Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мојот фитнес ден (+ мотивации)

Дискусија во 'Фитнес' започната од EleMental, 22 октомври 2012.

  1. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Еве ме мене,тука сум не забушавам :!: После неколку дена пауза (од оправдани причини)денеска пак се вратив во теретана :)
    Час и половина.
    Орбитрек 8 мин. за загревање
    Справа за нозе 3 серии по 15 пати на секоја нога (25,30,35 кг)
    Вежби за нозе (нешто како чучњеви ќе му дојде) со тегче 6 пати по 10.
    Вежби за раце со тегчиња околу 10 минути
    Справа за нозе (што се бутка нагоре) само 3 пати по 10 (многу тешка ми беше :doh: )
    Стомачни на справа 3 пати по 12
    Справа за раце и грб 3 по 12.
    Ете така папсав,се препотив :whew:
     
    На tessi, Dinnna, Lux и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    10.903
    40 минути кардио,3*30 стомачни(странични и прави),чучњеви 60.
     
    На london-girl, tessi, Dinnna и 2 други им се допаѓа ова.
  3. ma4enceEdno

    ma4enceEdno Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    465
    Да се пофалам денес вежбав скокање со јаже(имитирање на скокање со јаже, бидејќи немам јаже) постојано го правев 30 мин, а сега 38 :) не е многу зголемувањето , но неможев да издржам до 40мин, здравје утре планирам.
    * После планк 5 мин- едвај издржав,
    * вежби за стомак 8 мин- на јутуб ги има второ ниво, само шо неможев по 40 пати ги повторував по 20,30 пати кои како,
    * вежби за заведник 5 мин- на јутуб од енви, али мислам се запалив скрос у п.м
    * и вежби за раце 10 мин- исто од јјутуб.

    Се на се 1час и 15 мин, сега се туширав , ќе пијам чајче и ќе легнувам.
    Добра ноќ.
    :hai:
     

    Прикачени фајлови:

    На london-girl, tessi, Dinnna и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    За вчера, единствена физичка активност ми беше пешачењето и тоа измерени околу 9 км со 11 000 и нешто чекори.
     
    На baby-star, tessi, Dinnna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Inna5

    Inna5 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 април 2012
    Пораки:
    698
    Допаѓања:
    626
    Вчера цел ден бев во Штип,се вратив касно и немав време за ништо па не правев вежби.
    Денес:
    40 чучњеви
    10 женски склекови
    40 грбни
    30 скокови во место
    и вежби за загревање
    И секако,помалку леб,повеќе овошје и зеленчук :)
     
    На Artemission, tessi и anichka94 им се допаѓа ова.
  6. Kate.Moss

    Kate.Moss Активен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
     
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.181
    Допаѓања:
    102.239
    Пол:
    Женски
    Не ми се веруваше ама дефинитивно така е, вчера не вежбав, а дека навикната да вежбам секој ден, не можев да заспијам, што ти се вика навика еј, мераци. Сега почнувам 50 минути Зумба видео, 8 минути вежби моделите на Вики :rofl: Викендов планирам малку повеќе, степерче пак да го активирам и некои вежби плус да си најдам. Убаво ми е вака кога ќе ми се вклопат некои вежби во ритамот, си се осеќам убаво дека си ги знам и си ги вежбам. Досега и покрај мојот надуван стомак од ПМС се осеќа голема разлика после 12 дена диета и недела дена вежбање :rofl:
     
    На Artemission му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.039
    Допаѓања:
    1.092
    Пол:
    Женски
    По неколку дена паузаод оправдани причини, морам да си се вратам во форма, одма има разлика ако не вежбаш неколку дена (мислам дека 4-5 дена ми се собраа :worried: ). Денес:
    - 30мин. Tae Bo - Instant Abs.
    - 10мин. Орбитрек
    - 40 стомачни
    - 20 склека (со свиткани нозе)
    - 20 чучњеви
    :whew: , доста е

    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Artemission му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    Немав време да пишам си вежбав секој ден по 15 мин. ама не межани вежби еден ден само за нозе друг ден само за грб за стомак итн.
    За неколку дена ке почнам да мешам вежби и да вежбам подолго :)
    [​IMG]
     
    На Artemission му/ѝ се допаѓа ова.
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.181
    Допаѓања:
    102.239
    Пол:
    Женски
    Ау ама било напорно да си Ангел на Вики :lol: 10 минути, ме испотија ко три пати видеото Зумба. Ми лајк ит, овде некаде е постирано кој го нема видено не е лошо да си го отвори. Значи не се 8 туку 10 минути. Јас денес имав саат време убаво потење, идам под туш па да се дружам со бестселерот до кај 12 саат ;)
     
    На tessi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Не пишувам секој ден зошто немам баш време последниов период за седење на нет :) Имам мал напредок,ја накачив минутажата на 50 минути на орбитрек и продолжувам со останатите вежби кои и претходно ги вежбав,само се мислам за чучњевите.Сега едно глупо прашање,ама прочитав негде на форумов колковите се ширеле од нив,а мене тоа не ми треба баш.Што мислите вие за ова?
     
