Денов го почнувам симболично со 20 склекови и 50 стомачни оти нели изморени сме од вчера Инаку оваа година ветувам поголема активност
- Day 3 of blogilates 2015 calendar : 30 second plank + + ❅ ❅ ❅ ❅ ❅ ❅ ❅ ❅ ❅ ❅ ❅ ❅ ❅ ❅ ❅ ❅ ❅ ❅ ❅ ❅ ❅ ❅ ❅ ❅ ❅ ❅ ❅ ❅
Се зависи од тоа во колкав калориски дефицит си. За да ослабеш 1кг треба да бидеш во дефицит од околу 7000 кал.
Обожавам да вежбам и да си го одржувам телото затегнато и во добра кондиција.Одам на фитнес 2-3 пати неделно,но попратно вежбам и дома кога сум слободна.По неколку вежби кои ми се омилени. И на фитнес кога сум не се форсирам мн,да дигам големи тегови или да вежбам претерано и да се препотувам,затоа што немам цел да симнам килограми,задоволна сум од своето тело.А и никогаш не сум се ни трудела да вежбам со цел да ослабам или сл.Имам страшно добар метаболизам и стално одржувам иста линија.Но сакам да се грижам за своето тело и да не го запуштам. Се хранам здраво,но често си се почастувам и со не толку здрави јадења .Голем гурман сум и јадам буквално све и све сакам да пробам.И во текот на денот практикувам да јадам што почесто и умерено.А диети никогаш во животот не сум држела и мн сум против нив.Затоа што мислам дeка и оние што сакаат да симнат килограми можат тоа да го постигнат со здрава исхрана и попратно вежбање и активност. И еве ви неколку слики за мотивација.
После четири месеци активно вежбање, паузата што започна со новогодишните празници не ми е од корист. Недоистегнато се чувствувам, закржлавено, ми фали вежбање, па затоа едвај чекам до некаде да поминат празнициве и да се фрлиме повторно на напорна работа, потење, смеење и насмевка дури се враќам до дома
Знаете ли колку чини месечна членарина за во фитнес центарот во capitol mall I колку пати неделно и работно време. Фала барав на интернет нема некои подетални информации
Леле Хипица, иста приказна сум и јас. Одморот не ми годеше толку колку што си мислев. Убаво си имав разработен систем претходно, си знаев кога и што јадам, кога вежбам, а сега како целиот биоритам да ми се измести. Се осеќам подуено, како пивтија некоја А 10 дена не се премногу, особено споредбено со тоа колку месеци вежбам активно. Денес си реков доста беше несреден живот, па си ја фатив старата шема од рано сабајле. Пазев колку и што јадам, какви комбинации правам, па извежбав со Џулиен, и еве сега ручек богат со запазени состојки. Одма е по друго Мотивации
девојки јас веќе подолг период имам проблем со мотивација да вежбам, порано тренирав тенис активно секој ден, само зима 3 пати неделно и се чувствував одлично, но откако немам со кого повеќе да играм, престанав да бидам физички активна, дома да вежбам сама не бидува, пробував али не ми оди, почнав на фитнес и одев само месец дена, а релативно ми е блиску околу 10мин пешки, се хранам здраво, пијам вода, чаеви вака зимно време, но желба за вежбање немам.. па ако може некој совет како да си ја повратам мотивацијата
Кај мене маката е што не вежбам дома. Никако не успеав да си створам таква навика. Додека живеев Скопје, кејот ми беше блиску, па ќе успеев да се натерам да одам на трчање, ама овде немам услови баш. Вежбам аеробик, така најмногу ми одговараше зашто во група со повеќе луѓе имам повеќе мотивација, ама паузираме месецов, па едвај чекам да се вратиме на старо. Инаку, одамна те следам како упорно работиш на своето тело и воедно на своето здравје. You go girl!
Мене денес ми се вртеше точак - извртев 12km. Постепено накачувам, се тргнав од таа 10ка што упорно ја терав. Ми се чини дека цел чајник што го испив се трансформира во пот, жива вода се направив! Утре знам дека нозете нема да ме држат, од завчера што вежбав ме болат, а и денес ги исфорсирав. Плус овојпат и со тегчињата вежбав раце, кога веќе ништо не правам со нив додека вртам. И зобам јаболки по цел ден. Сега барем се најевтино овошје што ќе го најдете на пазар, а здрави се. И забите стануваат побели Поголема мотивација од нова година нема - да си ветите дека во 2015та ќе почнете редовно да вежбате. Ама не само да си речете, туку стварно да почнете.
Дефинитвно решив да вежбам после празниците и еве четврт ден ми е. Искрено се чуствувам многу убаво после вежбање.Би требало да симнам околу 10ина килца,се надевам еднаш засекогаш ќе се придржам и ќе си ја исполнам целта годинава.И ептен сум мотивирана. Денеска имав 30 минутно кардио,35 стомачни и 50 squats.Инаку го започнав squat challenge-oт ама денес ми е rest day па да не биде без ништо.
Vcera pocnav da vezbam seriozno I da si zapisvam posle 30denovi ke go postiram beleznikot so izvezbanite denovi
Нова година, нови почетоци. Јас го избрав focus t-25 за овогодишен почеток. Почнав денес со кардио и едвај ги завршив вежбите, правев и паузи (кои не се дозволени) и модифицираните вежби но ги направив, едвај но ги направив.Денес направив повеќе од вчера па горда сум на себе за тоа
Мене денов ми беше шашав, дали притисокот ми беше низок, не знам што беше работата. Не ми се вежбаше, како без енергија да бев. Ама успеав да ја истерам NMTZ На моменти имав чувство дека ми се расцепуваат мускулите на парчиња, цело тело како да ми гори. Не знам утре како ќе се чувствувам, ама сега ми е супер Мотивации
Кој тоа те лаже дека во Focus T-25 не се дозволени паузи? Како прво, тој програм е составен од високо интензивно исцрпувачко кардио коешто нормален почетник нема шанси да го издржи без поголеми паузи. Како второ, сите тие ликови коишто учествуваат во тие видеа вежбаат со месеци и месеци, а можеби и години. Не верувај се што ќе видиш и прочиташ на интернет. Како трето, човек кој имал помала физичка активност, нередовно вежбање и сл., нормално е да се заморува лесно, да губи здив, да го болат ребра, да нема кондиција, сила, но се тоа е знак дека даваш максиум. Тоа е и поентата на вежбањето- ПРОГРЕС! Со текот на времето ќе имате се поголема и поголема кондиција, сила, издржливост, вежбите ќе ги правите поквалитетно, но тоа никој не го постигнал со 2 недели вежбање, туку со констатно вежбање и прогрес.