Денес во соба си вежбав времето е за никаде но продолжувам , мотивација ми даваат сопствените резултати од вежбањето до сега
Ова мора да го споделам: Мотивација за вењбање: Феноментална идеја. Денеска ја пробав. Најдете си партнер безразлика на физичката спремност. И натпреварувајте се помеѓу себе на следниот начин. Ова можете да го правите со било која вежба. Во мојот случај со склекови. Подобриот: Прави максумум повторувања во една серија склекови.( 90 reps) Помалку добриот: Прави максимум повторувања во една седија склекови. (60 reps ) Потоа се делат поголемиот со помалиот врој 90/60 = 1.5 Процентуалниот соодност односно разкилата е 1.5 Втора серија: Подобриот: Прави максумум повторувања во една серија склекови. (70 reps ) Помалку добриот: Тој 70 го дели со 1.5 ( процентуалната разлика) 70/1,5 = 47 reps После 5 минути одмор започнува трета серија и започнува Помалку добриот да речеме 40 и после Подобриот 40 множи со 1.5 и тоа е 60 што треба да ги направи подобриот. И така се натпреварувате, секој го дава својот максимум во своите граници и претставува огрномна забава.. ПРОБАЈТЕ И КАЖЕТЕ
Денес вежби за задник на менито. Прво со едната, па после со другата нога. Спојлер: Squat challenge А се мислам и дали со ова да комбинирам. Еднаш го имам правено.
Откога се разубави времево возам ролери и пешачам, ама тоа не е некој сериозен work out. Планирам пак да почнам да ја вежбам Џулиен зашто имав супер резултати со нејзините програми. Ова нека стои тука како потсетник за што побрзо да почнам.
Еве нешто многу добро и ефикасно за почеток е доволно 3-4 пати неделно 3 недели, а потоа да се премине на навистина има брзи резултати за оние кои сакаат да изгубат некое килце, но исто така да се внимава на исхраната. Не може да се дојде до супер резултати доколку постојано на вашето мени има брза храна и многу благи работи, сокови... не треба строга диета туку само правилна исхрана. Јас ги почнав вежбиве пред 2 недели и изгубив 3 кг. се надевам на некого со оваа порака ќе му намалам некое килце поздрав и имајте убав ден! <3
Лето идело,абе ние цела зима сме топ . Денес се навежбав убаво задоволна сум мирно ке спијам ,мотивации
Луѓе сакам да ве прашам, сакам да започнам на фитнес, кондицијата ми е НУЛА, како може да ослабам побрзо, со личен тренер или да одам самостојно да вежбам...ептен се опуштив морам да почнам што поскоро...?
10km статичен точак + 40 минути пилатес Денес бев решена да извозам точак, и онака имав заостанато епизоди од серии за гледање. А пилатесот непланирано ми дојде во комбинација, имав време за вежбање, башка енергично се чувствував Пилатес прв пат вежбам со видео, и ова беше прво што ми се појави на YouTube Супер вежби, ако се тргне на страна иритирачкиот глас на девојкава Единствена замерка имам што не е потенцирано дека вежбите се за lower body. Цело време чекав да ги активирам рацете и стомачните, за на крај да видам дека целото видео е само со вежби за нозе. И уште нешто - дефинитивно не е за beginners видеово Не знам зошто така пишале, ама почетник не верувам дека ќе ги издржи цели вежби. И ете така, денеска испадна да ги префорсирам нозете, па утре очекувам да не можам по скали да одам Мотивации
- 15 мин. вежби за раце со топка - 15 мин. вежби за нозе - 25 мин. вежби за стомачни (горни, долни и странични) - 5 мин. вежби за заден дел Мотивации
Одамна немам вежбано, па денес се одлучив за нешто брзо: 50 стомачни 20 squat jumps 50 squats 15 tricep dips 20 секунди plank Малку е, но повеќе не можев.
Некој дан го има 21 days Fix?? Скапо е да го купам а и имаме закон за Торенти па не ни покушувам да го спуштам.
Екскурзија една недела, брза храна, ненаспана, настинка опадната кондиција..од утре повторно на стариот режим Еве неколку мотивации:
денес пешачев еден час после одмор два часа фитнес од кој едниот е фитнес танц така некако .Мотивација пак ке кажам постигнатите резултати ,одам понатака
Пред 10тина дена почнав со три 30 day challenges: plank, squat & crunches ... плус уште некои вежбички отстрана чат-пат. Не сум нешто заинтересирана за слабеење, повеќе ми е за зацврстување на телото, и за кондиција зашто ептен се залежав. Веќе после неколку дена почнав да забележувам колку подобро се чувствувам и со колку поголема леснотија ги правам вежбите (само plank-oт малце ме мачи). Исто така, пред скоро две недели почнав да пешачам, по 10тина км дневно, а во план ми е да почнам и со скокање со јаже, само уште да си го најдам јажето.
Одамна не сум пишала во темава, периодов многу пешачев и повремено вежбав стари видеа со Џулиен, најчесто 30 Day Shred. Денес сум тапа со расположение, сакав да се истрчам на дождов, ама врти сучи дома останав. Не ми се ни мислеше што да вежбам, сакав само да пуштам некое видео и механички да ги истерам вежбите. Овојпат за ова се одлучив Некој посебно голем предизвик не ми беше, ама не е лошо. Убаво се размрдав. Мотивации