Јас не пишувам редовно во темава, бидејќи во глобала исти активности терам последниов месец. Пешачење + No More Trouble Zones. Ама редовно ве читам и редовно вежбам. Денов ми беше прилично долг, полн со обврски и на крај се исфорсирав со NMTZ. После вежбање еден доооолг, врееееел туш, па ручек богат со протеини и сега уште едно кафе ми фали Џулиен гледам најавува ново видео, едвај чекам да го видам, иако NMTZ ми е омилено од нејзините и не знам дали ќе извади нешто што повеќе ќе ми се допадне. Засега добро ми оди со ова, ама гледам дека за брзо време ќе треба да го комбинирам со нешто, да земам потешки тегови или нешто слично, бидејќи ќе ми треба нешто по challenging. Ќе почнам да тапкам во место. Мотивации
Јас немам проблеми со тежината сакам само да си ги затегнам нозете и стомакот , па вежбам на степер 6 дена во неделата, седмиот одмарам. Што мислите дали степерот е добар за затегнување или? (инаку вежбам различно секој ден , минимум 30 минути, некогаш по 50 и внимавам и на исхраната) http://forum.femina.mk/attachments/large-png.179278/
Денес прв ден вежбање после долго време. Чувството е прекрасно. Се разбудив мотивирана за вежбање, дури и откако ги направ вежбите што ги имав испланирано се чувствував како многу повеќе да можам но ајде да не се воспалам. 30 squats 50 jumping jacks 6min abs workout 30min fat burning cardio мојата мотивација Спојлер
Јас денес бев расположена за возење - 10km статичен точак Завчера истерав No More Trouble Zones, вчера едно убаво пешачење, а денес се дружев со точакот. Откако затерав со вежбите на Џулиен уште од летоска, скроз го заборавив. Па денес новата епизода Revenge на лап топ, чајот и пешкирот до мене и вози Мишко Заборавив колку многу се потам додека возам точак, убаво ми дојде. Осеќам дека и оваа зима ќе возам многу, кога веќе времево надвор е непредвидливо за човек да си испланира пешачење или трчање. И нормално од NMTZ не се откажувам, ќе ги комбинирам двете. Мотивации
Девојки јас дефинитивно активно се враќам во темава....си давам себеси фора до недела полека да го подготвоам организмот и мускулите. И од понеделник почнувам активно да се фрлам на работа. Се читкаме.
Петок резервиран за NMTZ + околу 6 километри пешачење. А денес не бев баш наспана и сега после малку црвено винце ќе бидам кома ноќеска Туку не знам што ќе се прави со куќниве слави бре луѓе, ќе треба дупло повеќе да вежбам пред да отидам некаде, зашто не ми трпи срце да не пробам нешто и да се напијам Ај за арно, за убаво. Слики овојпат нема да ставам, мотивација нека ви биде сѐ што ќе изедете и испиете на слава. Тоа мора да се потроши
Денес ја откажавме старата теретана и потпишавме членство во нова полуксузна.внатре има сауна базент кошарка тенис зумба кикбокс часови тушкабини и што уште не. бидејќи месечната рата е голема ќе гледам да го искористам тоа што ми се нуди на најголеми можни начини.I AM GONNA PUSH REALLY HARD!! блиску сум до целта уште само неколку килограми. за денес си оставив само да вежбам јога 38 мин доста напорна недела со вежбање ми помина па маклу релаксирање. утре најверојатно ќе одиме во новата теретана да се изнавежбаме ко луѓе. лентата за трчање е ко авион со телевизор,со усб стик да ставиш слушалки и екстремно мека за трчање... сега се зависи од мене како ќе ја искористам приликава.
