Денес ми е 5ти ден и можам да кажам дека многу подобро ги правам вежбите.Денес имав 30 минутно кардио,70 чучњеви и 40 стомачни.Искрено после кардио се чуствувам многу поубаво жими се Само стомачните ми се малку мачни ама ќе ги совладам бре не се давам така лесно.
Неколку месеци престанав да вежбам и сега сакам да си ги вратам добрите стари навики. Додека е студено ќе вежбам скоро исклучиво дома. Проблеч ми се сите вежби кои прабат бука (како скокање на пример) бидејќи вежбам навечер и детето ми спие (како и комшиите оддоздола) а и паркетот почна да реагира под притисок на 60 и кусур кила кои рипаат на исто место секој ден. Некој совет за видео каде нема да ги имам овие проблеми? Претерувам нели хахахха
Девојки незнаев каде да го поставам прашањето затоа тука пишувам. Дали е подобро да се прават вежби во студена соба или каде што е топло?
Тоа не игра воопшто улога. Разликата од топла и соба со нормална температура е во тоа што во топлата можеш многу полесно да дехидрираш. А тоа рекламите со потењето дека влијаело на топење на мастите се чиста лага.
Прво благодарам за информацијата Петре Прличко Вчера продолжив со speed 1.0 , a денес total body circuit вежбите вчера сите ги направив повеќето од видеото а оние кои не можев модифицираните но денес ме уништија вежбите.Многу беа тешки претерано, се обидев но цели 10 мин од видеото не вежбав,извежбав едно видео до Тифани и 6min abs hip hop abs пак програма на Shaun T . Mоите мотивации
Jaс знам дека најдобра температура за вежбање е 17 степени.Во теретаната кај што идев толку се обидуваа да ја одржуваат.
Девојки денес првпат ќе идам во теретана...досега не сум била...да си прашам таму некој од вработените што вежби треба да правам или ?? Бидејки немам поим, не сум била досега...
Денес убаво извежбав после одморот следува цеден сок од зеленчук и овошје ,мотивација насата Марија Нацева
Од денес повторно започнав да одам во "Фитнес клуб", во нашиот град. Не може баш така да се нарече, бидејќи имаа помал број на справи, но добро е. Не е како во теретанта во којс одев порано, но е потивко, без толкава гужва како што е таму. И од денес ветувам дека секој ден ќе вежбам , затоа што за време на празниците се направив како свиња. Па еве ја мојата денешна шема: - изодив 20 километри на лента за трчање - истрчав 7 километри на лента за трчање - 10 мин. точак - 5 мин. ОрбиТрек Ова е првата серија. + Еве ја втората а воедно и последна за денес, ќе да е (Овие вежби дома ги правев): - 40 мин. ОрбиТрек - 50 чучњеви - 20 стомачни - 30 сек. Plank - Пробав да ги направам сите вежби од видеово, ама не успеав . Последната вежба не се ни осмелав да ја направам, не дека е тешка, туку не можев. Задоволна сум. Согорив над 700 калории, а од денес почнав. Но утре се прашувам, дали ќе можам да стојам на нозе?
Само што направив 150 чучњеви -филинг прауд. Инаку секој ден по трипати ги правам овие вежби за нозе и задник Мотивација сте ми вие искрено кога читам колку сте постигнале и сеуште се трудите и работите на своите цели. А најголема мотивација ми е реакцијата на луѓето што ми рекле дека неможам. Anyway кога ќе завршам со долниот дел продолжувам со стомакот. Немам сало ама немам ни рамен стомак така да малце ќе ми треба да го затегнам. Толку за денес
Прашањето го поставив и во друга тема ама мислам дека оваа е посоодветна Некој поискусен нека ми предложе што би било најдобро да се јаде после тренинг, после вежбање? Целта не ми е слабеење, туку добивање мускулна маса и дефиниција на телото (ако така се вика ова)
Вчера правев пауза. Според календарот сабота се одмара но јас одмарав вчера. Денес продолжив со вежбите за четврток. Ab intervals вежбав и добро се изморив и испотив, мислам утре ќе ме боли се. Мотивации
После вежбање земи јади храна богата со протени.Пример од месо,пилешко или мисиркино.Јаткасти плодови(ореви,бадеми,лешници,кикиритки,индиски орев..).Авокадо,брокула,карфиол.Варена или подпечена пченка.Направи си милкшејк.Јас правам со банана и боровинки најчесто или банана,соино млеко и малини.Одлични се и полни со протеини. Варено јајце,млеко.Риба исто(лосос,пастрмка,туна..).
Како почетник.. Решив да го искористам Total gym-от што ми седи дома веќе долго време.. Squats 2x15 Side Lying Squat 2x15 Arm Pullover 1x20 Supine Shoulder Adduction (Iron Cross) 1x15 Chest Fly 1x15 Seated Biceps Curl 1x15 Triceps Press Down 1x15
Ја занемарив темава иако ветив дека ќе пишам секој ден, т.е. ќе вежбам. Но по вежбите кои ги правев погоре, како почетник по долг временски период, едвај одев. А и моите ми прокоментираа за тоа дека можам така одеднаш да истегнам некој мускул или пак уште полошо да си направам. И добив забрана да вежбам неколку дена. Но од утре пак почнувам, чесен збор. Да не бидам офф-топик, еве ги мотивациите: