Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мојот фитнес ден (+ мотивации)

Дискусија во 'Фитнес' започната од EleMental, 22 октомври 2012.

  1. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Како одминува работната недела така и мојата енергија се намалува.
    Вчера не вежбав и реков денес морам. Се прибрав малку подоцна и немав време да одморам ниту јадам, па се пресоблеков и на Орбитрек.
    Едвај извртев 30 минути мислам тие 4те маслинки што ги изедов низ нос ќе ми излезеа. :tmi:
    30 склека, 50 чучњеви, нешто тегнење и скокање и крај за денес.

    Утре претчувствувам ќе ескивирам или ќе се заинаетам можда и ќе ме мотивирате па ќе свртам по некое кругче. Ауф, ама сум уморна отидов на бањање и во кревет.

    [​IMG]
     
    На Ema.Sk, T.e.d.d.y, LaBella и 9 други им се допаѓа ова.
  2. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Ќе правиш женски склекови и постепено ќе ги отежнуваш.. Исто ќе се дигаш на мускули со мала помош од нозете и постепено ќе олабавуваш од помошта :).

    Има и повеќе вежби со тегови за рацете но и само со овие многу ќе напреднеш.

    Секогаш има начин ако се има желба ;)
     
    На Ema.Sk, Dinnna, L-enna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    Имам тегови па ке пробам така прво со најмалите после со поголемите :)
    Фала :)
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Мојот фитнес ден се состоеше од следново:
    Да напоменам дека приоритет ќе ми бидат стомачни и чучњеви се до средина на декември и некои така вежбички плус вклучувајќи кардио, а потоа со се надевам поголема кондиција вметнувам и други вежби:
    - 4х50 чучњеви;
    - 2х50 + неколку гратис стомачни;
    - мало загревање за раце;
    - трчкање в место речиси минута;
    - + пешачење од (телефонот ми кажува) 7, нешто ама јас заокружувам на 7.
    [​IMG][​IMG]
     
    На Ema.Sk, tessi, Artemission и 6 други им се допаѓа ова.
  5. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    - Ке земеш позиција како за машки склекови, и со лактите ќе застанеш на земја, и пробувај да го мрдаш г'зот горе-доле ама пополека, но никако да допираш до земја, со ниеден дел од телото освен со лактите. Пробај така околу 30 секунди. ;)
     
    На Rose96 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Ми текнаа уште две припремни вежби па ако сакаш комбинирај си :) .

    Ќе застанеш како за машки склек и ќе ја подигнеш едната рака скроз до рамо (ќе ја свикаш во лакт) и телото малку ќе го заротираш па откога ќе ја спуштиш истото се повторува на другата страна. Ова ќе ти ги зајакне рацете ама и општо е многу корисна.

    Другата е исто позиција за машки склек ама место да правиш целосен склек само малку подвиткај во лакти (7-8 см) и исправи се. Така ќе можеш да направиш поголем број повторувања и плус го зајакнуваш целото тело.

    Ете сега имаш многу можности да си ги зајакнеш рацете ;)
     
    На Ema.Sk и Rose96 им се допаѓа ова.
  7. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Иако ја утнав работата со исхраната,барем можам да кажам дека вежбањето ми оди.Секој ден освен во средата стандардните вежби ми беа на репертуар.Сега за сега по 25 мин на орбитрек,3x15 чучњеви,3x50 стомачни и вежби за нозе, задник и раце.Сега за сега супер ми оди и ме радува тоа што некако не ја губам желбата за вежбање,што за мене е многу типично :)

    [​IMG]
     
    На Dinnna, Ema.Sk, Lux и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Денеска без обврски си извежбав пола пред ручекот, а уште ми останаа чучњевите за вечер и нешто кардио.
    До сега извежбав само:
    - 1 час на орбитрек (30 мин. напред и 30 мин. на назад)
    - 3х50 стомачни.
    Следи нешто малку пешачење и тоа што го пишав погоре за остатоков од денот.
    Енергија фул. 8)
     
    На Dinnna, Ema.Sk, LaBella и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Каде сте денеска, пост врз пост сеа морам да напишам:
    Останатите вежби:
    4х50 чучњеви + 4 км испешачени + една минута трчање во место, плус тоа од погоре, мускуливе ме болат, ама слатка болка е, штом боли, ќе има ефект. ;)
    Мотивација плус од мене за денеска и за тие кои до сега не вежбале или се токмат да вежбаат:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Ariel, Rose96, Dinnna и 4 други им се допаѓа ова.
  10. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.482
    Еве ме и мене Lux :) Искрено ме мрзи секој ден да пишувам :D Денес заглавив 2 и пол саати. Гради, бицепс, трицепс, стомак и 30 минутен кардио тренинг. Поштено. Утре имам нозе стомак и кардио. :)

    [​IMG]
     
    На Ariel, Dinnna, Ema.Sk и 3 други им се допаѓа ова.
  11. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Денеска малку слабо. Ама подобро нешто одколку ништо.
    Планот беше вака:
    2 серии со по 20 чучеви, 2 серии со вежби за затегнување на раце. и две серии со по 12-20 стомачни. :!:
     
