Јас го завршувам денов со моите омилени две видеа: @AnaKarenina препоставувам утре ти е славата... ксни и за нас од руската и вечна нека ви е. Мотивации:
Почнав од денес со ова видео ама не ми се допадна баш, инаку од следната недела планирам да додавам плус минути зашто ич немам кондиција
Си направив еден распоред за вежбање па денес ми беше ден за раце/грб итн. Ги извежбав овие две видеа ама кутра јас рацете ми се on fire и тоа од тегчиња од пола кило Срамотилоци Само склековите не ги направив од едното видео. И за крај мотивација->
вежање кардио од Keaira LaShae ( женскава ми е мн позитивна што дури се смеам кога вежбам , иако ми се плаче ) и 50 чучњеви , мотивација собирам од @AnaKarenina и @m2m2m2 девојки стварно ме инспирирате ! Ју Кен Ду
Јас денес одмарам, не дека толку се заморив со вежбиве, поготово последниве два дена не ми беа доволно напорни но ок е за почеток. Осеќам дека можам повеќе Така да за денес од мене само една мотивација
Хелоу еве ме мене пак. Денеска ми е ден за кардио, требаше вчера ама замена направив ради времето. 50 минути орбитрек и 4 пати ова видео. и сликички малку за мотивација:
Денес 10km точак Последнава недела удрив со пешачење, па не сакав да се форсирам. Ама денес редно беше малку и дома да се активирам. Овојпат километрите ги извозев за пократко време, дури и помалку паузи имав. Изгледа дека сум напната периодов, па едвај чекав да се издувам Мотивации
Уште 2 дена ќе одмарам непланирано Им тркнало на свекор ми и свекрвами годинава гости за славата да чекаат в дневна, бсш кај што вежбам А таман почнав мотивирана Како и да е не се откажувам никако
Недела ден за стомачни. Од агендата за денес имам минути орбитрек и да ги поминам овие видеа: малку за мотивација плус:
BodyShred: Launch Workout Оваа програма на Џулиен ја имам симнато пред месец ипол, ама не ми е јасно зошто не сум ја вежбала досега Изгледа ја имам заборавено, ама сега знам дека ќе напнам со неа Има 11 видеа, колку што видов програмата е предвидена за 2 месеци, со еден ден одмор неделно. Со тоа што јас нема да ја терам по распоред, не ми треба секојдневно вежбање сега Програмата е супер, баш типична за Џулиен, со кардио и strength вежби комбинирано. Убаво се вежба секој дел од телото, така што топ е и за почетници и за оние со повеќе кондиција. Мотивации
Ништо посебно не применувам, режимот што го имам во моментов го терам подолго време. Мислам дека тоа е уствари најбитната работа - да си створиш некој режим на здрава исхрана што ќе го применуваш постојано, а не само инцидентно за да ослабеш. Јас на пример пржена храна не јадам, сокови не пијам (само на гости кога морам ) леб знам да каснам, ама во последно време јадам двопек со 'рж. Денот ми почнува со овошје, зеленчукот ми е задолжителен. Пијам мнооогу течности - вода и чај без никакви додатоци, а исто така и јогурт редовно пијам. Од месо најмногу риба и пилешко, ама кога дома се готви свинско - јадам и тоа. Во принцип не се оптеретувам толку, знам да каснам и нешто калорично, ама ова што го наведов ми е секојдневие. Некои јадења и комбинации што порано ми биле вкусни, ама сум ги исфрлила од исхрана зашто не биле здрави, сега дури и ми се одбивни. Пример хамбургер - оууу колку ми бил вкусен, со кечап, мајонез, па си боцкаш од компирчињата со пластичното виљувче Сега да ми платиш не би го јадела. Во сендвичара немам отидено Бог знае од кога. Не дека сега се' што јадам е најздраво, најорганско, нај не знам што, ама е далеку подобро од тоа порано. Барем крвната слика и матичната докторка ми го потврдија тоа