Грешка грешка грешка ... пред вежбање месо по можност варен стек пи вежбање јајца варени или тестенини не месо никако банана и грозје многу бода и чаеви
Воопшто не те ни сватив во постов за што викаш никако,а за што да. Како и да е,целта не и е на неа слабеење! А јас тоа што и го пишав,сигурно го пишав од искуство.Затоа што и на мене никогаш не ми била целта слабеење,туку добивање малце мускулна маса,а воедно и здрава исхрана да е. А сето тоа што го набројав како што пишав после вежбање,секако дека може и пред. А вода и чаеви и др.течности секој човек треба да пие многу ,без разлика.
После напорен тренинг веднаш се внесува гликоза, т.е. јагленохидрати шеќери, затоа што поради вежбањето мускулите ги имаат изгубено природните шеќери, а веднаш после гликоза се удира една доза чист протеин, затоа што претходната доза на гликоза овозможува најдобро апсорбирање на протеините. Во превод: -После тренинг 250 грама млеко нискомаслено заедно со банана, или суво грозје 40-50 грама, а половина час подоцна 5 белки од јајце, малку јогурт и урда. 5 белки од јајце имаат отприлика 20 грама протеини, со јогуртот и урдата ќе достигнете 25 грама протеини исто како една дозерка Whey протеин. После за вечера едно 100 грама шпагети, 120 грама печен стек, , 100 грама урда, феферонки, јогурт 200 грама. Еден мој пример на исхрана.
Јас го кажав истото што и @Петре Прличко само тој кажа по детално како он јаде а може секој да си направи по свое. И јас кажувам од искуство месото секогаш оди пред тренинг а варено е најдобро за да добие чиста мускулатура а после тренинг се јајцата и тестенините како што кажав предходно не велам дека месо не треба да се јаде после тренинг но подобро е пред тренинг барем јас коа се спремав така тренерот ми кажуваше поздрав
Како што ветив вчера, денес пак започнав да вежбам. Не е многу, но ќе си го одржам ветувањето. -30 мин. ОрбиТрек -30 чучњеви -20 стомачни -30 сек. Plank + видеово:
Трет ден. Иста постава. Со мали измени.. Вежби за нозе со наклонетост кон чучњеви. Single-Leg Squat 2x15 И мотивација за денеска..
Ууу малку ни се активирала темава, што убаво Јас не пишувам редовно за да не бидам досадна, бидејќи иста шема терам - NMTZ во комбинација со статичен точак, наизменично. Е денес решив да пробам нешто ново, повторно од Џулиен. Овојпат се одлучив за Yoga Meltdown level 1. Со оглед на тоа дека јога никогаш не сум практикувала, мислам дека добро се снајдов и правилно ги правев вежбите. Е сега, не ми одеше се така глатко, зашто морав постојано да гледам во телевизорот и за да ги следам позите. Ама за оној што ги знае, мислам дека подобро ќе се снајде, зашто Џулиен како што ги прави така ги кажува по име. Ова уствари е некоја комбинација е јога и аеробик, вежбање во кое се вклучени јога пози. Ама е добро за цеееелосно истегнување на мускулите. Сигурно ќе продолжам да го практикувам, барем како за промена кога ќе ми досади NMTZ (сепак таа програма ми е засега омилена од Џулиен). Откако го завршив видеото седнав на точак, некако се чувствував енергична, па извртев 8km. Мотивации
Зашто спомна урда, имаш поим кај може да се најде нискомасна или обезмастена? За 100гр., 10 да се масти кај таа од Здравје Радово при cutting, многу ми се фаќа..
Нискомаслена, т.е. изварка, ама и таа има 10 грама масти на 100 грама. Јас јадам како ништо 250 грама урда и до 70-80 грама масти дневно. Мора да внесуваш масти. Сите тие урнебесни тела, мускули, задници и се останато е добиено со стероиди и суплементација. Без тоа нема такво тело факт. Подобро ќе се хранам здраво, ќе напредувам споро, ќе добивам форма споро, но здраво макар и 5 години ми требало.
На денешно мени имам околу 6km пешачење + 30 Day Shred (level 3) Кога не сака никој да ме дружи, си ги земам слушалките и тргнувам сама. Макар што со оглед на тоа колку беше тмурен денов, башка и сабота, можам да разберам зошто на некој не му се излегува од дома. Немав време да го истерам цело NMTZ, па се решив за последниот левел од 30 Day Shred. И неколку пати додека вежбав си се чудев сама на себе како сум го терала буквално секој ден истото видео, умрев на кардио вежбите Што се однесува до Yoga Meltdown - морам да напоменам дека вчера и денес осеќам болка во мускулите, што значи не е толку наивно како што изгледа Мотивации
Не ни знаев дека постои ваква тема овде. Али деновиве ова мене ми е мотивација поради тоа што ме нервира што сите сега најдуваат да вежбаат...ко демек сменета личност сум од Нова Година наваму.
