Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мојот фитнес ден (+ мотивации)

Дискусија во 'Фитнес' започната од EleMental, 22 октомври 2012.

  1. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Денес рано уште пред ручек извежбав за после да си бидам раат, плус додека организмот е најодморен и има најмногу енергија реков да го искористам тоа плус празен желудник, само поручав овошје, испив несакфето и се удрив на вежбање, а извежбав ова:
    - 5х50 чучњеви + 4х50 стомачни.
    Мускуливе ме болат, ама пак ќе речам ова ми е најслатка болка, можда и попосле ќе подвежбам нешто кардио, ама поголемиот дел од обврската кон себе си ми е завршен, а утре паузирам, малку да се регенерираат мускулите. :)
    Keep going! Stay STRONG! WE CAN DO THIS TOGETHER! :muscle:
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Dinnna, Ariel, O.l.i.v.a и 8 други им се допаѓа ова.
  2. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Пешачење два часа + 12 стомачни + 25 чучеви.
    Саакав повеќе, ама неможам да се помдрам, едвај тиа 12 стомачни и 25 чучеви ги направив. ;(
     
    На Dinnna, Lux, Ema.Sk и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    Вчера не вежбав изглегов а ко се вратив одма си легнав да спијам :tmi:
    ама затоа денес надохнадив еден дел
    вежби за загревање после чучњеи 30 2x
    Па вежбите што ми ги кажаја xMan & T.e.d.d.y
    По 10 пати од 2 (како за почеток добро е)
    и 25 стомачни по 2x
    A најголема мотивација ми е оваа слика една членка ја имаше поставено [​IMG]
     

    Прикачени фајлови:

    • 08.jpg
      08.jpg
      Големина на фајлот:
      9,1 KB
      Прегледи:
      325
    • 09.jpg
      09.jpg
      Големина на фајлот:
      13,3 KB
      Прегледи:
      325
    На Dinnna, Ema.Sk, Ariel и 4 други им се допаѓа ова.
  4. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Така испадна денеска да неможам да отидам во теретана :( па повежбав дома,за да не се оставам без ич.
    Чучњеви 6 пати по 10,и вежби за раце 6 пати по 10.
    Подоцна планирам да ги повторам вежбите,исто 6 серии по 10 пати и ќе додадам стомачни,3 серии по 10/15..
    [​IMG] :wasntme:
     
    На Dinnna, Lux, Ema.Sk и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Конечно и јас во малку понормално време да вежбам. Го заокружувам денешниов ден со 40 минути Орбитрек, 40 чучњеви, 40 склека, 40 расчекори, 40 стомачни и 40 грбни. Се' х40 и вкупно 1 час активно вежбање и многу пот од мене.

    [​IMG]
     
    На Dinnna, tinkerbelll, L-enna и 5 други им се допаѓа ова.
  6. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.482
    Како што реков вчера-денес нозе стомак и кардио. Квалитетен тренинг. :) Утре грб рамо стомак и кардио.
    [​IMG]
     
    На Dinnna, Lux, Ema.Sk и 2 други им се допаѓа ова.
  7. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Леле луѓе оваа Лукс како ме мотивира, нешто страшно. Браво девојко ти се восхитувам. :x :clap:
    Ја цитирам: Keep going! Stay STRONG! WE CAN DO THIS TOGETHER! :muscle:
     
    На Lux и Ema.Sk им се допаѓа ова.
  8. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.039
    Допаѓања:
    1.092
    Пол:
    Женски
    Готово и јас за денес, а малку фалеше да се откажам денес, ама собрав сили :)
    - 30 мин. (10км) Орбитрек
    - 2х50 стомачни
    - склекови (5 машки, 5 со свиткани нозе)

    [​IMG]
     
