Женски
    Супер тема :up:
    Јас одам во теретана 1 месец, претходно вежбав дома.

    Мојот фитнес ден 40 минути на орбитрек 10 мин на статичен велосипед, 5 серии по 12 пати за задна ложа на шутер, 5 серии по 10 пати чучњеви, на оваа справа 5 серии по 20 пати стомачни на коса клупа и за странични стомачни направив 3 серии по 10 пати и за крај уште 10 мин на степер. Се на се 2 цели часа вежбам. 2 дена вежбање третиот слободен (одмор).
     

    Прикачени фајлови:

    На anichka94, anabel-a и EleMental им се допаѓа ова.