О, не вежбам јас многу. 3 до 4 пати неделно максимум. Некогаш и два пати неделно, ако се погоди така. Не е тоа многу Инаку на вага не се мерам, повеќе ме интересира со обем како стојам. Еден конфекциски број симнав, ама гледам дека и тој број што сега го носам некако ми е лабав Не целам толку кон слабеење, повеќе си ги сакам мускулчињата
BodyShred: Rise Workout Ова е второ видео од програмата, исто како и во првото има вежби за секој мускул од телото + кардио. Рацете и рамењата премногу ме болат, speed bag вежбата никогаш не ми била толку тешка Инаку, ваквите програми ги сакам најмногу, затоа што за разлика од YouTube видеата, Џулиен и Шон (на пример) вежбаат со поголеми групи, па имате чувство дека сте во теретана и вежбате во друштво Башка не се демотивирате ако ви се тешки вежбите, затоа што гледате дека и на нив им се тешки и чат пат си прават паузи во текот на вежбањето. Баш во второво видео Џулиен посочи една од жените што вежбаше со неа - типкава има 50 години, дупло постара од мене, а изгледа подобро Што поголема мотивација од тоа? Мотивации
Денес 10km точак Секогаш ми е шашаво кога вежбам во петок или сабота, па после вежбањето одма експресно туширање и рекордно брзо спремање за излегување Ама бар не осеќам толку грижа на совест ако вечерта си каснам нешто Или се фатам малку за винцето Мотивации
Од вчера почнав и редовно ќе вежбам сега ветувам Денеска: до 20мин премногу ми беше напорно,сум изгубила кондиција.Планирам секој ден да си накачувам по 5-10мин и за некој ден да го истерам цело. Го почнав и предизвикот за чучњеви денеска 55 И 3 серии по 1мин планк. Вчера искрено повеќе вежбав но денес секој мускул ме боли,па за да не треба да одмарам подолго време поради воспаление на мускули денес решив малку да намалам. Мотивации:
Bodyshred: Amplify Workout Уф, многу добро видео! Сите мускули ми вриштат, особено нозете! Не знам како ќе одам утре Што би рекла другарка ми после еден час по пилатес: Спојлер - Леле, се осеќам како да ме поминале 10 црнци! Мотивации
Денес Се одлучив за вежби без кардио и потење, не сакав денес да ја мијам косата Ова видео прв пат го вежбам и супер е за затегнување и зацврстување. Вежбите некако повеќе беа сконцентрирани на стомачните и нозете, малку ми фалеа вежби за раце, ама добро е во секој случај. Мотивации
Денес до 30мин,напредувам +60 чучњеви Секое мускулче ме боли,особено рацете бидејќи ги немам вежбано до сега НЕМА ОТКАЖУВАЊЕ!
Паузата од 2 се направи 10 дена таман заврши славата-добив, таман тоа зсврши-се разболев Секогаш ко ќе решам да вежбам или диета да држсм се нешто излага Се мислев до пред малку дали е касно за вржбање, да си продолжам од утре, ама инат ме фати па станав и го извежбав повторно ова видео ×2 тегчиња во рацете
Bravo za tebe , samo da te prasam za vezbite za Jullian , za sto se vsusnost tie ? kakva e nivnata namena ? zateganje ili slabeenje ?
Денес Body Revolution: Cardio 1 Последно вежбање за оваа година Денов ми беше луд, предновогодишно растрчување по продавници и спремање за викендов. Ама си реков ќе истерам едно убаво кардио, па што сака нека биде Мене мотивација ми беше количката во супермаркет и помислата на тоа што сè ќе се јаде и пие овој викенд А за вас една новогодишна мотивација: За почнување со фитнес нема лош тајминг, ама некако на сите ни е полесно да почнеме со нешто „од понеделник“, односно во новата година Па еве за сите што размислувале да почнат со вежбање, почетокот на 2016 нека ви биде доволно добра мотивација да го направите тоа. А за сите оние со кои веќе се дружиме во темава - имајте убав помин за празниците, не се стегајте многу околу трпезата, ама со усул И чат пат дојдете во темава, да шкртнете нешто Да не се улежиме сите, па да се тркаламе после
Искрено да ти кажам мојата цел е затегање,немам потреба од губење на килограми. Го избрав ова видео бидејќи ми беше предизвик. Сметам дека се пред се за затегање,но бидејќи има и кардио се губат и килограми. Ако грешам слободно нека ме исправи некој
Денес бев решена цело да го истерам,но немав сила.. Повторно до 30мин, не се жалам битно вежбав +200 скокови на јаже
Денес истото кардио од вчера со тегчиња +уште едно 13минутно видео за standing abs. За годинава толку Инаку ви посакувам на сите се најдобро во 2016 и вечер убаво да си поминете каде и да сте И за крај се разбира да се мотивираме
И конечно цело,веројатно поради грижата на совест што ја имав поради се она што изедов вчера и денес Многу добро видео,не е толку напорно додека вежбаш но утредента не ги осеќаш нозете.. +70 чучњеви +30 стомачни +20 грбни +200 скокови на јаже +3 серии по 30секунди планк
Денес +75 чучњеви +35 стомачни +25 грбни +4 серии по 30 секунди планк +250 скокови на јаже Мотивација ми е тоа што летоска една комшика ми рече: Леле колку згодна си станала,што вежбаш? А ја целата И сега целам кон тоа да бидам уште позгодна.
За денес распоредот изгледа вака: Планирам да возам и орбитрек околу 20 минути и тоа е тоа. Да не заборавам Среќна Нова 2016 година на сите