1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мојот фитнес ден (+ мотивации)

Дискусија во 'Фитнес' започната од EleMental, 22 октомври 2012.

  1. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.477
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Денес 10km точак :whew:

    Јас изгледа најубаво е да не се држам до никакви распореди, зашто очигледно најмногу вежбам кога не планирам ништо :D Во петокот си реков доста е за оваа недела, па денес ни на крај памет не ми беше да вежбам. Ама порано си дојдов дома, за некое чудо не се осеќав многу уморна, па пуштив Friends и си ја извртев стандардната маршута :)

    Мотивации
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Melani96, Wahnsinn, Jenniffer и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Немам потреба од слабеење, само затегнување и дефинирање на нозете. Веќе неколку дена ги правам овие вежба. Мускулите ми се запалени, едвај одев првите два дена.
    Денес ќе додадам и + 100 squats.




    Доволна мотивација ми е сликата кога ќе ја видам. :)
    [​IMG]
     
    На Wahnsinn, LaraSolare, AnaKarenina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. LifeLove

    LifeLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    141
    Ај да си прашам нешто. Имам едно максимум 10 кг за симнување. Сакам да почнам да правам чучњеви ама не знам дали сега или откако евентуално би ослабела. Да не ми се зацврстат нозете и бутовите, па да не можам после да ги ослабам? Дали би можела сега да вежбам вежби за зацврстување и истовремено да слабеам?
     
  5. BayernKa

    BayernKa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    1.089
    Пол:
    Женски
    Девојки прво да се претставам, јас сум m2m2m2 со нов профил пошто по небитен сплет на околности не можам да го користам стариот ]:)
    Но да се вратам на темата, денес омилените ми вежби кои душа ми вадат ама ги издржувам




    и ова ми е ново :)



    :sweat:

    И за крај, се знае:
    be38f05c6f7c1e220dbe9c99c58f91ec.jpg
     
    На anakonda88 и Elen4e89 им се допаѓа ова.
  6. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Вежбај си слободно. Голема заблуда е дека само кардио и само диета помага за слабеење. Баш напротив, многу е важно да изградиш цврсто тело, цврсти мускули, затоа што мускулот тежи повеќе а зафаќа помалку место од салото. Освен тоа, оние кои имаат повеќе мускул повеќе калории трошат во мирување. Не претерувај со кардио, храни се здраво и обавезно прави вежби за зацврстување и тежински тренинг.

    Он-топик: Денес во теретана многу напорен тежински тренинг за нозе и задник.
    Дома нормално Пилатес. :inlove:




    [​IMG]
     
    На LifeLove, Elen4e89 и BayernKa им се допаѓа ова.
  7. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Денес еден час пилатес. :mm:

    Мотивации
    [​IMG] [​IMG] [​IMG]
     
    На Melani96, BayernKa и Elen4e89 им се допаѓа ова.
  8. BayernKa

    BayernKa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    1.089
    Пол:
    Женски
    Ви завидувам како успевате повеќе од 30 минути да вежбате :$
    Јас за денес 30 минутки зумба:dance:
    Црна јас, ќе терам некој да ме снима следен пат, кој знае како играм, сигурно ко овие две :D


    Ама па затоа квалитетно се препотив ако ништо друго :sweat:
    Шала настрана, да се мотивираме за крај:
    587b1d4af7bef645c1c26a437df9b4d4.jpg 6dd492002b961c28f9fb8eaa615cc077.jpg aebdbf4a60993f427dc72f29d5b38217.jpg
     
    На anakonda88, Sireni и Elen4e89 им се допаѓа ова.
  9. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    Јас вежбам по пола час,мрзлива сум,немам време,брзо ми се здосадува и мислам дека толку ми е доволно.8)
    [​IMG] [​IMG]
     
    На anakonda88 и BayernKa им се допаѓа ова.
  10. #strong_woman

    #strong_woman Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Подолго време ме немаше, но не од што ме мрзеше туку не бев дома. Немав ни време, а ни услови да вежбам. Но многууу пешачев и имав напорни проби од играорна, така да сепак не бев без ништо :lol:

    Денес











    +4 серии по 30секунди планк
    +100 подигања на прсти
    +120 чучњеви

    Мотивации:
     

    Прикачени фајлови:

    На anakonda88 и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  11. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Вчера

    Имам и претходно вежбано видеа од GymRa, ама ова прв пат го вежбам. Добро е, единствено имам замерка за тоа што многу брзо се менуваа вежбите, па ми беше тешко да ги следам. Особено кога лежев на подметач и не можев постојано да гледам во компјутер. Сè друго беше супер :)


