Денес планирав да направам пауза,но неможам да го истерам денот без вежбање. Очигледно ми стана дел од моето секојдневие, и задоволна сум со тоа. Денес немам намера да го терам 30 дена, ќе го вежбам понекогаш кога ќе немам идеа што да вежбам. http://www.femina.mk/диети-и-фитнес/фитнес/5-ефективни-вежби-од-ангелот-елза-хоск секоја вежба по 10 повторувања. http://www.femina.mk/диети-и-фитнес/фитнес-видеа/видео-вежби-за-цврст-и-секси-задник +3 серии по 1мин планк +250 скока преку јаже +45 стомачни +35 грбни
Браво девојки Баш ми е мило што темава е активна и во ваков празничен период кога на никој не му е дојдено до вежбање Денес го истерав првиот фитнес ден во оваа година: 10km точак. Не бев сигурна дали ќе успеам да извозам толку, зашто веќе трет ден сум на антибиотици и се чувствувам омалаксана Ама добро поминав, пуштив интересно филмче за да ми оди полесно Е сега се надевам нема да се испоразболам уште толку, зашто убаво се испотив. Ама примерен пациент сум, денес на мени имам супи и мешавина од чаеви од лабораторијата на татко ми - кои иако грди на вкус и мирис, имаат добар ефект за средување на кашлицата Мотивации
Ова е според мене најдоброто видео со вежби за стомачни. Да ви се пофалам дека преку еден ден цел месец ги правев вежбиве и конечно почнаа да ми се познаваат и долните стомачни, и страничните. Претходно ги имав само горните. Само да ве предупредам тешко е, но не правете паузи меѓу вежбите колку и да боли Cassey е царица. Инаку денес половина час Пилатес, и 20тина минути тежински тренинг.
Денес http://www.femina.mk/диети-и-фитнес/фитнес-видеа/видео-вежби-за-цврст-и-секси-задник +40 стомачни +4 серии по 40секунди планк +30 грбни +100 чучњеви Мотивации:
девојки дали правите пауза мегу чучњевите ?? бидејки јас одма се заморувам и правам 200 чучњеви ,али со пауза
Да јас пред тоа вежбав многу активно сега веднаш по четири дена се забележува затегнување, не ни ми е поента слабеење
Иако е празник денеска нема отстапка, ќе се вежба и денес За денеска на распоред ми се стомачните и тоа следните видеа: https://www.youtube.com/watch?v=mMHgxyX_f7U&list=PL85RBsGKmiVHcqzANrWB1WsktNVhE9KPb&index=6
Што убаво кога вака ќе видам дека не сум единствена што вежбала денес А баш денес ми беше најтешко да се наканам да вежбам. Прво, Божиќ е, после богатата трпеза сите дома исполегнаа и цела вечер гледаа филмови. Второ, ме мачат женски проблеми. Трето, уште сум на антибиотици. Ама морам малку да потрошам калории Денес се одлучив за Bodyshred: Rise Workout Го имам вежбано и претходно, си ги имам искажано симпатиите кон програмите на Џулиен, да не должам многу Мотивации
Jaс направив пауза од две недели ,уствари ме фати гриб една недела после уште една така помина ми се изгуби навиката ама од утре почнувам од почеток вака не можи повеке а и за празнициве бајги јадев
После 3 дена пауза,што поради празниците,што поради настинка повторно се враќам тука. Овој пат нема толку лесно откажување Денес +3 серии по 45 секунди планк И толку.. доволно е да не се доиспоразболам Мотивации
@#strong_woman Без грижи нема да се доразболиш, и јас сум настината деновиве па не правам пауза од вежбање. И само тоа ме прави да се чувствувам подобро. Значи ако си способна да вежбаш, вежбај си, јас мислам нема потреба од паузи. Како што имам читано дури и помага во опоравувањето. (секако да не е пренапорно) Он-топик , денес Пилатес за цело тело плус раце, грб и гради со тегови
Денес Сите три видеа прв пат ги вежбам. И единствено третото не ми се допадна нешто многу. Не дека беше лошо, ама не би го избрала пак. Второто е океј, а првото би го вежбала и некој нареден пат, ама откако ќе набавам потешки тегови. Сега морав малку да импровизирам со моиве што ги имам Мотивации
На денешно мени Ај викам Инсенити малку да повежбам, одамна немам истерано некое видео Издржав до крај, само кај склековите ги правев полесните варијанти, уште не ми се цврсти рацете до толку. Мотивации
Денес Пилатес за цело тело околу половина час, плус тежински тренинг за поголеми нозе и задник! Видеово е ептен добро за оние кои веќе долго вежбаат Пилатес и бараат нешто понапредно и поголем предизвик. И да ви се пофалам, денес си се почастив со нова Пилатес топка, тегови за раце и нозе, спортски градник и плус протеинче Кога тргам за шопинг веќе сите очекуваат дека на вакви работи ќе ми отидат сите пари. Но што да правам кога ме мотивира