Мене некако еланот ми паѓа, и секогаш кога вака се осеќам сум ја правела истата грешка, преќинувам со вежбање, демек додека добијам мотивација, ахам, добивам после неколку години кога не можам повеќе да се трпам, епа нема, овој пат ќе го победам. Синоќа исто така опаднав мотивационо, абе додека да станам мислам дека нозете ко планина ми беа тешки, ама приметив дека кога почнав одма се смени работата, после 5 минути на степер веќе не осеќав ништо од мрзата, значи само да се почне. Дури и си извежбав чучњеви, стомачни, склекови и иако не ја вежбав таа програмата од 50 минути, како што и мислев почна да ми здосадува више па направив промени некои. Значи било што само да се почне. Овој пат не и се давам на мрзата Мотивација? Мотивација ми се денешните -6 цм во струк
30 секунди Plank 30 стомачни 40 calf raises 50 секунди wall squat 100 jumping jacks кревање на 1 кг, по 50 пати со двете раце http://www.youtube.com/watch?v=HrpW5PliIdU и уште 20 стомачни И мотивација
Мојот фитнес ден: 1. 100 jumping jacks 2. 20 lunges each side 3. 10 burpees 4. 100 squats 5. 50 crunches 6. 1 min plank 7. 1 min wallsit 8. 100 calf raises 9. 50 leg lift each side 10. 50 inner thigh lift each side 11. 10 push ups Squats, calf raises i wallsit по 2 пати ги правам, сабајле и навечер.
Денес: - Level 3 30 day shred. Изминатите два дена не вежбав поради здравствени причини. Денес прв ден од третото ниво, кое што не ми се виде како тешко, освен последниот сет со кардио кој што беше поинтензивен, па потешко беше да се прават движењата, ама искрено, не ни осетив како поминаа тие 27 минути.
Да се запишам во темата за прв пат. Денес, на поголем отпор вежбав на орбитрек 15 минути. Во план сум секојдневно да си задавам одреден предизвик. Кој секако ќе го испунам! направив 101 чучњак што и воедно и го соборив мојот рекорд. и 10тина мин со теговите. Испешачив околу 4 км со бројните мои активности обврски. Инаку не одев намерно на сала да пешачам или трчам. Сега останува да си го спремам ручочето и на посао! Елан за вежбање имам многу! и секојден е поголема, ахам! Редовно го гледам и the biggest loser i редовно читам некои успешни стории што ми се дополнителен мотив. Секако, скромно, налик на зека, НАЈГОЛЕМА мотивација ми е кога самата ќе се погледнам во огледало и до мене стои ДЕБЕЛАТА и ПОСЛАБАТА ЗЕКА која се стреми кон идеално тело. Подобар извор за мотивација нема! Салцето полека исчезнува од критичните делови!
Јас вчера 21 км на велосипед, ама не на статичен, на нормален и по улици виулици, по угорници, низ град, наваму натаму.... Дома кога стигнав немав сили за ништо, пошто и дожд ме фати, некаде над Државна, беше страшно за возење. Денес може нема да можам да вежбам, ама за утре спремам голема програма, апдејтувана
- Level 3 30 day shred - Кревање на тегови од 2кг, 5 серии по 25 во секоја рака и една серија од 4кг во секоја рака - Кревање на тегови од 2кг, 3 серии по 20 во секоја рака
40 секунди plank 50 стомачни 30 lunges 40 calf raises по 30 leg raises на нога 30 knee crunches 30 cross crunches 20 leg raises 20 cycling cross crunches 30 Овие за одсабајле, после пак ќе вежбам И мотивации
http://www.youtube.com/watch?v=3gFqHKVUUOY#t=105 + http://www.youtube.com/watch?v=ZJ8Zdj0OPMI Од мене нема мотивации, брзам сега на вежбање.