    Денес

    И ова видео за прв пат го вежбам. Ова е четврто видео по ред во програмата, за нијанса потешко од претходните три. Не ми се допадна тоа што имаше многу burpees (кои и онака не ги поднесувам |(). Мислам, не морало во едно видео да се тераат секакви варијации од таа вежба. Во последниот круг да ви кажам право ми досадија, па си скокав на јаже наместо тоа. Инаку, првата вежба од третиот круг - најзабавна вежба ever :D

    Мотивации
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На anakonda88, kajl, Elen4e89 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Денес повторно еден час пилатес. ^^

    [​IMG]
     
    На Elen4e89 и BayernKa им се допаѓа ова.
  13. BayernKa

    BayernKa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    1.089
    Пол:
    Женски
    А јас денес повторно омилените ми вежби кои ме преморуваа минатите денови, но тоа било зашто сум била пред добивање :) Денес кога веќе добив, друга прича :muscle: Туку да не ги постирам по не знам кој пат.
    Инаку го сменив планот малку, наместо 4 пати кардио во неделата и 2 пати вежби со тежини, ќе бидат засега 3 со 3. И плус да се пофалам веќе цела недела и повеќе пијам по 1литро вода во денот 8) Порано се случуваше во денот ни една чаша да не испијам :$

    eb576dad9e9ba99577e5fea5b30dafdf.jpg
     
    На Elen4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Мислам дека денес претерав... :whew:

    Прво почнав со 10 минути зумба (прв пат пробувам со зумба и не сум сеуште во кондиција баш и доволно ми беше).

    После тоа повторно овие две видеа :



    + во меѓувреме додадов некои мои вежби (планк, три вида чучеви)

    И за крај феноменалното (јаготката на шлагот)


    [​IMG]
     
    На kajl и Elen4e89 им се допаѓа ова.
  15. The Saturdays

    The Saturdays Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2015
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    1.888
    Пол:
    Женски
    денес направив 50 squats, 5 crunches, 5 leg raises, 15 стомачни, 30 lunges, 10 sec plank i plus ovie vezbi , иначе 2 ден вежбање после неколку месеци


    candice_0.jpg
     
    На Elen4e89 и BayernKa им се допаѓа ова.
  16. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Добро утро! :sun:

    Денот го започнав со теретана (трицепс и рамо) + стомачни (15 минути)
    Дома вежбав Пилатес. Некогаш ми се чини дека Пилатес вежбите се потешки и од оние во теретана :$

     
    На BayernKa, Elen4e89 и Скопјетесакам им се допаѓа ова.
  17. Elen4e89

    Elen4e89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, една недела не вежбав ради циклусот, болки имав страшни, настината со јајниците лом. Денеска се враќам со програмата на Кејси, на ред се стомачните за денес и плус имам 90 чучњеви и 20 минути орбитрек. Ова се видеата за денес:






    Нормално мотивација за убави стомачни:
    [​IMG] [​IMG] [​IMG]
     
    На BayernKa и Скопјетесакам им се допаѓа ова.
  18. BayernKa

    BayernKa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    1.089
    Пол:
    Женски
    Јас денес паузирам, женски проблеми :wasntme: Но тука сум да се мотивирам и да ве мотивирам 8)
    c545399b8ae92703eb412b899c240bcc.jpg 35f39a18cda1b85f716633552b83189a.jpg
     
    На Elen4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Dear_Thing

    Dear_Thing Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2015
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    2.661
    Пол:
    Женски
    Се зачленив на форумов за други теми (поврзани со бременост) и воопшто немав разгледано што друго има, па сега, сакајќи малку да здивнам од ова што ме мачи, налетав на темава. Обожавам да вежбам и имам пробано скоро све зошто ми се здосадува кога терам само со едно. Трчам, возам точак, одам на Водно, одев на пилатес, вежбав Инсенити итн. Изминатиов месец бев принудена само да одмарам и не смеев да вежбам поради „обиди за забременување“ ама не бидна ништо, па си остана yours truly улежана и малку здебелена. Не можам да се трпам вака, не само со 3-4 кила плус, туку кога не правам ништо. Обожавам да сум активна. Па темава ви е супер за малку бодрење зошто понекогаш снемува мотивација.

    Значи, да почнеме :) Денес и вчера извозев по 35км за саат време, плус вчера правев:
    • wall squats - 20
    • jump squats - 20
    • lunges - 20
    Колку за загревање дека бев улежана. Се мислам сега со што да фатам следно. Дали малку пак да се активирам со Инсенити или најдов една апликација за телефон, My trainer Dasi, па да терам некоја програма од тие. Имате ли да препорачате нешто ефикасно? Не ми сметаат хард кор вежби.
     
  20. Dear_Thing

    Dear_Thing Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2015
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    2.661
    Пол:
    Женски
    Денес, Insanity Pure Cardio - скоро 40 минути. Јаоо, сум паднала малку кондиционо, ми извади душа. Ама нема подобро чувство откако ќе завршиш и ќе се истушираш! Go, girls!