Може сум офтопик ама незнаев кај да го поставам прашањево па си реков тука - сега бидејќи залади и во дилема сум во каква просторија е најдобро да се вежба, во ладна или топла? а инаку некое време не вежбам бидејќи настинав и неможев, ќе видам денеска да вежбам, па ќе пишам во темава.
Сакав да ви прикажам едни млади момчиња од мојата населба,овие деца вежбаат дури и на -10 температури,никогаш не прекинуваат и за нив нема зима. Погледнете го видеово.
Ама ја запоставив темава... срам да ми е. Но не ја запоставив само темава, туку и вежбањево. Освен тренинзите, ништо друго не вежбам од физичка активност. Но ветувам дека од овој понеделник повторно почнувам. И да не бидам целосно офф-топик, @Veki4kaa најдобро е во просторијата во кој вежбаш, температурата да е 17 степени.
Јас си направив свој распоред, еден ден вежби дома, еден ден трчање( додека овозможува времево), да не биде се едно исто по дома ми здосадува. Па така денеска 40 мин трчање
Добро вежбање удрив денес Прво извртев 10km точак, па ги истерав овие вежби за раце, стомачни и задник Мотивации
Пред една недела вежбав и јас на отворено демек топло времето си реков ,леле луѓе кога ме фатија синусите после грип кузнај што беше една недела ме мачеше една недела немам вежбано ,е тоа е сам ко ке систавиш трн во здрава нога,од денес пак почнувам со вежби за задник нозе и стомак
- 50 squats (plain) Сакам да си го затегнам телцево, во домашни услови. Многу сум се опуштила. Кардио не планирам, а и немам услови ќе се сруши градбава. Предлог брзи и лесни вежбички ?
Денес 10km точак Вака кога ќе почнам да гледам нова серија, автоматски сум мотивирана сaмо за точак и ништо друго Мотивации
би сакала да ве прашам нешто иако бегам од темава малу....имам 16 и пол годинии и сакам са ослабам..не дек сум премногу дебела ама имам за слабеење.....живеам во Сруга па немам некој избор на фитнес клубови а најпопуларен е форма вита...сакам да се зачленам и имаат програма првиот ден вежбаш зумба следниот пилатес топки а третиот справи...е прашањето ми е дан си напрам полошо само да се стекнам а салото да си останит?
Неделно расположение - Insanity Max Out Power Бонус генералка низ дома, тоа се подразбира Завчера малку вежбав Инсенити и еве веќе два дена премногу ме болат листовите на потколенците, едвај одам по скали Па малку ми беа потешки вежбите за нозете, ама ќе се олабавам На ова Инсенити видео секогаш правам паузи кај склековите, зашто ги има многу, во најразлични варијации. И тоа едно по друго. Во поглед на издржливоста, рацете мислам дека ми се најслаби од цело тело. Ама забележувам дека лека полека и тие ми стануваат поцврсти, па и мускулчиња набилдав Мотивации
Откако звршив со Џилиан Мајклс почнав да правам пилатес од Кејси. На блогот нејзи има секој месец календар со вежби за секој ден и морам да се пофалам дека се добри Денес ги вежбав овие и плус возев 20 минути орбитрек.
Денес бев расположена за пилатес Видеово прв пат го вежбам, не е лошо, само што мене не ми беше некој голем предизвик. Не верувам дека друг пат ќе го вежбам, освен ако не осеќам дека немам доволно енергија. Ама супер е за оние што немаат многу кондиција. Пилатес немам одамна вежбано, заборавив како е да вежбаш без тешко дишење и постојано пиење вода Многу удрив на кардио периодов, при секое вежбање се правам жива вода, па фали и јас да се пикнам во перална со рамбовката и хеланките Денес со пилатесов си поминав лагано, мускуливе ги осеќам затегнати, ама немам потреба од миење коса и сите останати салтанати Кога мислам на пилатес, секогаш ми текнува на Бри од „Очајни домаќинки“ Мотивации
појди во форма вита , имам другарки кои ослабнале па потоа се зацврстиле , и јаа сум од Струга и вежбам во теретана зад хотелот београд , подобра опција форма вита и нема да згрешиш
Денес 10km точак Како што бев ненаспана и измрцварена, мислев дека нема да поминам ни 5 Ама после убав ручек и едно јако кафе, како нова сум Мотивации
Од петок и јас официјално ви се придружувам. Вежбав ја и до сега ама не пишував тука,не правев којзнае колку многу вежби но од овој петок си фаќам сериозно. Почнав да припазувам и на исхраната,чипсови и брза храна нема,благо по малку,леб ептен малку и МНОГУУУ ВОДА. Па сега се надевам ќе има резултати.Си направив и листа кои вежби ќе ги вежбам. Само имам едно прашање дали е во ред да вежбам конкретни вежби само петок,сабота и недела а останатите денови да не правам конкретни вежби туку да си посетувам како и до сега играорна и одбојка. Мислам дека не е премногу напорно,но да не е премалку?