Мене ме фати мерак за Body Revolution, сакав малку да сменам, овие видеа што ги вежбам последниве месеци ги научив на памет. Body Revolution е цела програма за 90 дена, се вежба секој ден освен недела. Има 15 видеа од по 30 минути и се вежбаат во различен ден според распоредот. Мене планот не ми е да вежбам секој ден, доста ми беа 30 Day Shred и Ripped in 30, башка и немам сега време за секојдневно вежбање. Доволно ми е секој втор ден. Денес прво го истерав Workout 1, ама некако малку ми беше (зашто сепак не сум почетник) па сакав да извежбам уште едно и се решив за Cardio 1. Од прв ден рипнав на трет Направив пауза од 1 саат измеѓу двете видеа, да не приумрам, зашто 30 минути кардио без престан не е шала. Жива вода се направив Ама баш ми беше забавно, се осеќав како да вежбам со уште 15 души, кој од кој попозитивен Особено на Cardio 1 ме фаќаше смеа на моменти, и стварно брзо ми помина баш заради мотивирачкиот дух што го држат сите што вежбаат позади Џулиен. Неколку мотивации од неа
Јас би сакала да почнам со вежбање и да водам здрава исхрана. Не ми е целта да ги намалам килограмите затоа што мислам дека ми се во ред. Но би сакала да прашам покрај вежбањето дали пиете нешто како чаеви или слично?
Jaс покрај здравата храна од страна на сокови конзумирам само цедени природни ,а за време на вежбањето конзумирам многу вода ,најубаво е да си правиш цедени сокови отколу чаеви
30 минути орбитрек сабајле и еден саат јога во 8 вечер = среќна Сара. Јога ме прави да се чувствувам најубаво на свет. Од утре ќе почнам некој 30 дневен предизвик, и теговите седат некако осамено во соба, треба да ги користам малку.
Јас малку надвор од темава ке бидам.@ana karenina знам дека ја обожаваш џилиан, незнам дали го имаш видено 13 неделниот план кој неодамна го открив. Има лесни и тешки недели, јас почнав со една лесна, па продолжив од другите. Ама некако мене досадни ми стануваат вежбите, незнам дали оти ги вежбам незнам веќе колку време или оти сакам побрзи резултати. Сега се мислам да почнам во теретана да одам да почнам со поголеми тежини сакам побрзо мускулчињааа ама уште сум на 100 ума. Планот е сепак интересен, секој ден е различен http://ocmentor.com/2010/01/jillian-michaels-weekly-weight-loss-maintenance-plan.html
Ја немам видено програмава, ама баш интересно делува Само и ова гледам секој ден се вежба, освен недела. Ама убав план е, менуваш програми, зашто инаку ќе ти стане досадно. Со Ripped in 30 на пример, 7 дена едно те исто, ми досадуваше на крај. 30 Day Shred па бетер, 10 дена едно видео, веќе знаеш во секој момент што ќе каже Џулиен Од програмиве гледам дека само Banish Fat, Boost Metabolism го немам пробано, веќе ставив да ми се симнува Јас и онака почнав сама нешто да си правам комбинации од досада, вака имам готова програма на тацна. Фала ти
Јас конечно се придружувам. Почнавме со часови од минатата недела. Бидејќи има многу нови членови, првите три часа инструкторката полабаво не‘ држеше (иако, морам да признаам, и моиве листови видоа мака по тринеделната пауза), ама од утре сигурно ќе зголемува на интензитет, што ми се допаѓа. Понеделникот толку лабав час имавме, што ни боја на лице не променив (а дури и при најмала физичка активност ми се зацрвенува лицето). Да не бидам само со аеробикот, си спуштив на телефон некоја 30-дневна програма за стомачни. Почнав да ја трошам енергијата и сите кифли и руски салати од празниците Забележав и дека имам намален обем на бутини и стомак во споредба со тогаш кога почнав со вежбање (си знам по хеланките ). Едвај чекам утре
И јас ги правам истите вежби секој ден, па да не бидам досадна, за тоа не пишам тука. Инаку редовно вежбам, а и ќе продолжам века. Овојпат не ќе може никој ниту да ме раубеди или пак спречи. Како и да е, да не пишувам непотребни работи. Ете што вежбав денес: - 60 мин. ОрбиТрек - 30 чучњеви, овој пат - 20 стомачни - 30 сек. Plank + ова: