Мене вчера ме немаше, но вежбав. Најпрво од сабајле ги вежбав овие https://www.youtube.com/watch?v=X1TuhAn6C-g потоа правев 55 чучневи, планк издржав одвај 40 секунди и вечерта повторно ги правев овие вежбите од јутуб. Денес исто така до сега еднаш го вежбав тие вежбите од јутуб, после ќе ги вежбам уште еднаш. Денес направив 60 чучневи и повторно едвај издржав 40 секунди планк. Исто така во план ми е да ги направам и овие вежби https://www.youtube.com/watch?v=_7fHGwLS8Y0 Мотивации: ЗАМИСЛЕТЕ СИ ГО ЗАДОВОЛСТВОТО ПОСЛЕ ДОБАР ЗАВРШЕН ТРЕНИНГ. БИЛО КОЈ ТРЕНИНГ Е ПОДОБАР ОД ОНОЈ КОЈ ШТО ВООПШТО НЕ Е ПОЧНАТ.
Денеска требаше да трчам, меѓутоа времето ми ги расипа плановите. Како и да е, дождот не ме спречи. -5 мин. трчање во затворено -5 мин. вежби за растегнување -10 мин. интензивно кардио и вежбите од ова видео: http://www.youtube.com/watch?v=CRGrcSDhynQ Мотивација: Kayla Itsines ми стана вистинска мотивација. Планирам да ја разгледам нејзината програма, па можеби и ќе ја почнам.
Како што ме мава нервоза деновиве, мислам дека потполно ќе полудам да не ми е вежбањето. На почетокот мразев што се потам (ГЛУПАВА), а сега обожавам да сум жива вода целата, обожавам! И покрај тоа што нормално е ефикасно вежбањето штом се потиш, ами и не прекинувам да се потам кога ќе прекинам со вежбање, се туширам, излевам од туш, јас уште се потам. Одма после туширањето, се масирам со професионален масажер и антицелулитна крема со слим ефект има, се масирам додека не почне се да ме чеша, едно добри 45 минути. Дечко ми кога е дома и кога може ми ги масира нозете убаво пола час, а јас стомакот, рацете и на нозете внатрешниот дел. Денес вежбав: - Орбитрек 20 минути - 50 Jumping jacks - 50 Squats. Утре следуваат вежби за рацете и задникот со тегови, и секако кардио.
сабајлечки рано jillian michaels banish fat boost metabolisam,вежби за раце 10 мин,10 мин брзо кардио,на машина weider 2100 правев некои вежби,upper body weight trening from insanity,и во теретана на точакот (оној ко орбитрек) 40 мин плус на точакот обичен 5 мин,hoola hop 35 min,на лентата трчав и пешачев и на крај тргнав накај дома пешки 10 мин брзо па ме зедоа со кола после.мислам дека е доволно за денес.
Латино фитнес денес,загревање 10 мин,30 мин кондициски танц,30 мин експрес танц + неколку вежби со тегчиња од 2 кг,стомачни и чучњеви.
Последниве 4 дена секој ден по 6 км на кеј. Резултатите се видливи! Нозете цврсти и затегнати, задникот зацврстен и подигнат, стомакот среден е 70% остана уште малку да се израмни! Уште 7 дена имам да видиме дали ќе го постигнам тоа што го сакам.
-3 километри трчање, 20 минути од прилика, со една пауза. -5 минути вежби за стомачни -Подигање на вратило и за бицепс и за трицепс. Ова ми оди малку тешко, ама ќе биде. Цел ми е да ги зајакнам овие мускули. И најголемата мотивација што ме држи деновиве: http://www.youtube.com/watch?v=uO_jfEk-adw
Денес т.е вчера доцнам дваесетина минути ги вежбав овие вежби два пати https://www.youtube.com/watch?v=X1TuhAn6C-g потоа 65 чучневи и 45 секунди планк.
Вака така, стигнав до 10ти ден од 30 day shred Програмава ја почнав онака, ноншалантно, без никакви планови до каде ќе стигнам. Паралелно ја комбинирав со други активности, бидејќи вежбите се баш за почетници. Од утре едвај чекам да го почнам вториот левел, ми досади овој. Веќе го научив цело 20 минутно сценарио Дали ќе ги комбинирам вежбите со нешто друго - не знам. Ама имам 10 дена за истата рутина, така што веројатно ќе стигнам до левел кога ќе имам енергија и кондиција за нешто плус. Мотивација И еден потсетник за сите во темава дека правилната исхрана е исто толку важна
Денес овие вежби https://www.youtube.com/watch?v=X1TuhAn6C-g ги правев еднаш не знам дали ќе ги правам уште еднаш, планк 45 секунди, 70 чучневи и овие вежби https://www.youtube.com/watch?v=3WHiONLTPlE Ме утепаа овие вежби.
Oбично не следам конкретно некоја програма туку си правам комбинации кои најмногу ми одговараат, а бидејќи брат ми студира на ДИФ често ми кажува некои вежбички и ме подучува, па предност ми е. Денес еден час вежбав.Почнав со малку кардио, но искрено не издржувам многу зошто имам слаби коски и зглобови па од вака брзи вежби имам болка.Продолжив со по пет вида вежби за нозе, задник, стомачни, 10 женски склека и по 2 мин страничен и нормален планк.Новост ми е што се кревав на шипка која стои во собата на брат ми многу долго време, а мене ете никогаш не ми текнало да вежбам на неа, многу моќно се осеќав некако како цело тело да се затегнува.На крај завршив со неколку јога пози, малку за релаксација и истегнување. Мотивација и цел ми е ваков задник и вакво тело
Денес не сум добра ич, омалаксана, без волја за ништо, сите ме нервираат, само сакам да спијам и да лежаммммм, а сепак успеав и добро да јадам, и да извежбам. Извежбав прилично малку денес, само кардио пола час до 40 мин некаде, кардио-кардио ама бар вежбаввввв! Се препотив на орбитрекот, луѓе вода тече од мене како некој да ме полил со кофа, никогаш волку не сум се потела, ајде на арно нека е потењево! И пешачење, секој ден по час, час и пол, го шетам кутрето.
Јас до денес не ни знаев дека може да се крене температура од премногу вежбање До душа, вежбав само 20 минути, ама цел ден бев активна на нога и вежбите уште толку ме докрајчија. Не можев да го смирам телото. Среќа гугл знае сé, па успеав да се вратам во нормала по неколку применети совети. Денес почнав со вториот левел од 30 Day Shred. Малку потешки вежби, ама со оглед на тоа колку бев преморена, добро се држев. Не прекинав, ги истерав цели и тоа по теркот на Натали И плус на сето тоа уште едно часовна прошетка со кутрево, затоа што нејзе не ја интересира колку си ти преморен. Си ја сака дневната рутина и точка Мотивации