Денес малку пешачење на сонце + 10km статичен точак Сакав и раце со тегчиња да извежбам, ама немам време, тоа за следен пат ќе оставам. Гледам има добри workout клипчиња на YouTube за сè и сешто, најверојатно ќе испробувам нови видеа периодов додека не си најдам нешто убаво и ефикасно. Ептен заглавив со Џулиен, па скоро цела година со неа терам, ми досади веќе, сите нејзини програми ги имам испробано Добро, не сите, една ми остана, ете таа ми е на список Мотивации
Феминки дали некој има вежбано според вежбите на Кајла Итсајнс. Бикини боди гирл. Ја следам на инстаграм и според сликите девојјките имаат одлично тело за само 12 недели. Не ми се верува да е измама има преку 10000 слики од девојки кои ослабнеле и имаат бикини тело. Кој има искуство ве молам пишете. Поздрав.
Точно една недела стагнирам. Дома имаме мајстори и немам никаква приватност за вежбање, а попладне кога имам приватност, имам и обврски -_- Се надевам деновиве ќе си продолжам со вежбите за задник, а од петок планирам да продолжам и со аеробикот, па до кога ќе терам - ќе видиме. Може со мажи да се мотивираме?
Е јас сакав да почнам пред некој ден ззошто и јас ја следам на инстаграм и навистина имаат резултати а летово таман од 1 јуни да почнам, па ако сакаш ке пробаме?
Денес решив да го испробам ова видео Умрев! Не се лоши вежбиве, ама не знам дали некогаш пак ќе ги вежбам. Прво, ме нервираше тоа што има милион вежби, постојано се менуваат, па цело време требаше да гледам во екран за да ги следам. На неколку моменти го враќав видеото за да видам поубаво. Второ, звукот не е синхронизиран со снимката, па неколку пати ми се случи да не знам дали да застанам или да продолжам, зашто на видеото уште тера една вежба, а оваа веќе кажува друга. И трето, мислам дека има потполно исто ефикасни вежби што одземаат помалку време. Мотивација - пантолоните што си ги купив минатата недела се еден конфекциски број помали од оној што го носам А не ни држам диета, баш напротив, периодов имав многу нередовна исхрана и често ми се случуваше да јадам сeшто, згора на сè навечер. Па така малку изненадена останав кога видов дека изгледам како во вреќа во тој број пантолони И некоја сликичка за крај
Јас ако не пишувам си вежбам. Моментално сум до 15ти ден од 30days shred level 3- Џулиен Мајклс. Искрено на исхраната не пазам толку многу, сепак припазувам, ама има денови кога воопшто не се придржувам. Сепак ми започна слабеењето. Последно се мерев пред 15 дена, бев ослабена 6 кила. Моментално не знам ама дефинитивно почна да се забележува и добивам коментари, што ми е и повеќе од мотивација.
Јас денес ова видео го извежбав Уште ме боли цела снага од неделата, особено рацете, па убаво ми дојде Можат да го вежбаат и почетници, мене лично не ми беше многу тешко. Ама сигурно ќе го вежбам и друг пат, кога ќе имам помалку енергија или ако ме болат мускулите од вежбање @De-lovely Џулиенс е закон, верувам дека ќе имаш резултати од 30 day shred, па макар и да не внимаваш на исхрана. Мене третото ниво ми беше најлесно да ти кажам право, а второто најтешко И сигурна сум дека ќе продолжиш со неа да вежбаш, многу убави програми има. А и некако убава, позитивна енергија си има Џулиен, јас ептен си ја сакам Ајде една тура мотивации од мене
Искрено многу ми се допаѓаат вежбите од тука + 20 мин други вежби за стомак и 300 стомачни Мотивација :
Не сум пишала на темава одамна, па еве ме, додека не ми поминала мотивацијава... Минатите 30тина дена вежбав исклучиво јога, 30 days of yoga challenge, ништо лудо или тешко и ослабев 2 кг. Стомакот ми стана рамен и при седење, без спојлери од страните, а и доста од целулитот на нозете ми се „истопи“. Не вежбав недела дена воопшто, па од денес повторно на истата програма. Должината на видеата варира од ден на ден, секое видео е разлчино и многу корисно за телото. Планирам освен ова, да вметнам и плус пилатес или дополнително јога. 30 Days of Yoga, day 1 - Yoga with Adriene
девојки предложете ми некои вежби за задник, што се ефективни, а ако имате лично искуство со тие вежби пишете подетално, за колку време сте виделе резултатаи и слично, фала однапред