    На Dinnna, Artemission, tinkerbelll и 5 други им се допаѓа ова.
  9. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Овие дена не бев многу активна (и вежби и пешачење ама надокнадив денес)
    Пешачење, според мерач на чекори околу 12300
    Вежби:
    100 скокови на јаже
    50 чучњеви
    170 секунди планк :whew:
    30 грбни
    10 скокови во место
    30 пати наведнување на горниот дел на трупот (нешто слично како склекови)
    + некои полесни вежби за загревање
     
    На Dinnna, Artemission, Ema.Sk и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.166
    Допаѓања:
    138.909
    Извежбав еден час на орбитрек, како и до сега, на најмал отпор.
    Сепак совеста не ми е чиста, далеку од тоа, се чувствувам како мрза голема. Очигледно е дека најмал отпор веќе не ме задоволува, морам да качам малку. Вежбам само на орбитрек затоа што ме мрзи да правам друго, овде се качувам, си вртам, и си гледам филмче. И морам да се заозбилам со базенот, ова веќе на ништо не личи. Најмалку на мене.

    Вчера вежбањето ми трпеше поради културно-забавниот живот. Човекот е друштвено битие, шта ќеш...

     

    Прикачени фајлови:

    • Committment.jpg
      Committment.jpg
      Големина на фајлот:
      15,2 KB
      Прегледи:
      234
    На Dinnna, Artemission, tinkerbelll и 5 други им се допаѓа ова.
  11. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.482
    Едвај чекам да дојде време да одам на тренинг, со моите почетници и јас како напреден вежбач да се растегнам асално :D Грб рамо стомак кардио. Женички еве ви еден поздрав од мене од мојот идол.
    http://www.youtube.com/watch?v=-07f1I9TlJo
     
    На Dinnna, Ariel, Ema.Sk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    :hai:

    Вчера ми беше ден за психо-физички одмор, па само вечерта пред да легнам направив вежби за грб и тоа беше тоа. Папсана бев вечерта.. и уште ми е криво што не извежбав како што треба.

    Затоа денес надохнадив и за вчера:
    - Cardio Axe 10 минути;
    - 25 минутни HIIT вежби од Фитнес Блендер (вода течеше од мене!);
    - Tummy Tuck 20 минути;
    - 8 минутни Стомачни (8х30).

    Cardio Axe ми се мноооогу досадни, па ќе си спуштам Зумба видеа и ќе ги правам на нивно место. Ем ми се поинтересни, ем повеќе енергија трошам на нив.
    Планирам вечер планк и грбни пак.. се надевам ќе се привратам да ви пишам. :lol:
    [​IMG]
     
    На Lux, Artemission, Dinnna и 3 други им се допаѓа ова.
  13. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    648
    Додека да се стабилизира финансиската состојба дома ке си правам домашна зумба http://www.youtube.com/watch?v=pvbn3V-Ptoc ( ако имате подобро видео дајте ми линк тоа ке го практикувам)
    правам и 2х15 чучњеви, и 2х20 стомачни...чучњеви потешко ми одат..
    Денес + ова пешачев 1 час пешки излегов пешки се вратив. Истражвував па ја комбинирав мојата исхрана со ун диетата , односно направив некоја споредба .Дознам кој се протеини па цел ден јадев протеини. :!:
    И секако да се пофалам -1 кило за 8 дена со здрава исхрана и малку физичка активност, односно нааајмногу пешачење. :rofl: :!: :rock:
     

    Прикачени фајлови:

    На Lux, Artemission, Dinnna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.648
    Допаѓања:
    29.326
    Пол:
    Женски
    Порано вежбав, одев на фитнес,ама ептен се имам запоставено, школо,стрест и јадење беше се што ми се случуваше во последниве 2 месеци и се поправив.Морам да ослабам и да се стегнам така што почнав од денес со вежби.Вообичаено секој ден пешачам 6 километри(од дома до школо и назад), а некогаш се случува и по 10 и повеќе.Бидејќи од дамна немам вежбано не сакав да напнам денес и ги правев вежбите од викториа секрет што ги има нa фемина и вежбав на орбитрек 15 минути.Мислам дека сега за сега на почетоков тоа ми е доволно.И морам да признаам дека претставувате инспирација и мотивација за да почнам да вежбам.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]
     
    На Dinnna, Lux и L-enna им се допаѓа ова.
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.173
    Допаѓања:
    102.186
    Пол:
    Женски
    Зумба, зумба, зумба.... Од денес започнува мојата физичка активност. Почнувам со Зумба видео кое го симнав од нет, морам да се пофалам, тоа е моето прво видео симнато од YouTube, абе што е за фалење :lol: Ако комшијата од доле не се буни добро ќе биде, и ако не скршам некој предмет во сопчево од 4 квадрата корисен простор.
     