    На Artemission му/ѝ се допаѓа ова.
  12. zarah123

    zarah123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    42
    Феминки ви се придружам и јас денес почнав со вежбање:
    20 мин орбитрек
    10 стомани прави
    10 стомачни странични
    10 чучњеви
    15 грбни
    10 женски склекови за прв ден после два месеци пауза доста е се надевам ке се дружиме.
    Од ова тема се мотивирав да почнам со вежбање.
     
    На LaBella, Artemission и ma4enceEdno им се допаѓа ова.
  13. NightAir

    NightAir Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    491
    Оо заборајв да пишам.. :D Денес се изнавежбав Тае Бо. Господ го видов! But.. no pain, no gain..
     
    На okcenzi, LaBella и ma4enceEdno им се допаѓа ова.
  14. Borjana

    Borjana Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2012
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    9
    колковите се ширеле од нив..... нема врска незнам кој го кажал тоа ама греши
     
  15. ma4enceEdno

    ma4enceEdno Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    465
    Денес 40 мин кардио ја зголемив минутажата од 30 мин и жива вода се сторив :sweat: После си продолжив со планкот 5 мин и вежбите за стомак, потоа за задник, и на крај за раце со тегови од 2кг. Иначе напраив и некоја вежба со теговите и за задникот. И сега чуството незаменливо :) Се туширав и ќе гледаме филмче со златото мое и ќе му ја легнуваме :D
    Феминки, продолжете сите со вежбањето се читкаме утре!
    :hai:
     

    Прикачени фајлови:

    • motiv.jpg
      motiv.jpg
      Големина на фајлот:
      35,4 KB
      Прегледи:
      358
    На marama, LaBella, Lux и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Уште една петочна вечер помината со швалерот О. во домашна атмосфера 8)
    Демек петок ко петок немам енергија, ама дремнав малку после работа и собрав сили за цели 55 минути на Орбитрек, поминати 26 километри и согорени 390 калории. Ќе терав уште ама веќе 12ч ме фати, а каде време остатокот од вежбите, и оставив за утре да терам повеќе.
    После тоа: х50 расчекори на секоја нога, 100 чучњеви, 40 склека, 80 стомачни и 60 грбни.

    [​IMG]
     
    На marama, LaBella, ma4enceEdno и 2 други им се допаѓа ова.
  17. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.482
    Денес НОЗЕ и СТОМАК. Под нозе се подразбира: Преса, чучањ, исчекор, задна ложа, листови, мртво дигање. Под стомак се подразбира 3 кружни вежби. На крај кардио. :)
    [​IMG]
     
    На marama, Lux, LaBella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.181
    Допаѓања:
    102.239
    Пол:
    Женски
    Добро утро, фитнес утро, започнува викенд со 50 минути Зумба и 10 минути вежби, после туш и денот може да започне :rofl:
     
    На Lux, DigY, LaBella и 2 други им се допаѓа ова.
  19. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Ја запоставив темава,иако мие една од моите омилени,а богами се запоставив и јас со вежбањето..
    Епа денеска бев активна како одамна што не сум била
    10 мин истегнување

    900 скока со јаже

    30 чучеви

    60 стомачни

    15 грбни

    10 женски склела

    5-6 типа кревање тегови...по 20 пати

    Дефинитивно папсав особено ме докрајчија теговите

    Типкава дефинитивно ме инспириа секогаш, Јачина мие
    Пс:темава страшно ме потикнува да вежбам
     

    Прикачени фајлови:

    На Lux, Artemission, XMaN и 2 други им се допаѓа ова.
  20. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.427
    Допаѓања:
    91.538
    Пол:
    Женски
    Од денес ви се приклучувам и јас, се надевам ме примате :wasntme:

    Јас сум си природно мускулеста, па малку вежбање ми е доволно за убав изглед. Барем она што мене ми е убаво.
    Денес правев вежби за загревање, оние од физичко некои 10 минути. Чучњеви 100 и склекови, ваљда склекови се (на ѕид ги правам) :lol: 30 пати.
    Изодев 2 км, знам не се многу ама на штикла бев :wasntme:

    Сега барам некои вежби за стомак, зошто конечно се здебелив, а не ми отиде се во стомак, па малку да го оформам.
     
    На Cacy, Lux, Dinnna и 4 други им се допаѓа ова.