Моите фитнес денови се ужас. Ама искрено не можам да испланирам време ниту сум во состојба за квалитетен тренинг од голем умор. Цела недела креветот не сум го наместила дома, замислете останатото во каква состојба е Но одам, понекогаш и само на половина час ама одам. Често се разочарувам што сум толку мотивирана и не наоѓам начин да си ги остварам амбициите. Килажата остана непроменета но погодувам дека дел е трансформиран во мускулна маса. Престанав да се мерам во обем очигледно нешто правам погрешно и по сите обиди. Затоа што и таму некако нема промена ама алиштата ми стојат повеќе од добро. Зборувам за пантолони кои пред некои 2 месеци едвај ми влегуваа до колена, зборувам за ланското палто на кое морав на 2 пати да ја шијам петлицата која ми летна од цицкиве Сега таман е, мислам, ме закопчува салам, уредно, без напори. Добив голема пофалба од тренерот во теретана. Пред маж ми и пред останатите. Вели дека во неговата кариера во овој град не видел некој толку посветено и амбициозно да се посвети на вежбањето. Рече дека мојот труд е неспоредлив со оној на машките, треба да се огледаат и мотивираат од мене, затоа што за женските членови сум била најголема мотивација. Ми приоѓаат луѓе со пофалби и прашања. Сите ме фалат за фигурата. Сепак е точно дека промената ќе ја видат сите после 3 месеци. Резултатите се забележителни. Сега самоуверено можам да облечам бикини, шорцеви, кратки фустанчња, с и м бројчиња. Моја мотивација е типот што од старт сакаше да ме плесни. Мислам, да и таква дебела, да не збориме кога веќе бидна да сум во топ форма. Кутриот, со камуфлирана ерекција, одбегнува случајни тренинзи со мене, во обид да се фокусира на вежбањето Денес го јавна точкакот на смешни 2 и пол сати, бавно со наведен поглед си вртеше и од време на време фрлаше поглед на кај мене, за при тоа себеси да се опомени за глупоста и да продолжи фокусирано да гледа во подот.
Денес не сум вежбала, само пешачев 2км. Туку, да ви се пофалам јас дојдов. Утрово гледам, мешето ми се намалило. Јееј, сега фармерките ме собираат. И мускулчиња на рацете сум си направила.
Уф која разлика од утрински тренинг и вечерен тренинг, денес вежбав рано наутро, прекрасно чувство. Обично ви кажувам вежбав саат, саатипол, денес решив да ви раскажам како изгледа еден мој тренинг. Саат ипол вежбање по следниов распоред: *40 минути степер *Вежби за истегнување на топка, истегнување на долен ден од стомак, на гради, на горен дел од стомак... *Стомачни со долен грб на топка и нозе под 90 степени, 3 различни типа на вежби по 18 повторување *Стомачни на земја со нозе на топка, 4 различни типа на вежби по 18 повторувања *Долни стомачни со топка меѓу нозе, 3 различни типа на вежби по 18 повторувања *Вежби за грб, обратни стомачни, 18 повторувања *Вежби за стомачни без топка, легната на грб со нозе, 9 типа по 18 повторувања *Вежби за странични стомачни, спојлери, на топка, 2 типа по 18 повторувања, за секоја страна *Вежби за странични стомачни легната на земја со топка, 3 типа по 18 повторувања *Чучњеви со широки нозе и топка 30 повторувања *Чучњеви со споени нозе 20 повторувања со топка во страна, за секоја страна *Исчекор со топка во двете страни по 18 повторувања, за секоја страна, 2 типа на вежби *Истегнување на стомачни со топка во двете страни по 18 повторувања *Балансирање со раце на топка, 3 вида до 30 секунди *Вежби со тегови, не ги знам точните називи на мускулите но знам дека правев 5 типа на вежби по 25 повторувања и тежни од по 5 кг во секоја рака *За крај истегнување и смирување на телото со неколку чекора Не знам дали е малку, дали е многу, мене ми одговара оваа програма, го наголемувам времето на степер скалесто, наскоро ќе одам до кај 60 минути. На мене се гледа и повеќе од потребното слабеењето, кога ќе имам фотки ќе ви приложам. Од моја претпоставка имам ослабено накај 6 килограми, некои си 10тина см во обем, може и повеќе, не сум се мерела одамна. И немам потреба да се мерам, се гледам, изгледам како никогаш мислам дека. Онаа Ангел од црвениот фустан испари Мотивација? Самата себеси сум си мотивација и моето големо огледало кое дава убава слика од мене