Вчера не стигнав да пишам, но тоа не значи дека забушавав. Како што и планирав, го искористив сонцето и покрај тоа што немав друштво сама возев ролери на стаза од Влада до крај, мислам кај Влае некаде завршува и назад. Вкупно саат возење, неколку километри и мнооогу позитивна енергија. Во друга ситуација, јас како зависник од друштво, би останала дома, но се заинаетив и отидов сама. Толку добро си поминав, се опуштив и се наполнив со позитива што повеќе не викам никој со мене, не ми треба. Само слушалки на увце и добра волја, бест френдс за физичка активност.
Мојот вчерашен фитнес ден: - Вежби за истегнување; - Вежби за грб од Фемина; - Вежби од Фитнес Блендер (нешто слично на Бразилските); - Планк 2х50. И, мојот денешен краток фитнес ден: - Вежби за истегнување - Tummy Tuck вежби за стомак од програмата Brazil Butt lift (имаше уште едно за денес ама немав доволно време за двете); - Обичен планк 2х50 и страничен планк 4х30. Спојлер
150 склека со потвиткување на колена после секој репетиција. за загревање 450 репетиции кревања на нозе 10 пати спринтање околу 85 скали, за кардио 60 склека со рацете скоро залепени за телото и на ниво на градите, за поголем отпор. Ова сериозно воспалува тетиви на рамињата. Благодарам Artemission за освежувачките зборови Спојлер Посебно за женскиот род тука Спојлер и нешто од George St. Pierre Спојлер
Јас на почеток на последна, 4та недела. Резултати да,со голо око Со вагата не се дружам,пошто се фокусирав на зголемување на мускулна маса,а топење на сало. Keep your motivation high!
повторно кардио тренинг 60 минути денес вежби за стомак и горен дел од тело серии 6 повторувања 20 денес едвај извежбав , некако немав сила ... утре ке одмарам најверојатно стомачните никогаш до сега не ми биле вакви , стомакот ми е максимално затегнат одиме понатаму ...
Вежби за загревање и овие http://www.youtube.com/watch?v=MFlH8XJs ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=ziua5FMEjmc&feature=plcp
И денес ко што реков, отидов на фитнес..ама некако не ми даваа многу да вежбам, што знам Ги праев (по моја претпоставка) најосновните вежби за раце,нозе,стомак,гради и грб во 2 серии по 15 повторувања..И кардио 30 мин (сакав и повеќе на лента али ме потсобра таа и ме прати дома за да не сум плачела ) А мене инаку ништо не ме боли сега ..малце и се бедирам ради тоа али ајде...утре е нов ден -пак на вежбање
Спојлер Вчера не бев нешто многу активна, само 15 мин. Орбитрек и една генералка на собава што и удрив Денес 48мин. Тае Во - Cardio + Орбитрек 15мин Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=HNDsGliURms Денешните вежби Спојлер
Не бев во можност да пишувам во темава од Петокот, а за тогаш верувале или не испешачив цели 18км, па нормално после тоа немав сила ни за една вежба. Саботата освен мало пешачење не вежбав, а па вчера ич, денеска исто нема да вежбам , се чувствувам грдо поради тоа, ама барем кога ќе пишам овде ми олеснува некако, како исповед ми доаѓа, не дека имам некое оправдување, ама неда ми се што би рекле србиве, а кога не да ми се, ништо не правам па што сака нека биде! Не, да се разбереме, знам дека може секој ден да ми биде така, ама ако одложувам си правам полошо за мене, ама не сакам да вежбам со сила, си ја сакам енергијата од пред некој ден кога со насмевка вежбав, а не да не сакам да помислам на вежбање. Денеска баба ми ме пофали дека сум се стопила и дека има голема разлика во мојот изглед од септември до сега, па да и верувам, а и јас забележувам, плус многу исрекна жена е, кај неа нема лице, знаете што ми рече лани? За моето здебелување од пред неколку години? Еее, бабе каква беше, ко некоја преснива од позади во задникот, а сеа си слаба како штица, тоа кога беше мојот врв на слабеење. И така, од утре со нови сили. И на крај кога е во прашање слабеењево заклучив дека ако сакам брзо слабеам и брзо се дебелеам исто така, во рок од година дена можам да се здебелам и во рекордно време да ослабам, што е донекаде и лошо, а донекаде и добро. Добро што можам да се вратам во некоја нормала брзо, а лошо што морам многу да пазам и да внимавам на секој залак зошто може скапо да ме чини. Го заокружувам мојов Нефитнес ден со околу 4,5 км пешачење, се чудам зошто телефонов кажува 13(нешто се пореметил или не ми мери како што треба)
Кога се нема време за целосен тренинг и половичен мислам дека задоволува, нели? Денес планирав дружба со Орбитрекот, но либето реши да ме задржи на подолго (гледавме филм, you dirty minds) па се пореметија и моите фитнес планови. Ако немам време за вртење Орбитрек можам барем да се истегнам малку и завршив со 20 минутна активност, 3х30 чучњеви и неверојатна болка во грбот. Најверојатно од брзање се исфорсирав и истегнав некој мускул повеќе и на погрешно место. Се надевам до утре ќе се оправам, ме чека нов напорен ден.
