денес вежбав кардио вежбите на Bipasha Basu , 200 чучњеви ( сакам повеке да правам али ми е страв да не ми се појачаат мускулите , целта ми е за слабеење ) , кардио од Keaira LaShae , да ви кажам имам одлични резултати , сите ми викаат дека сум се оформила и дека сум ослабела , овие кардио вежби имаат големо влијание за слабеење , а јас цел живот мака мачев во теретана и наместо да слабеам ми се прошируваа бутовите , на сите ви препорачувам што сакате да ослабите да вежбате исклучително кардио вежби и резултати има мн брзо
Викендов многу ги оптеретив рацете и нозете, па денес се одлучив да ги активирам стомачните Макар што и во оваа програма се активираат мускулите на нозете и рацете, ама не до толку. Вчера си дозволив малку повеќе спиење зашто се осеќав како претепана, уште имам болки во мускулите, ама денес сум многу подобра Мотивации
Ајм бек, неделава паузирав зашто бев малку на шетање по странството, ама се изнапешачив па Денес на менито повторно Ќе се задржам изгледа на видеава од Џесика Смит, ептен ми се погодени, само ќе гледам од утре да вежбам некои подолги од овие со пешачење.
Денеска покрај вежбите од Кејси што се за денес од распоредот планирам да го правам и ова видео. Вчера случајно налетав на него, а и така ги немам овие од фитнес блендер вежбано и времево надвор е даун нема да се излага таман 2 саати се на се таман се. Малку мотивација:
Денес денот ми почна со вежбање, поточно теретана. И да се пофалам дека успеав да направам чучањ со тежина што ми беше предизвик веќе долго време. Денес беше leg day, и задоволна сум од мојот перформанс. Ме мотивираат мускулести, големи и убаво обликувани нозе. Дома вежбав уште половина час Пилатес зашто ги обожавам тие вежби, и плус ми помагаат да ми се релаксираат мускулите и да се истегнам. Обожавам кога денот ќе ми почне со вежбање, цел ден сум добро расположена и полна со енергија, едноставно незапирлива!
Денес душа испуштив, ич немам кондиција, ама извежбав до крај со по малкуцка забушавање де Инаку до крајов на месецов решив повеќе на кардио да се фрлам а 2 пати неделно strengt вежби пошто имам 3,4 килца за слабеење. После обратно Денешно мени: и Плус почнав да ги применувам да речеме 75% од правилата од Хроно исхраната И да се мотивираме за крај:
Денес Body Revolution: Cardio 3 Го имам вежбано и претходно и имам пишано импресии. Ова е последниот левел кардио во програмата, па според тоа е и најтежок. Колку сум црвена и испотена сега, ептен добро ќе ми дојде тушот Кај ова видео најмногу ми се допаѓа што не е кардио само со рипање и скокање, туку има и прилично многу затегнување на мускулите, особено на нозете. За крај малку мотивација од Џулиен
Ах девојки, едвај чекам деновиве да се породам и да се вратам во форма. Знам, знам ке ми треба многу ваша поддршка и совети, ама си земам за слобода да ви ја оставам таа работа на вас. Па најдете ми некои почетни полесни кардио вежби. И ке ви бидам вечно благодарна.
Разгледај некои од тие јас што ги вежбам од Џесика Смит со пешачење, за почеток ќе ти бидат таман за размрдување па со тек на време можеш да преминеш на малку понапорни.
Многу ми се бендисаа вежбиве, ги пробувам сигурно. http://www.femina.mk/диети-и-фитнес...а-телото-кои-ќе-ви-го-активираат-секој-мускул
Денес паузирам од тежинскиот тренинг, имам ден за одмор за опоравување на мускулите и секако доста зголемен внес на калории и протеини! Но тоа не ме спречи да се размрдам од сабајле со Пилатес Инаку женава ми е најголема мотивација. Силно тело, одлично изградено и мускулесто. Ова е мојата цел И малку оф-топик, дали некоја од вас тука зема некакви суплементи?
Денес се засилив со ова видео ама ништо, до кај 30 мин успеав едвај да го издржам. Ич немам енергија денес, не знам што ми е Но сепак подобро од ич, да се утешам
И денес денот го почнав со вежбање. Забележувам дека сабајлечки имам најмногу енергија и мотивација. Во теретана-рамо и трицепс. Дома ова видео : И малку мотивација
Петочки BodyShred: Amplify Workout Втор пат го вежбам ова видео од програмата, супер е, мене многу ми се допаѓа ваква комбинација на кардио и вежби за затегнување. Нозете ми се опоравија, ама рацете уште ме болат и сега осеќам дека уште толку ќе ми се воспалат мускулите Оние вежби за трицепс ќе ме умрат! Денес бев многу кнап со време, ама нешто бев убаво расположена, па во последен момент одлучив да вежбам Набрзинка се организирав за да ги завршам сите обврски и да се спакувам, па да извежбам и да се истуширам. И така, сега можам без грижа на совест да идам на викенд Мотивации
Вчера паузирав а денес повторно во down расположение успеав да извежбам 25 минутки од видеата од Џесика за домашно пешачење Најважно е мислам сепак да не се откажуваме и во вакви денови, па колку и да се извежба подобро е од ич во секој случај
Девојки за загубена мотивација за вежбање, мислам дека овие вежби се совршени за лесно вараќње во форма http://www.srekja.mk/5-joga-seks-pozi-koi-ke-vi-go-oblikuvaat-teloto/