40 минути Jillian Michaels - Killer Buns & Thighs Левел 1 25 минути Jillian Michaels Kickbox workout Mинатата недела некако почна да ми се намалува мотивацијата и вежбав само три пати во цела недела и тоа по пол саат. Ама од денес си продолжувам со старото темпо. Мотивации:
сабајлечки тае бо 45 мин и вежби за back and chest и плус на машина вежби за chest . покасно во теретана ќе одам некој 2 саати кардио
Вчера 10 километри статичен точак, денес пешачење и возење обичен точак во природа За утре ми е во план пилатес. Од пред две недели сум и на малку поинаков режин на исхрана, па ќе видиме какви ќе бидат резултатите. Мотивации
60 минути: Jillian Michaels: 6 Week Six-Pack Abs Workout- Level 1 10 минути: XHIT: 10 Minute Ab Workout: How to Get a Six Pack Мотивации :
Денес 10 километри точак + 45 минути пилатес. Вежбам со месеци, ама трета недела сум и на поинаков режим на исхраната и почнав да ги чувствувам резултатите И во обем и на вага. Само се надевам дека нема да забушавам летово. Јадењето не ми е проблем, колку што ми е вежбањето на вакви температури Ми се затнуваат ушите, притисокот ми паѓа, едвај издржувам. А точакот многу ме истоштува, многу се потам и некогаш ми се чини ќе се онесвестам... Досега наместо вода пиев чај (незасладен нормално, од здравствени причини), ама правам пауза од чајот и се утепувам од пиење вода. Особено кога вежбам. Има едно шише од 750ml, и вака пресметано преку 3 литри вода внесувам. А една од омилените работи за овој период од годината ми е што има огромен избор на овошје и зеленчук, што ти душа сака! И се' е полесно. Ќе ми никне бавча во стомак кај и да е Покрај сопствениот прогрес, и ваквите теми ми се мотивација А и tumblr блоговите на девојки кои секојдневно вежбаат и постираат мотивации и резултати
24 мин HIIT кардио 15 мин грб 13 мин нозе 37 мин комбинирано кардио и раце рамена бицепс трицепс немам некоја сила за покасно за во теретана ама да се надевам ќе ме трефне некоја мотивација за да откацам до 2 саата кардио или евентуално нешто трето.
10 километри точак + 30 минути пилатес Исфрлив некои вежби што ги практикував подолго време, од денес почнав со нови, па ќе видиме како ќе се покажат. Јас многу и не се анализирам пред огледало, ама денес приметив дека вежбите за задник ми биле ефикасни. Резултати - убаво подзатегнат и поткренат задник Ама треба уште да се вежба. Точаков секогаш ме препотува, којзнае колку вода губам од телото, па цело време пијам како ненаситна. Мотивации
80 склекови време е да почнам во теретана излеа.. ама сам не ми се оди, ако има за друштво тука слободно пишете .. да одиме заедно.
Вчера 10 километри точак, денес 45 минути пилатес. Вчера немав време за пилатесот, па затоа го оставив за денес. Сакав да почнам и да трчам, имам игралишта во близина, ама времево ме зафркава Летово ако бидам во можност, планирам да станувам рано и да одам на трчање. Мотивации
Одамна не сум била активна во темава Денеска не вежбав многу, ама сепак бев активна, трчав околу 35-40 минути на кеј Спојлер
Денес на менито - 50 минути пилатес. Ќе го прескокнам точакот, ама добро, оправдано. Башка бев послушна периодов, редовно вртев. Ќе си дадам одмор денес Мотивации
И јас почнав од вчера! Редно време беше 10 мин загревање 25 lunges 60 squats (планирам секој ден да си зголемувам за 5) 50 crunches 30 sec plank Дали мислите дека ќе се види некој резултат за 2 недели на пример, со здрава исхрана? Слаба сум, само сакам да се стегнам. Прашувам зошто секој ден сакам да ги правам вежбиве, ама да не биде телото да ми се навикне на нив па ништо на крај да испадне. И дали мислите би било подобро секој втор ден да го правам Fit Test-ot од Insanity Workout. Прилично е тежок затоа.
Од денес и јас доаѓам пак во оваа тема, овој клуб Започнувам да внимавам на благо,леб газирани сокови. А за почеток ќе почнам со ова.
Јас вежбам полека и почнувам со вежби на рацете 10, вежби за задникот 10 + со масажер се масирам + користам креми. Мене повеќе ми помага масажерот а овие вежбите само за зацврстување на задникот и масните наслаги. Јас вежбам 3 дена интензивно, а 3 дена одмарам бидејќи сум почетник оваа недела така од другата постепено повеќе ќе вежбам помалку ќе одмарам
Здраво девојки! Јас имам дома „Орбитрек“ купен од Бидифит и почнав почесто да вртам на него па сакав да прашам нешто. Вчера вртев околу 35 минути и ми покажува кај distance 13.53. Toa se 13km или?