За денес толку. После некое време не толку активно вежбање, сакам повторно да се вратам во форма. Иако вежбиве беа ептен едноставни, посебно јогата, кондицијата ми е за никаде па се преморив.
Вчера: +100 squats Денес: squats 110 hip trusts 60 leg lifts 2x40 clams 2x40 lunges 2x30 donkey kicks 2x40 50 sec. wall sit
Денес еден час пилатес, фокус на раце и грб, со мали тегчиња. Инаку денес ми е 7ми ден како правам еден squats challlenge, 30 дневен при што секојдневно нели се зголемува бројот на чучњеви. Друго по дома не вежбам. Мотивации:
Денес 140 squats, 100 crunches, 43 leg raises, 70 стомачни, 60 sec plank и вежбите од Victoria's Secret Train like an angel Candice ми е секогаш мотивацијата хаха, телото му е совршено D
Ме немаше 2 дена за срамота Ама се вратив денес на прав пат Не попуштам овај пат од инат и на мрза и на се Денес на мени: плус 20сек планк
Денес малку посмирено. Сакам да почнам со јога часови ама во мојот град не се одржуваат повеќе поради малата заинтересираност што ја имаше. Штета. + 100jumping jacks +дигање тегови(5кг) по 50пати рака
Денес Се мислев дали да вежбам, цел ден ме искина стомак и кичма, во оние денови од месецот сум Ама ај викам ќе почнам со Џулиен, па до кај терам - терам. Нема да се форсирам. И еве, го истерав цело видео. Можно е заради вежбањето да ми се смирија болките? Има логика? Можеби нема, ама сега како подобро да се чувствувам. Може па и психолошки момент е во прашање Мотивации
@AnaKarenina Во текот на циклусот се препорачува вежбање баш за намалување на болките. Секако без претерувања. Јас веќе два дена сум омалаксана и настината. Вчера едвај танцував. Ќе одморам, па се надевам ако не утре, во недела ќе си продолжам со Ребека. Мотивации:
Зумба - 13 од 18 минути, ептен ми беше конфузно видеово, утре ќе најдам подобро. Рацетееее... Порано секогаш вежбав јога пред другите вежби, но иако таквиот редослед има позитивни страни - загреани мускули, сепак ми се случувало после да не сакам да продолжам да вежбам поради тоа што често на крај ќе се опуштам до толку што ме фаќа дремка. Затоа, сега јогата ја ставам последна, таман да се изладам постепено после скокањето и теговите. ^ Баш така.
Денес NMTZ дефинитивно ми е нај нај нааајомилено фитнес видео ever! Порано на памет го знаев целиот распоред на вежбите, ама сега одамна го немав вежбано, па сум го подзаборавила. Ви го препорачувам на сите, особено ако никогаш не сте го вежбале, мора, значи МОРА да го пробате! Нема ниту една кардио вежба (освен при загревањето) ама добро ќе ве испоти и измори. Откако ќе го завршите, ќе ви вришти секое мусклулче на телото Иако трае скоро саат време, мене овојпат некако брзо ми помина. Можеби баш затоа што сум ги подзаборавила вежбите. Порано кога знаев што сè следи, губев желба да го вежбам Мотивации
Ме нема 2 страни, срамота Ама рутината ми е таа понеделник и среда играорна, четврток и вторник одбојка.. Петок понекогаш вежбам, понекогаш не. Ама сабота и недела се тука Денес +100 подигања на прсти Мотивации:
Денес планирав одмор, викендите избегнувам да вежбам ама не можев да одолеам на видеото што го постави АнаКаренина. Мислев видеото е околу 20-30мин, толку ми е и капацитетот да вежбам, кога видов дека е скоро еден час во несвест ќе паднев. Мотивации:
девојки вежбам нови вежби , но ми се тешки , и правам паузи , на 9 минута , на 20 минута , дали би имало некој резултат доколку се прават паузи?? или нема врска ?
Денес го теретана-45 минути вежби за нозе. Кога дојдов дома си го спремив најкалоричниот и најбогат со протеини оброк во целата моја фитнес историја. Леле едвај чекам да видам пораснати мускули на нозете и задниот дел. Дома го извежбав и ова видео, спрецијално за стомачните е, не е баш лесно И малку мотивација од мојата омилена Paige Hathaway