Оваа тема баш ми е по кејф.....обожавам да вежбам...нема ништо подобро не можам да замислам ден без да одам во теретана правам 1 саат кардио -30 мин на орбитрек -30 мин на степер после тоа правам уште 1 саат вежби за раце, нозе, гради, грб, газ..... најмногу правам стомачни....секој пат гледам да правам повеќе и после сето ова сум како нов човек имам само едно прашање за време на вежбањето пијам само вода али имам видено дека некои пијат дали тоа се сокови или нешто друго врска немам па кажете што би можела да пијам за време на вежбањето наместо вода?
^^ Има и спортски напитоци со засилена доза електролити и шеќери, но барем според мене, не ти требаат такви работи, доволно ти е вода во текот на тренингот. Давале енергија, ама никако не се целосно природни штом биле осмислени во лабораторија па поминале низ машини за да стигнат во тоа шише, па до тебе. Пристојната исхрана пред и после тренингот ќе ти даде доволно енергија, а водата те хидрира и освежува во текот на тренингот. Можеш евентуално да исцедиш еден лимон во 0,33 литри шише вода и тоа ќе ти послужи како плус освежување, киселко со витамин Ц.
Денес, 2 ден на фитнес - вежбите за раце, нозе, стомак ми ги зголеменија за плус 15 повторувања (едвај ги издржав за рамо и трицепс мускулите ми гореа, ама ако ) + кардио пред и по вежбање И мотивација секогаш ова си го викав фала богу ми текна да преземам нешто
Се преценив јас за инсејнити. Фит тестот неможев да го издржам. Се изгубив во вежбите, си стојам и ги гледам како вежбаат. Се препотија, на женската алал нека и е Орбитрек златен, никогаш нема да те напуштам! Загревањето само ме препоти и измори, а орбитрек на пример колку и да вртам не ме изморува. Ми треба добри саат време да се испотам. Незнам што е работава Како и да е, саат време редовно ќе вежбам орбитрек затоа што со инсејнити си забушавам многу. Keep calm and do some fucking Cardio
Планирав да одмарам денес , но не ми се одмараше па право во теретана чунки утре бил ден на дрвото па не работела теретаната Како и да е добро се изнавежбав : 3 пати по 30 мин на орбитрејк помеѓу вежбав за нозе задник бутни кичма и стомачни Едвај се довлечкав дома , и така .. прекрасно се чувствувам сега Инаку јас пијам само вода пред за време и по тренинг , околу 2,5 или 3 лит дневно Верувајте водата е најдобар чистач на токсини ! Пијам насабајле и пред легнување цеден лимон и 3 пати во денот зелен чај . Оваа комбинација за мене е идеална , супер ми е . Една девојка на фитнес комбинирано со здрав режим на исхрана и фитнес секој ден пие и течен Л карнитин резултатите кај неа се фантастични , за 2 месеца се стопи женава Не знам колку е тоа добро да се пие , јас на пример не би пиела не знам дали е штетно тоа или не , но видете распрашајте се , некој постручен може има поинакво мислење . Супер сте сите , само напред
Па ако се високи доси на Л-карнитин (ко суплементите што ги продаваат по теретаните и сл.) мислам дека не е добро да се пие , може срцето да ти прелупа (некои аритмии мислам) ...
Л- карнитинот не предизвикува такво дејство од аритмии и др. глупости не знам од каде е муабетов. Има дејство на забрзано топење на маснотиите на тој начин што ги транспортира до митохондриите и таму се претвораат во енергија.. Еве ви дополнителни информации: http://vitamini-minerali.weebly.com/1083-10821072108810851080109010801085.html http://doktori.mk/element/view/4ed284474001b/L-karnitin Јас го пијам и немам гајле, а како што забележав го пие и Артемишн.. btw и во аптеки се продава во вид на таблети со не толкава концентрација на чист Л-карнитин Мојот фитнес ден и не баш толку сјаен денес, но наопаку ми е денов ионака па си се тешам дека и ова ми е доволно: 30мин. Орбитрек со менување отпор + 3х50 класични стомачни + малку вежби за раце со не знам како се вика таа гумата со рачки од двете страни Спојлер
Хм, денеска бааѓи наопачки ден за мене, закаснив на факс, по пат ми се скина рачката од ташната, бев само 6 часа спиена па кога се вратив преспав и кога станав дека лошо сонував имав ужасна главоболка, на што се должеше не знам, место да се разбудам одморена, јас се разбудив како којзнае што да сум правела, но и тоа не е оправдување за невежбање. Покрај телефонот што ги покажува 9,6км испешачени направив и 2х25 стомачни, почна кичмата да ме боли и ништо друго не направив иако можев, утре повеќе. Мислам дека добро ми мери со оглед на тоа што пешачам по 90 минути плус до продавница што бев.
Јас пијам Л-карнитин со години, но само кога имам физичка активност. Дава многу енергија, делува при согорување маснотии и е аминокиселина која е присутна во мускулното ткиво, а најмногу ја има во црвеното месо, млекото и млечните производи. Јас воопшто не јадам црвено месо и скоро секогаш чувствувам недостиг на енергија па затоа надокнадувам вака. До сега немам забележано дека слабеам побрзо од ова, но има голема промена кај мускулите и намалена болка и напнатост после било каков тренинг. Велат согорувало калории и доколку мируваш, но јас сакам да ги користам со активност за двојно да го зголемам ефектот. --------------------------------------------------------------------------------------------- Мене грбов денес со ист интензитет ме боли, но сепак планирам и ќе се потрудам и да повежбам малце. Од пусто брзање вчера се повредив и сега ќе си сносам последици. Едвај се веднам, цел ден сум со појас и ужасно ме чувствувам ама не се предавам и нема да одмарам.