    На Dinnna, Lux, Artemission и 2 други им се допаѓа ова.
  16. nela.oh

    nela.oh Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    270
    Само што се истрошив на вежбање :muscle: и сега уживам во она чувство после вежбање, знаете-леснотија и мир.
    Вежби - стандард истите, барем засега.

    И знам како оди правилото (дека со вежбање мускулната маса полека расте па со оглед на тоа дека мускулот е погуст зафаќа помалку површина од салото а тежи повеќе) и јасно ми е дека вагата ми додава 1 и пол кг од таа причина, ама понекогаш ептен демотивирачки е најсериозно.

    А знам дека се подобрувам на изглед а и никогаш позатегната не сум била, особено во стомаков, али ме убива во психа кога ќе се качам на вага што не покажува барем еднаааш помалку. :swear:

    И сега, омилениот дел... :)
     

    Прикачени фајлови:

    На Dinnna, Lux, Artemission и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.166
    Допаѓања:
    138.909
    Денес касно се прибрав, па само нешто чучњеви, стомачни и слично, ама и тоа малку, околу 20 минути.
    Морам овие во секојдневната рутина да ги вметнам, многу се добри. И орбитрек брка работа, ама чучњевите се вистинското нешто.
     
    На nela.oh, Dinnna, Lux и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. LoveIsAllAround

    LoveIsAllAround Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    113
    Сакам вежби за убаво и затегнато тело..ноо без да ја намалам килажата :/
     
  19. ma4enceEdno

    ma4enceEdno Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    465
    Здравооо мотиваторки, ако не прочитам некој пост пред да вежбам не ни помислувам на вежбање ;) Вежбам три недели по ред, (од утре четврта) 4-5 пати во неделата. На почеток по 15 мин, 20 , а сега и до 35 мин правам аеробик вежби од ју туб. Потоа вежби за стомак исто од ју туб каде што го вклучувам и планкот, вежби за задник и за раце. Користев шишиња со вода од кило и пол, но преѓеска си земав тегови од 2 кг од џамбо и малку ми се тешки, но ќе ги навикнам со време.

    ги правам овие како аеробик по 6 пати секоја а измеѓу секое повторување вметнувам скокање со јаже.
    http://www.youtube.com/watch?v=E63OUoRuCSU

    овие за стомак, мислам дека цел стома буквално ми гори кога ги правам.
    http://www.youtube.com/watch?v=vkKCVCZe474

    Продолжете сите со вежбање чуството после тоа е незаменливо со ништо! :P
     

    Прикачени фајлови:

    • motiv.jpg
      motiv.jpg
      Големина на фајлот:
      51,3 KB
      Прегледи:
      219
    • motiv 1.jpg
      motiv 1.jpg
      Големина на фајлот:
      37,9 KB
      Прегледи:
      219
    На Dinnna, Lux и Ariel им се допаѓа ова.
  20. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Недела, фамилијарен ручер, изобилие од превкуска храна на маса и стрвната јас :wasntme:
    Наполнив мешето, но не претерав и не се оптоварив.
    Едно време се двоумев дали да вежбам ама некако чувствував грижа на совест и се впрегнав.
    Орбитрек 30 минути, 80 чучњеви од кои 60 наутро и 20 сега, х30 склека, стомачни и грбни. И то.

    [​IMG]
     
    На LaBella, nela.oh, Dinnna и 2 други им се допаѓа ова.