Станав и пешачев 2-3 километри. Oткако се вратив 30 мин. кардио, х50 чучњеви, 3х50 стомачни и 20 мин. на орбитрек. Планирам после школо вечер пак да вежбам. Спојлер
еве и јас ќе ве дружам во темава од денес вчера вечер си ги најдов вежбите на мојот живот : Спојлер http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=PWEdJRRndkQ прво ми изгледаа мнооогу едноставни, но како што сум залегната уште во првите 2 минути ми се причини дека ќе приумрам ) денес немам некои болки баш, што е добро, за да можам пак вечер да вежбам. Планирам да ги комбинирам со овие: Спојлер http://www.femina.mk/%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B8/%D0%B7%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%BC%D0%BB%D0%B8%D0%B2%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B8/%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BE-%D0%B2%D0%B5%D0%B6%D0%B1%D0%B8-%D0%B7%D0%B0-%D1%81%D0%B5%D0%BA%D1%81%D0%B8-%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%BE-%D0%BA%D0%B0%D0%BA%D0%BE-%D0%BD%D0%B0-%D0%B0%D0%BD%D0%B3%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-victorias-secret - со тие за задник, пошто оние во првиот спојлер ми изгледаат како да се повеќе наменети за нозе/бутови, раце и делумно стомак. Паралелно сум на режимот на ирена, па до в лето да се направиме рибици треба, нели? Ќе ве посетувам на темава daily, ако еден ден ме нема праќајте ми полиција
Сеа пред факс извежбав 6х50 чучњеви + 4х50 стомачни, па имам едно јако пешачење од речиси 8 км т.е околу 8000 чекори, а во километри не знам дали изминувам толку, па ако направам вечер вежби ќе допишам. Плус мотивација: (и другите вежбачи, враќајте се во темава, фалите)
Здраво Ногата ми е подобра , немам болки , изгледа помина ,,, ништо страшно Ми фалеше темава и вежбање деновиве Денес малку вежбав , ама доволно мислам , колку да не излезам од форма 4х30 чучњеви , 4х30 стомачни (горни долни странични сите по 30 во 4 серии ) со тегчиња од 3 кг вежби за раце рамо грб по 4 серии и 30 повторувања Кардио трчања и орбитрејк денес не вежбав , ми беше страв да не ја оптеретам многу ногава Утре се надевам ке можам повеке Ве пратам секој ден , супер сте сите , добро е што сме сите заедно се поддржуваме и мотивираме Елементал каде е ? Ајде вракај се во темава и продолжи да вежбаш Поздрав до сите и само напред , нема откажувања
Денес си спуштив Зумба видеа (Cardio Party, Sculpt) .. не планирам да се нервирам со Cardio Axe од Бразил Бат Лифт веќе. И така, денес: - 2x60 сек. Планк; - 2х25 женски склекови; - 2х30 чучњеви; - 30 мин. Cardio Party (Zumba); - 20 мин. Sculpt (Brazil Butt Lift) - со полулитарски шишенца со вода. И имаше мнооогу чучњеви! И така.. сега полна со енергија одам да учам Бизнис. :geek: Спојлер Ете така!
А, бе! Па не било бе тешко ова вежбањево јас си мислев дека ќе се изнамачам додека да се убедам.. Порано што се` не сум пробала, секаде се испозапишав, арно ама изгледа мене патот ме мачел до вежбањево, чунки со автобус одев и мрза ме фаќаше.. па после првото одење на второ не ни помислував. Еве второ вежбање денес, во домашни услови, прекрасно се чувствувам, таман сега ми е периодот кога тоа хормонот се шири и кикоти во мене Ги вежбав тие вежбите од моделите на Вики супер ми се погодени, таман и временцено си го гледам и уште повеќе си се мотивирам, знам дека нема да трае болката и задишаноста вечно, како што неколку аеробик инструктори ми имаат направено до сега Од оние од вториот спојлер што беа на фемина објавени само тие за задник успеав да ги направам, оти тој изгледа најиздржлив ми се покажа до сега Пукнувам скрос од вежбиве, ама пак некако ми се чини како да ми се малку.. еве сега 1 саат помина од ко ги правев и кога ќе размислам како да не сум вежбала ништо ми се чини (10 минути + околу 6 за задник = 16 минути.. ) :/ или пак да не се форсирам денес поарно.. утре ако сум пак во ваква форма, ќе ги направам пута два и двете
Денес сум преубиена, после квалитетниот тренинг. Гради, бицепс, трицепс, стомак + кардио. Утре-нозе, стомак + кардио.
Ја и ти си се здруживме денес со коментирање Ти ја симнав сликава, малку ја кропнав и на Кавер на ФБ, дома на Десктоп ја ставам сеа. Инаку туку пто го завршив мојот Зумба час, сега сакам за проба да ги пробам на Вики вежбиве Па да му ја легнам поранко оти Овошниов ме уби денес, маме ми за**а
Денес малку го свртев крукчето што го регулира отпорот и... се препотив 40 минути, споро, како прв пат да се качувам на орбитрек, ама ми требаше предизвик, на најмал отпор веќе не чувствував ништо, така што ова беше вистинската работа за мене. Чувството после вежбање е незаменливо!
