Јас денес вежбав раце и рамена. Само што јас направив по 2 серии Многу ми се слаби рацете значи, со тегчиња од пола кило вежбам и ми горат мускулчињата Понатаму ќе наголемувам тежина, засега толку
Денес бев целата укочена и едвај станував и седнував на креветот па решив малку да сменам рутината и да пробам со ова зумба видео.
Денес ден за кардио. Сеуште немам кондиција за тие со скокање па си се држам до ова. Го извежбав 2 пати Не е многу тешко ама ми одговра, па можеби следен пат и 3 пати ќе го извежбам И мотивацја
Вчера- цел ден на Попова Шапка. Пешачење,скијање,санкање.. преубаво Денес +20 стомачни +20 грбни +20 чучњеви +2 серии по 40секунди планк Мотивации:
Со шејкчево при крај сум, си вежбам секој ден, е имам качено некое килце, всушност 7 .Задоволна сум !
Од денеска ви се придружувам и јас, официјално! За денеска: + 50 стомачни,50 чучњеви и 40 сек. планк +
За денес си најдов ново омилено видео од Џесика Смит Го извежбав без 2,3 минутки, не е со скокање ама ме испоти поштено
Зумба 20минути + Со вежбите за рацете направив малку импровизација пошто вежбав со тег од 5кг. + стандарното (ниеден ден не ми поминува без да го направам овие вежби) + 5 пати планк по 1 минута I'M DONE!! Одам да се истуширам
Второво видео не можев до крај стигнав некаде до 12 мин. мускулите на нозете ми вриштаат. + 50 сек. планк
За денес истото видео од вчера ама само до 31 минута Некако мрза ме фати па Мора од 1ви февруари да почнам посериозно, доста беше загревање
Дефинитивно најзабавното (воедно и најлудото и најтешко) зумба видео, морате да го пробате. На 10 минути останав без воздух. + Денес не бев многу раздвижена, само од школото до дома пешачев па повторно го направив и ова. Тука си го искористив заслужениот одмор од 10минути. Продолжив со... Крај. Се потешко и потешко... Ама ако. Мотивирана сум.
Денес Кардио и отечени гради, леле мори мајко Требаше со каиш да си ги врзам, или евентуално да си купам железен градник за овие денови од месецот. Мотивации
Од денес почнав со 30-Day Thigh and Butt Chalenge(ќе барам предизвици и за другите мускули). Значи 3 дена неделно предизвици ќе вежбам и 3 дена кардио. Се надевам дека ми е ок планот, пошто сакам малкуцка да ослабнам, да го стопам салцево на стомак најмногу ама и да се зацврстам. Денешното мени кратко ми беше ама нозеве ми се тресат, не ги можам тие lunges i lateral lunges, претешки ми се и се сомневам дека ги правам правилно Значи денес почнав со: 15 Squats 10 Bridges 20 Lunges(10 со лева 10 со десна нога) 14 Lateral Lunges (7 со лева 7 со десна нога) 20 Scissors 10 Fire hydrants 10 Plie squat pulses Ама никако откажување, мора да се издржи Па ќе се фрцкаме летово
Денеска планирам 1 час орбитрек да вртам, 135 чучњеви и 4 типа на стомачни по 4 серии. Доволно за денес.
Доста ми беше загревањето, it's game time. Одамна сакав да ги пробам овие вежби ама некако никогаш немав доволно храброст бидејќи се плашев дека ќе се откажам на првите 10 минути. Денес бев доволно мотивирана и решив да пробав, па што биде нека биде. Навистина добар мотиватор е жената, не си дозволив да се откажам. Бев прилично изненадена колку можам, го завршив целото видео, без паузи. Имаше малку офкање и викање, ама заврши...
Денес пилатес, again. Мотивација ми е инструкторката, каква жена, ауууу. Не е пренабилдана, преслаба, си има облини, женче, со добар гз, рамен стомак, стегнати нозе со муклучиња тонирани, ама она , не премногу. Значи тонирана и секси. И мајка... И како да не ми биде мотивација?