И денеска теретана 1час и околу 15 мин. (Одам 4 пати во неделата) Иако предходно имав болки во коленото,денеска пак се качив на орбитеркот на 7 мин.како загревање. Потоа вежби со тегчиња за раце (од нет што си ги гледав) 3 вида на вежби,3 серии по 10 пати.Тегчињата стандард 2,4 и 5 кг. Чучњеви со тегче,3 серии по 10. Потоа на справа за нозе и задник 3 серии по 15,со тоа што првата серија 25кг,втора серија 30кг и трета серија 35кг. Вежба за раце и гради (на справа што се влече во правец на гради па потоа зад главата во правец на грб,ептен ибјаснив ) 3 серии по 15. Стомачни 3 серии по 10 И за крај точак 5 мин. Жива вода се сторив Дајте кажете ми да не претерувам со вежбите на раце,си имам увртено некој страв ептен мускул да не ми се познава па да се буткаме на рака со дечко ми ??
Л- карнитинот не предизвикува такво дејство од аритмии и др. глупости не знам од каде е муабетов. Има дејство на забрзано топење на маснотиите на тој начин што ги транспортира до митохондриите и таму се претвораат во енергија.. Еве ви дополнителни информации: http://vitamini-minerali.weebly.com/1083-10821072108810851080109010801085.html http://doktori.mk/element/view/4ed284474001b/L-karnitin Јас го пијам и немам гајле, а како што забележав го пие и Артемишн.. btw и во аптеки се продава во вид на таблети со не толкава концентрација на чист Л-карнитин Имам пример од кај што сум го извлекла муабетов, плус кардиолог ми има потврдено, а инаку ова важи за оние л-карнитини кои се продаваат во фитнес клубовите (поради поголемата концентрација на л-карнитинот) а не по аптеките..баш поради тоа што ослободува енергија повеќе се оптоварува срцето т.е. повеќе него што организмот е способен да издржи (е сега фала богу се зависи од човекот и јачината на неговото срце)...и да не е премногу офф
Завршив и погодете што? Ми се пушти кичмата и сум како препородена Конечно можам да си ги допрам стапалата Се утепав од благослови према машинава и ќе си прснам од среќа. Извозев 25 минути со статични рачки и уште 10 целосно активна на појак отпор. Согорени 240 калории и поминати 16 километри. 5 минути трчање во место. 20 склека и уште 10тина минути вежби за нозе и тегнење. Плус вежбав со појасот и се препотив, гарант и во обем кај половината сум лизнала некој сантим. И знаете што?
Денес само 40 минути на орбитрек. Немав време за повеќе, а нема изгледи дека ќе биде подобро следните 3 месеци. Децата почнав да ги легнувам на време (во 8 ), ама имам една дополнителна обврска секоја вечер од 9 до 10, па вежбањето ми е од 8 до 9, значи околу 40-45 мин + туширање. Касно ми е да вежбам после 9, а морав и дополнителната обврска да ја додадам, и тоа е тоа. Само никако да легнам во 11, и цело време сум ненаспана. Се собираат работи и за после 10 - домаќински работи, подготовки за следниот ден, време за либето... а денот има само 24 часа...
Девојки јас сум на Инсенити програмава и баш добро ќе ми дојде Л-карнитинот, па сега не разбрав баш најдобро кој беше подобар овој од аптекиве или од теретаниве што е? благодарам
Фитнес не фитнес, битно си го превиткав раменото. * Во место трчав околу 5 минути, колку да се загреам. * Направив по 25 чучеви, со мали паузи. * И вежби за затегнување на нозете, и задникот. - Поентата ми беше, да си направам стомачни, ама некако слабо ми оде.
15 чучњеви и саат време на орбитрек гледајќи Switched at birth и се стремам утре цели две епизоди со вежбање да изгледам ( 80 мин. ) Најубавото чувство!
Денес се навршува еден месец откако почнав редовно да вежбам. Почнав со 20 минути вртење на орбитрек по кои се чувствував како да сум се качила на Хималаи, а еве денес вртев еден час на, многу поенергично отколку на почетокот, и без некој посебен напор. Вежбањето ми премина во навика, и веќе не барам изговори, напротив, едвај чекам да дојде времето да вежбам. Се чувствувам супер и имам многу повеќе енергија од порано.