Мене денес кардио ми се вежбаше, па решив да го испробам Banish Fat Boost Metabolism Цркнав Жива вода се направив, Џулиен жено ќе нè умреш сите! Некаде кај 40та минута морав да направам малку пауза, барем 2-3 минути за да земам здив, ќе приумрев. Бев решена да го истерам цело видео. И сигурно друг пат ќе го вежбам, ама планирам барем на пола да го делам, зашто инаку многу ќе ми биде. Немам до толку кондиција. Утре и задутре планирам да одмарам, само се надевам дека покрај утрешните имендени и слави нема да ми биде залудно вежбањево Мотивации Пробај го ова, мислам дека ќе имаш добри резултати
Прекрасно е чувството кога целото тело ти се опушта после вежбање на јога. Рај! Покрај тоа што со ваквиот тип на вежби телото добива потребна дневна доза на растегнување, туку и со тек на време станува се појако, повитко и поздраво. Секогаш кога немам мотивација да вежбам јога, се потсетувам на тоа колку пријатно влијаат овие вежби на моето тело и после тоа совеста ме мачи дека мрзата ми одзема нешто што му следува на телото и после сакала неќела почнувам да вежбам. После некоја минута заборавам на сите мрзоволни мисли. Убавото е што јогата не го исцрпува телото, затоа е супер да се вежба наутро пред доручек, а со тек на време дава видливи резултати. 30 Days of Yoga, day 2 - Yoga with Adriene
Утрово го започнав со чаша вода и 30 минути јога. Се мислам дали од утре да го зголемам трнингов на уште 30 минути, само страв ми е да не се демотивирам после... За овие година дека како навистина се трудам да воведам ред и баланс на фитнес план, сфатив дека во периодите кога повеќе се форсирав со вежбање, мотивацијата ми опаѓаше за 5 до 7 дена и после тоа немав ни желба, а ни сила да продолжам со истото темпо. После многу такви обиди, во последните 4 месеци решив да вежбам по малку, но на долга стаза сигурно ќе покаже резултати и драго ми е да кажам дека сум била во право. Рацете ми се многу појаки од порано, а се чувствувам многу поздраво и посреќно од времето кога не вежбав. Сега уште да престанам да јадам пржена храна и да намалам со благото... Веќе некое време планирам да преминам од вегетаријанска на веганска исхрана. Ме радува тоа што секогаш имам кон што да се стремам, секогаш нешто интересно ме чека утре. 30 Days of Yoga, day 3 - Yoga with Adriene
Денес го истерав Body Revolution Cardio 2 за прв пат Прво се мислев точак да возам, ама некако премногу ме болат мускулите на нозете од последните вежбања, особено потколениците. Па одбрав нешто каде ќе го активирам цело тело Cardio 2 е далеку потешко од Cardio 1, откако го истерав не личев на себе, целата се вцрвена, вода течеше од мене Програмава ми е супер, особено е мотивирачки тимот на Џулиен. Ако го вежбате и ви дојде тешко на моменти, сакате да земете здив, да знаете дека и на нив им е тешко, приметив на некои вежби дека забушаваат Мотивации И еден многу добар цитат:
Пак ново видео Мислам дека вака имам повеќе мотивација да вежбам Ако го знам видеото, кога ќе ми текне на вежбите уште од сам старт ми доаѓа тешко Вака ништо не знам, само терам Овие вежби ми се чини повеќе се фокусирани на рацете, некако не чувствував терет на стомачните или нозете. Како порачано ми дојде, зашто уште ме болат нозете, па малку ги одморив на сметка на рацете Мотивации
Не вежбав два дена, немав време, а после бев преморена и оставив за некоj друг ден. Прееска засукав ракавите и се пуштив на растегнување на мускулите и горење на калории. Вежбав како за два дена, да надокнадам, па сега сум благо кажано уморна и сите планови за наредните два саати ми се откажани. 30 Days of Yoga, day 5 - Feel Alive, Yoga with Adriene 30 Days of Yoga, day 6 - Six Pack Abs, Yoga with Adriene
Секогаш кога чувствувам дека ми опаѓа мотивацијата, гледам некое демонстративно jога видео и веднаш добивам наплив на енергија и желба за вежбање. Проблемот каj мене, а и каj многумина други е што брзо се откажуваме, наоѓаме изговори да престанеме да вежбаме. Полесно е да се восхитуваш на некого за постигнатите резултати правдаjќи се при тоа себе дека доколку си имал/а поинакви можности и ти би можел/а така. Не е до скапата опрема, фитнес салата или друштвото, сето тоа се само изговори. Може да се вежба и дома, во стар шорц и било каква маица, дури не е потребен многу простор за вежбањe... Свесни сме дека многу луѓе успеале благодарение на истраjноста и вербата во своите способности. Веќе не се откажувам од здравиот начин на живот, бидејќи здравjето е пред сѐ. 30 Days of Yoga, day 7 - Total Body Workout - Yoga with Adriene How to Lose Arm Fat - XHIT Daily
-slimmer, stronger body in 40 min. -tabata (4 minuten trening) -30 Days of Yoga, day 3 - Total Body Workout - Yoga with Adriene -100 cucnjevi crknaaaav