Понеделникот го сакам само заради мојата хиперактивност и ништо друго. Денес час пред тренинг испив една чаша Сангриа и мислам дека дополнително ми се зголеми енергијата плус Л-карнитинот, цел саат и пол не можев да престанам да вежбам. And I feel so damn good Извртев 50 минути на Орбитрек, потрошени 370 калории и поминати 25 километри. 60 чучњеви, 2*30 расчекори, 40 склекови, 50 стомачни, 30 грбни...
Викендов вежбав само на Орбитрек,зошто немав баш многу слободно време,а и мускулите мислам дека ќе ми експлодираа од болка.Малку се префорсирав со чучњевите изгледа,зошто од секогаш со нив сум имала мака.Вчера немав време за вежбање и од денес си се враќам на старата шема Орбитрек,чучњеви,стомачни,вежби за нозе и задник и за раце
Бај бај на моето вежбање скоро цела недела Не сум во можност да вежбам додека да ми заздрави ногата т.е коленото. Спојлер Срам ми е да кажам, ама паднав и си го повредив, како не ме прашувајте олкава крава, ми се исплеткаа т.е едно во друго се манаа како да ги речам од џизмите шо се како желевциња за врвкиве да ги ставиш и немаше каде и мораше да се спружам тоа беше сабајлево кога одев за на факс, среќа никој не ме виде. Сега се мачкам со крема, многу ме боли, па така да многу ми е мака што нема да можам да вежбам, а толку бев посветена....малер сум.
Лукс баш штета И јас пишав претходната недела дека го повредив грбот и искрено од вежбање ми попушти. Можеби можеш да правиш некои полајт вежби или едноставно некои што не ги активираат колената (како стомачни на пример). Сепак ти знаеш најдобро каква е состојбата и колку можеш да се напрегаш. Се надевам само ќе се оправиш набрзо и ќе се вратиш на старите добри навики.
Лукс не се откажувај, коленото нека ти мирува, ама вежбај си ги рацете (можеш со тегчиња ако имаш), градите, грбот, прави си стомачни, па ќе си надокнадиш за кардио, нозе и задник кога ќе ти оздрави коленото
Можеби и стомачни ќе правам, во право си тоа можам, ама денес ништо прво да се опоравам од шокот. Ионака 5,57км односно 6963 чекори имам направено, за враќање морав да земам такси. Се нешто ќе ме снаjде кога сум во најдобра форма, да му се сневиди. Спојлер инаку ми се немаше случено да паѓам по пат дури ни на снег, а јас на суво се испружив колку што сум долга и широка, бруки, не знам дали во моментот ме болеше повеќе или повеќе бев изненадена од тоа што ми се деси, зошто беше ем неочекувано, ем за една секунда. ЕДИТ: во право сте, фала ви за поддршката и мотивацијата, за раце ќе си вежбам и стомачни, нозете ќе ги вежбам кога ќе ми оздрави коленото.
Само напред Lux. Вежбај горен дел на тело, одмори ги нозете, не се разочарувај. Денес нозе, стомак кардио. Да се пофалам, конечно си ги вратив нозете во старата форма-кренав 100 кг на преса, 12 пати без никаков проблем .
Денес туку што започнав со Аерoбик, а веќе две недели сум фрлена на здрава исхрана. Незнам до каде ќе стигнам но засега сум мотивирана и се надевам ќе бидам и понатаму. Од денес ви се приклучувам на сите што вежбате
На физичко два блок часа, 8 круга трчање, 2 одење, вежби за загревање, одбојка и елементи на одбојка. Дома 100 скокови на јаже 150 секунди планк 30 грбни 40 чучњеви 10 скокови во место + вежби за загревање околу 5000 чекори според мерачот
Еве и јас ви се придружувам, ќе ве дружам редовоно, бидејки покрај режимов на исхрана морам да се нафатам и со физичка активност.. Денес, 30 стомачни 30 чучњеви 30 женски склекови и 20 минути кардио Се запотив како свинче, ама чувството после туш е незаменливо.. За утре си планирам трчање неколку круга, ама незнам што како ќе биде, ако не бидне ништо од тоа, ќе се фрлам на вежби за задник, нозе и раце низ дома..
Летово коа се запнав по плочки на стомакот сакам сакам плочки на стомакот и крај , а пошто сум упорна и ако намисалм нешто мора тоа да го добијам ајде почнав да правам стомачни и за 3 месеци ете ги плочките( не беа многу али 4 доста се , иако не се познаваа многу) јас пресреќна си бев .А сега пак многу машки ми изгледа тоа така со плочки на стомакот и затоа некое време не правев стомачни и денеска не знам што ме натера пак почнав 20 стомачни 20 грбни 20 чучневи 20 женски склекови