Јас заборавам да пишам редовни извештаи ама вежбам редовно најмалку 3 пати неделно. Само што завршив со 30мин на орбитрек на поголем отпор па добро се испотив, пред тоа 30 мин вежбав раце, грб, нозе и задник со тегови. Планирам уште некои вежбички за истегнување и доволно ми е. И онака исхраната толку енергија ми дозволува, си одам на комбиниран режим ограничена здрава исхрана и вежбање. Него во однос на л-карнитинот одамна се мислам да си набавам па ако може подетално инфо девојки колку го земате и во каква форма е, а и какви резултати ви покажал нели комбиниран со вежбање. Јас мака си мачам со последниот вишок нешто ситно, можда 2-3кг, ама ми сметаат, сакам затегнат стомак без грам па изгледа ова ќе ми помогне само... а не сакам да сум на строги диети. attachment=0]556710_232407396877820_855380775_n.jpg[/attachment]
Денес ептен напорен ден ми беше , со оглед на тоа и без оглед на тоа во прилог мојот фитнес ден течеше вака: Околу 7 испешачени км + Вежби за нозе денеска 2х50 чучњеви 1х25 со пружени нозе и спуштање до долу без да се допре земјата и кревање горе 2х20 раширување и собирање. Доста е за денес + си направив план, секој ден почнувајќи од утре со пауза во недела и четврток, ќе правам исти вежби, значи комбинирани кардио и вежби за нозе и стомачни и секој ден ќе наголемувам додека не дојдам до повторување од 300 пати стомачни и чучњеви, а од другите до 2 х 30 пати. После точно еден месец, некои вежби ќе задржам, а некои ќе ги изменам т.е плус ќе додадам нови. Пешачењето останува Останете мотивирани...
Вечерва почнав со brazilian butt lift. Ги направив basic целосно и bum bum докај пола некаде. Течеше пот од мене. Значи ефикасни се. Повеќе се изморив сега, со овие вежби, него ли кога одев на аеробик. После уште 30 минути на Орбитрекчето и тоа беше се. А да, и преска испешачив едно добри 10 км. (вежбав заедно со моето куче-тој е мојот тренер)
после еден ден пауза повторно теретана денес извежбав : -45 мин орбитрејк -30 мин брзо одење на лента -45 мин орбитрејк пак Нешто многу запнав со кардио , сакам да стопам уште маааалцее од нозеве море има да стопам до крај на декември па што сака нека е Сликава подолу денес многу ме насмеа и мотивира поздрав до сите
И уште еден ден во теретана,овој пат 1 час и половина. Вежбите стандард што ги пишував и досега,плус додадов една вежба на справа за нозе 3 пати по 8 (многу тешка ми беше )и плус уште една вежба со тегчиња за раце. Се препотив денеска
И мене денес ми додадоа некои вежби, али новата за нозе (буткаш плоча нагоре-ама објаснив ) ме препоти од 3 повторувања Инаку знам дека викаат дека првите денови мускулите отекуваат и слично ама ја нозеве мн отечени и зголемени си ги осеќам Има шанси за такво нешто? Бидејки ја немам некоја посебна желба за форсирање на мускулите на нозете.. Инаку денес се преморив, воспалениево ме држи не ме пушта Само се надевам дека ќе помине побрзо зашто вежбите што ги правев првиот ден без напор (знам дека секогаш е најлесно првиот ден) денес едвај ги издржав, а новите неможев ни да ги издржам и тоа мн ме нервира
Добро се држам. Целам кон плочки, и богами има резултати. * Секој ден правам +10 стомачни. - Понеделник - 5 - Вторник - 15 - Среда - Пауза (ме фатија грчеви и тој ден паузирав) - Четврток - над 20 стомачни. Сега малку ми се врти, ама сигурно е од премора, нема шанси да е од стомачните. Имам некоја мотивација за вежбање, ама незнам од каде толку многу.
20 стомачни по 3 серии , и 20 мин вежби за нозе и задник Сакам да ги вежбам рацеве ама незнам со какви вежби а склеквои не можам да правам имам пробано до 5 и паѓам
Пак еден саат на орбитрек. Имам еден куп обврски, вечерва ќе заглавам, ама решив да не го прескокнам вежбањето, зошто ни работата, ни садовите во кујна не се поважни Страшна промена има кај мене во односот кон вежбањето! Многу погоре ми е на листата на приоритети, се чувствувам како да си наштетувам сама себе ако не вежбам! Каква мотивација, пријатно сум изненадена од сама себе
Стварно треба да пишувам редовно.. многу ми се фаќа вака. Вторникот, мојот фитнес ден се состоеше од мноогу трчање. Конкретно, цели 40 минути, со какви уште не подвизи. Спринтови, трчање со високо кренати нозе, 'butt kickers', странично, одење клекната до третина сала, потоа спринт и така натака.. you got my point. Потоа дома правев вежби за истегнување, планк 3х50, 25 чучњеви и грбни вежби од Фемина. И нормално, едвај ги мрдав нозеве после. Средата: - Вежби за истегнување; - Планк 3х50; - Чучњеви 2х25; - Грбни вежби од Фемина. И денеска (четврток): - 10 минути Cardio Axe - 15 минути Tummy Tuck; - 25 минути High and tight; - HIIT вежби од Фитнес Блендер. И да.. уште ме болат нозеве ама пусти инает мој - не се предавам. :geek: Едит: Се сложувам со Ариел. Многу ми е чудно ако немам извежбано до вечерта, па бар на крај некогаш правам планк, неколку склекови или стомачни. Се изненадувам дури. Спојлер