Денес вежбав пилатес 45 мин + уште пола час на елиптична справа супер е кога ќе се размрдаш уште од сабајле
Леле ама ме испоти второто ниво од 30 дејс шред на Џилијан Мајклс! Многу потешко е од првото, или јас уште не бев спремна за него, не знам што е работата. И тоа ги правам полесните вежби, за почетници. Го вежбав во сабота и недела и денес се ме боли. И ноќеска се ме болеше, до толку што не можев да заспијам, а немав сила ни да отидам да земам Б6 да се подопуштам. Денес уште се ме боли, ама пак ќе вежбам вечер. Клин со клин се вади
Мене денов ми тргна малку наопаку, а со тоа и цела работна недела, па вечерва сакав убаво да се истрчам. Ама времево е ладно, грдо и непредвидливо. Ми се чини секој момент ќе истури. Па решив да останам дома и да вртам точак. И онака имав епизода од Revenge за гледање. Извртев 12km. И баш за последниот километар ми заврши епизодата, па видов колку споро поминува вртењето кога немаш што да те занимава Паралелно терам и NMTZ, уште не ми е здосадено.
Женски јас праќам краток поздрав. 3 ден како вежбам, после една серија од многу добро воспаление, каде не можев ни на кревет да седнам. Да не зборам за нешто пониско. Имам проблем со десен мускул, надколеница, ама ќе терам додека не направам поголема беља. Crunch - 30 Push up - 18 Squats -30 Стомачни после секоја серија по 30. Стартувам и со скокање на јаже - 30.
некој да не знае нешто некоја информација за програмата RUSHFIT? штотуку разбрав ама неможам да ја симнам преку торент или земунда има закон тука можат да ме стрпаат во затвор ако ме фатат дека користам тоа
Здраво, не знам дали на муабетов му е тука местото или кај диетите ама пошто таму главна цел е слабеење затоа одлучив тука да си прашам. Користите ли посебен режим на исхрана? Не мислам на овошје, зеленчук, протеини него што поточно и колку? И дали некој од вас користел протеински прашок (без разлика кој вкус) во готвење и шејкови? Целта ми е поголем мускулен процент.
Неколку луѓе ми кажаа дека сум ослабела, па затоа се опуштив. Немав вежбано скоро 10 дена. Shame on me! Вежбав дваесетина минути комбинација од јога, зумба, аеробик и танц, во превод играње на песни. Тоа ми беше загревање, иако се препотив. После тоа вежби за нозе. Омилени ми се, дефинитивно продолжувам да ги вежбам. И за крај Тифани. Чил вежби, за размрдување. Се тоа едно по друго, без паузи за да биде поефикасно.
Од денес решив активен живот да водам,денес 1 час аеробик ,се надевам дека ќе продолжам и дека нема да се откажам
Јас точно една недела немав вежбано, немав време покрај нашава Ивкова слава А искрено ни енергија немав. Денес едвај се наканив да го истерам NMTZ. И не ми е толку истоштувачки вежбањето, колку што ми е проблем затнувањето на левото уво. Значи на нерви ми оди, ептен ме иритира! Низок притисок имам, па кога вежбам ми се затнува увото, а ако се наведнам ми се одзатнува. Ама така е постојано и стварно ме нервира. Да не има некој овде сличен проблем, да ми каже како се справува со тоа? Јас сите можни совети за низок притисок ги применувам, ама кога вежбам ужас ми е! Туку, мотивации за вас
Нешто ни замре темава последниов месец Не за друго, туку слави имаше, а и ладно е, не може човек да трча Јас послушна бев, да можам без грижа на совест малку да се опуштам околу празнициве И морам да кажам дека кога се однесува на мотивацијата, многу е полесно да вежбате со некое видео. Јас кога не сум расположена за вежбање, најтешкиот дел ми е додека се наканам, додека облечам хеланки и го распостелам подметачот. Веќе кога ќе ја пуштам Џулиен, терам до крај. Па и брзо некако ми оди, дали дека цело време зборува додека вежбаме. И знае на кои делови се губи веќе сила и доаѓа тешко, па тука најмногу удира со мотивација. Јас од No More Trouble Zones уште добивам болки во мускулите после вежбање, а еве веќе некој месец тоа го терам. И планирам со тоа да продолжам додека не ми досади. Или додека не си најдам некое друго добро видео. Мотивации
од денес го почнувам предизвикот од blogilates што е на јутуб . календар за јануари од 2015 наменет за почетници.. секоја ден има различни видеа кои се наоѓаат на јутуб.. Day 1 : Pop Pilates for Beginners - Total Body Workout мотивации: