Некое посебно следење на распоред, немам. Не можам да држам диета и да имам точно определени оброци, зашто сакам да јадам тоа што ми се јаде Лани ја користев myfitnesspal апликацијата и броев калории, ама после некое време престанав. Веќе ги учиш на памет калориите и можеш сама да си пресметаш колку си внела, а колку си потрошила. Обично имам два оброци дневно, насабајле пред доручек обавезно јадам овошје, така ми почнува денот. Летово се изнајадов праски и касии И пијам мнооогу течности. 2ипол-3 литри дневно. Сокови не пијам, ниту газирани, ниту негазирани (освен ако ептен на гости тоа не ми послужат). Пијам само вода и чај (без никакви додатоци). Исто и пржена храна не јадам, не се сеќавам кога последен пат сум јадела нешто пржено. Зеленчук обавезно, летово ми се чини дека бавча ми никна во желудник Тоа би било тоа отприлика. А, и ако нешто значи - последниве неколку месеци лебот го заменив со двопек со 'рж. Обично јадам по две парчиња дневно. Не се стегам премногу, знам да си каснам и пица, и пиво, и Марс сладолед До душа, слабеењето не ми беше првична цел, повеќе сакав да се затегнам и да стекнам добра физичка кондиција.
Не пишува секој ден бидејќи горе долу истите вежби ги вежбам, и додавам нешто ново некогаш 1. 2. 3.Едни вежби правеве сега неможам да ја најдам сликата за нозе беа тие плус 150 стомачни и 120 чучњеви
Ти благодарам многу.Ни јас не ги обожавам газираните сокови ни па густите.. Лебот го заменив и јас со црн.Ја симнав сега и апликацијава па да видиме како шо ќе биде.И мене ми е повеќе за физичка активност а не да слабеам.Килажата во однос на висината ми е ок.
Со оглед на тоа што градчево не поседува асална теретана, се вртев, се сукав и видов не видов морав да почнам да вежбам во домашни услови. Првично ми е да го средам (зацврстам) стомакот, останатите делови ми се прилично во ред, меѓутоа после некој период би почнала да практикувам и некои вежби за нозе. Но, најмногу ми е за физичката активност бидејќи периодов немам ама баш никаква. Вежбам веќе една недела наутро, наизменично овие две клипчиња на Ребека Луис, по околу еден час секој ден. Имам голема волја примарно за здраво тело а секундарно и за добар изглед.
Девојкиии еве веќе 3 ден ми е со вежбањето и одлично ми оди! Плус си практикувам мој режим на исхрана.Додека вежбам и преку цел ден го носам овој појас како на сликата(и јас сум у тек со трендот) демек за тенка половина па ке видиме шо ке биде.Бакнежии и ви посакувам со лесно да ви оди вежбањето.
Изминативе два месеци уназат имав многу активности па немав време да вежбам ,од пред два дена почнав повторно фитнес морам да си ги повратам мускулчината внесумавам повеќе здрава органска храна ,од месо внесувам само риба и пилешко а како дотаток земам омега 3 масни киселини кои даваат енергија ,есента започнува исто и јас повторно почнувам со фитнес ,мотивација има ама и кога нема јас продолжувам нема откажување за моето здравје а со тоа како гратис добиваш подобар изглед и заборавиви да кажам главен пијалок во текот на денот ми е цедениод сок а цедам све што ке најдам од градина
Фитнес левел, срамота за годините што ги имам Вишок 10 кг отприлика. Почнав од денес со вежбање. Почнав со Искрено едвај го издржав, прв пат вежбам со тегови, но се надевам овој пат нема да се откажам Мотивации
Pred eden cas vezbav pa sega sednav da se odmoram preubavo cuvsto posle vezbanje kako da letas si lesen i poln so energija ,inace jprodolzuvam i koga nemam motivacija no toa trae den da posle povtorno ja imam ,a motivacija mi se samite dobieni rezultati
Јас вчера почнав да вежбам пак, после 1 година. И денес вежбав. Кардио и некои вежбички за Butt. Неможам да ви опишам колку се покајав што не сум вежбала толку време, чуството после вежбите не се опишува, едноставно се ти е полнорамно.. Мотивацијата ми е од мои лични причини, а за тие што немаат мотивација.. барајте ја во се и сешто.. ќе дојде од некаде секако . Edit: Бидејки потешко се потев, сега вежбам со Hot Shapers хеланките и сум максимално задоволна, баш во нозете кај што сакам да ослабам, се потам прееемногу, жива вода, екстра се, пробајте. +Мотивации:
Кадесте дечки ?Јас секој ден вежбам а од денес почнав овие вежби да ги вежбам стварно се супер мотивација се има
Јас некое време немам пишано овде, ама иста шема терам, ништо ново немам пробано. Денес извртев 10km точак. Летово теснев фармерки и сукњи, целата гардероба ми стана торбеста На ништо не личам, а толку убави пантолони и фармерки имам. Многу од нив не можам да ги теснам, таков е моделот, само ќе ги упропастам. Ама тоа ти е единствената лоша страна на затегнувањето и слабеењето. Уствари кога ќе видиш, може и не е лоша страна Мораш задолжително да истераш еден шопинг и да се подновиш со гардероба, за да не одиш таков смкнат Мотивации
Можеш ли да ми кажеш од кај го најде ваквиот појас? Сакам и јас да си набавам само појма немам каде би можела да најдам...Ти благодарам и само напред со вежбањето.
Elen4e.Oвој појас го нарачав по братувчедка.Таа живее и работи во Швајцарија.Тука во Македонија дали има незнам да ти кажам,не сум слушнала.Но ако се распрашаш можеби и ке најдеш...толку можам да ти кажам.Ти благодарамУспех.
Оххх...сепак фала ти за одговорот. Ќе видам баш ќе се распашам, ако не шнајдер му е мајката ако можат да ми сошијат супер ќе е.
Претходните два дена трчање комбинирано со вежби за истегнување. Претходно, пешачев доста и бев со обврски периодов , така да вежбањето си го запоставив иако никогаш не бев редовна. Сакам да се запишам и на аеробик, затоа што дома немам повеќе услови за вежбање, но никако да се усогласам со термините. Викендов може ќе пешачам и до Водно, инаку активноста ми се базира на 2 пати трчање неделно, во координација во временските можности и обврски. ***Инаку, @Wahnsinn јас од претходниве два тренинзи со трчање изгубив страшно многу енергија, со оглед на тоа дека исхраната ми е намалена и ослабев 2 кг. ненамерно. Инаку кога вежбам поредовно, не јадам после вежбање, во принцип 1-2 оброци дневно, во зависност од тежината на тренингот. Не јадам навечер, немам ни некоја потреба, единствено благото ми е фетиш, ама го балансирам. Веќе 5 месеци јадам интегрален леб , понекогаш знам да си дозволам некое бело пециво, ама во глобала многу ретко. Овошје и зеленчук секојдневно, пржена и масна храна помалку, немам ни некоја потреба од таква, а junk food исто, само за блашко ме фаќа стрв. Човек кога е поопуштен, си го сака телото а сепак внимава и балансира - во граници на нормала има поголем просперитет, воопшто, барем во мојот случај ако сте ме читале и во другите теми.