    На Ariel, Lux, Rose96 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.039
    Допаѓања:
    1.092
    Пол:
    Женски
    Еве ме и мене, пробав прееска два пати да пишам, не сакаше нешто постот да се прати :^)
    Два дена паузирав и да ви кажам право вчера ме гризеше совеста дека не вежбав. Деновиве заглавувам со учење до 6-7 сабајле, станувам во 3 на ручек и цел организам ми е пореметен, па така и мојот фитнес ден не беше нешто посебно:
    - 20мин. Орбитрек
    - до 2ра мин од вежбиве (од прилика првите 20 и нешто вежби)

    http://www.youtube.com/watch?v=i5eJQyra ... ure=relmfu

    [​IMG]

    Патем морам да ве пофалам сите колку сте истрајни, многу е мотивирачко делувате сите :clap:
     
    На Ariel, Lux, Rose96 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Некој петок навечер е излезен и се журка, а некој е дома и вежба :muscle: Yep, that's me.

    Се заинаетив вечерва и реков ќе вежбам иако креветот очајно ме посакуваше на него. Некако не ми се вртеше Орбитрек и решив само да трчам во место онака малку колку да се раздвижам и размрдам.

    Пуштив радио, го фатив Бранчез на Сити и си почнав од малку за да завршам после 30 минути без престан "трчајќи" и рипајќи во ритам. Мислам дека се препотив и ги оптоварив мускулите на нозете сосема доволно, а и рацете гледав што повеќе да ги активирам за да не заостануваат.

    Дополнително х30 расчекори со двете нозе, х30 чучњеви, х30 склека, х30 стомачни и х30 грбни.

    :geek:
    [​IMG]
     
    На Zenski Svet, Ariel, tinkerbelll и 8 други им се допаѓа ова.
  14. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    ^
    Не си сама! :D

    Искрено, реков дека денеска нема да вежбам. Сабајлето немав време од обврски за нашкола, вечерва уморна бев. Си се облеков за спиење и нешто не ми дозволуваше да легнам, криво ми беше што не вежбав. И така, од таа грижа на совест во доцните часови извежбав:
    - Вежби за истегнување;
    - Планк 4х60;
    - Страничен планк 4х45 (по 2 пати на двете страни);
    - Женски склекови 2х25;
    - Чучњеви 25;
    - Во клекната положба за чучњеви, 20 кревања на прсти (btw, бутовите ми изгореа).

    [​IMG] ;)
    Сега со мирна совест одам да се оптегнам в кревет. :whew:
     
    На Ariel, Lux, Rose96 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    дајте нека ми каже некој дали вежбање дома од 15 минути е доволно вежбите се чучњеви стомачни раце нозе ... паралелно држам и моја диета единствено само таа ми помага да симнам килажа
     
  16. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.039
    Допаѓања:
    1.092
    Пол:
    Женски
    Зависи, ама бидејќи си спомнала дека сакаш килажа да симнеш, удри повеќе на кардио вежби + овие вежби што си ги набројала, па здравје кога ќе дојдеш до посакуваната тежина, тие 15 мин ќе ти бидат рутина во затегнување и одржување на телото во форма ...но ако стигнеш до таму, самата ќе сакаш да вежбаш повеќе од 15мин. дневно :)
     
  17. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    па не се нешто многу кила4-5 за симнување а инаку јас од секогаш имам мускулесто тело значи немам целулоид никогаш во животот ако можеш некој линк од кардио вежби да ми пуштиш оти ептен сум тапа за вежби
     
    На Dinnna му/ѝ се допаѓа ова.
  18. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.039
    Допаѓања:
    1.092
    Пол:
    Женски
    Јас вежбам Тае Бо и се многу ефектни, како на пример ова
    http://www.youtube.com/watch?v=HNDsGliURms

    но ако не ти се допаѓаат, пиши си на youtube cardio workouts и најди си соодветно за тебе, имаш вежби што траат пократко

    и да не бидеме ептен офф топик се надевам ќе ни простат :)
    [​IMG]
     
    На Dinnna, Ema.Sk и eva11 им се допаѓа ова.
  19. Dinnna

    Dinnna Популарен член

    Се зачлени на:
    19 мај 2012
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    423
    Пол:
    Женски
    јас сум на принудна пауза неколку дена
    ме боли мн глуждот на ногата , изгледа лошо имам згазнато , вчера ми беше малку отечено
    денес сум добра . Морам да одмарам ;(
    Ех што чудо ке бев :@
     
  20. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Станувам редовно во 9 наутро ,правам 300 стомачни (комбинирани - за ректус и обликвус абдоминалис) ,па ја земам бициклата и возам 3 км до работа .Таму - максимален ангажман додека не ми падне склопката.
    Си идам дома (пак 3 км за назад - вкупно 6) ,одмарам некои 5=6 минути ,па идам на зумба.

    Одвај чекам да ми го поправат Орбитрекот ,не можам без него ,неџзаменлив ми е.


    Мотивација - кофеин ,мода и модни додатоци ,секси ass & abs ,плус бенефит - намален ризик од остеопороза на стари години.
    Мора да се мисли уште од порано!
     
    На Dinnna, Ariel, lackygirl и 6 други им се допаѓа ова.