Денес убаво сум извежбала ,плус пешачев на ладново па малце ме фатија синусите ,ама ако важно исполнето се чувствивам .Мотивација
Неделава повторно се активирав. - 10 мин. загревање - 10 мин. вежби за нозе - 20 мин. вежби за стомак - 10 мин. вежби за заден дел завршив со склекови и истегнување Денес се ме боли, вечер планирам пак да вежбам, Нема запирање Мотивации
Јас последниве неколку дена удрив на пешачење, искрено не ни имав сила да вежбам. Нозеве катастрофа, ама ете, не можеш секогаш во удобни патики да се движиш секаде каде што треба. Денес ми се вежбаше па истерав Body Revolution Workout 1 + Cardio 1 Татко ми поминува и ми вика: Се извинувам, кога почнуваат уписите? Сакам да се зачленам и да вежбам. Јас не можам ни да зборам од што сум задишана, тој ме зафркава! А после тоа, онака, бесрамно изедов скоро цела скуша Мотивации
Фитнесот ми стана навика, моето мото е "вежбам, значи постојам." дома си имам Орбитрек уште од осмо одд. ги молев моите да ми купат, пошто у зима неможев точак да возам, и од тогаш слушалките на уши и само кардио кардио Mногу добри вежби за моделирање на женска фигура се пилатес и аеробик , еден период идев кај Лазар Ангелов на аеробик, али после стана познат и замина за Америци но има и една нова категорија тае бо се вика тоа е комбинација на аеробик и боречки вештини, многу е добра оваа вежба, јас спуштав видеа од интернет демек да ги гледам и да вежбам ама некако верна на Орбитрекот останав. Во секој случај вреди да се проба. Денес како и секој ден 20/30 минути орбитрек кардио вежби. п.с не препорачувам многу пешачење надвор сепак воздухов ни е за никаде не дека во домовите планински воздух дишеме , но сепак. еве видео:
Вчера ball-аеробик и вежби со ластици. Stretching на прекрасната Apologize. Викендов одмор. Само вежби за стомак наутро, да ми тргне денот.
Дали во текот на денот јадете 3 пати или 5 пати по малку ? Јас најискрено јадев 3 пати ама се осекаф без енергија и имав постојан умор , и побавно имав некако резултати. А сакам баш некако и да го забрзам метаболизмот, па дали некоја од вас јаде 5 пати дневно и дали приметувате некои промени со побрзо варење на храната и се осекате енергично? Неодлучна сум.. па сакам да чујам ваши мислења :/
Во петокот вежбав: - 20 мин. малце загревање + вежби за раце - 25 мин. вежби за нозе и стомачни - 15 мин. вежби за заден дел и на крај склекови Викендов одмарам и онака се ме боли, утре ќе вежбам пак Мотивации
Долго време си викав ќе одам денес, утре па конечно дојде и тој ден. Еве веќе две недели како активно вежбам а сликава дефинитивно ми е мотивација.
Мојата мотивација е сликата што ја имам како аватар, како друга не се замислувам Плус мотивација ми е тоа што не смеам да олабавам пред се за себе па после за друге очи Добра, горделива и недостапна АКо има подобра мотиација од тоа па еве те
Јас добив денес и го скокнав орбитрекот бидејќи се ме болеше. Си ја направив 7 минутната вежба, пешачев отприлика 2 часа и вечерва бев на јога.
- 20 мин. вежби за раце со тегче и вежби за нозе - 30 мин. вежби за стомачни (горни, долни и странични) - 15 мин. вежби за заден дел и склекови
Ах, и јас со женски маки... Секој месец иста приказна, ме вади од колосек. Вчера истерав само Workout 1 од Body Revolution, иако strength вежбите секогаш ги комбинирам со кардио. Ама немаше теоретски шанси кардио да издржам, затоа ги прескокнав. А денес истерав убаво пешачење, иако непланирано. За утре се мислам што да вежбам, не знам во каква форма ќе бидам, вчера ептен бев за никаде. Ама не сакам да се форсирам ако не се чувствувам добро. Мотивација ми е тоа што гледам дека некои вежби кои ми биле претешки пред неколку месеци да речеме, сега дури ми се смешни. Не ме ни оптоваруваат толку, затоа си додавам тегчиња, комбинирам по две видеа во ден, иако треба едно. Само нови тегчиња уште не сум си купила, овие што ги имам веќе не ми се толку тешки, особено на некои вежби. Ај и по некоја сликичка
- 15 мин. вежби за раце со тегче (бицепс + трицепс) - 30 мин. вежби за стомачни + тегче - 20 мин. вежби за нозе + заден дел и на крај завршив склекови Мотивации
Денеска трчав комбинирано со одење и истрчав 2km 453m во 31m 43s потрошив 174 kcal и тоа на гугл го пресметав во калории 174000 Calorie сега следат: -планк -склекови -стомачи (горни, долни, странични) Секој викенд трчање со вежби, преку недела само вежби! Мотивации: