Денес 155 squats, 110 crunches, 48 leg raises, 80 стомачни и Victorias Secret Train Like An Angel Еве ја и мојата мотивација Кендис
Денес ништо не ме боли! Јухуууууууу! 2 серии по 100 - скокање преку јаже 2 серии по 50 - чучњеви 2 серии по 1 минута - планк на раце и малку растегнување на крај. Почнав сама со себе да зборувам, да се мотивирам самата - ти можеш, не се откажувај.. мантра ми се зборовиве. Додека го правев планкот, после 30 секунди цело тело почна да ми се тресе, ама стиснав заби и издржав две серии по минута. Ај да не се фалам многу, ќе се урочам.
Воопшто не сум активна тука на темава, но вежбам секојдневно. И најмногу ме мотивираат резултатите што ќе ги видам на мене Денес уште не сум вежбала, тек вечер. А вчера: +120 чучневи Денес едвај се движам, но ако. Сепак не се откажувам Мотивации:
Дечки јас до пред некој месец имав едно 3кг вишок,сега имам уште 3кг вишок ,значи не се нешто многу А имам fat на стомакот,нозете и најквеке што ме нервира на рацете, ептен ми се flabby arms ,не ми е многу кожата висната ,ама рацете ми се дебели и пошто не сум нешто многу висока ептен ме нервира. Ке замолам некој со исто искуство да сподели вежби и режим на исхрана, било што, што би можело да помогне. Фала ви
Ух, денес не знам што ми е, едвај до крај 35та мин го извежбав видеово а не е некое high intensity Може дека рано сум станата
Денес само 15мин од видеото, кога видов колку склекови има ми се одмили и вежбање и се по ред. Рацете ми се тресат, едвај пишувам. Тука правев пауза од 10 минути и го направив видеото за стомачни од типкава. Добро ме измори.
Девојки, може ли да ми пратите видеа за ширење (значи НЕ за слабеење ) на нозете и бутовите? Btw многу сте вредни. Фитнес секој ден, браво.
Денес малку повеќе внимание обрнав на рацете. + 50 дигања на тег по рака. +100 jumping jacks +100 стомачни +100 leg raises +100 jump squats Died!!!
Денес во теретана-фокус на рацете и грбот (околу 30 минути), а дома вежбав со ова видео, кое се фокусира на стомачните Секогаш практикувам да го почнам денот со вежбање, забележувам дека во текот на денот сум полна со енергија и полесно ги завршувам секојдневните обврски. И уште поважно, вежбањето ми помага да се борам против депресијата. Ништо досега не се покажало толку ефикасно.
Денес: 185 squats 95 sit ups 55 leg raises 140 crunches 85 sec plank + VS train like an angel arms, legs, core workout Мојата мотивација Candice
Јас од денес ви се придружвам. Можеби нема секој ден да вежбам ама обавезно барем 3 пати неделно оти веќе не се издржва. Иначе јас сум слаба цел живот значи, но имам блага сколиоза на вратот и малце ми е крив грбот односно едното рамо ми е подолу. Носев триста помагала ама ништо не ми помага туку морам редовно да вежбам за да не ме боли. Мрза како ме фатила порано секој ден вежбав по еден сат и океј бев. Сега ме боли врат, грб, главоболки имам и ми се врти постојано! А гледам и к немам од кондиција. Правев една workout од 40 минути одвај преживеав до 30тата минута и неколку кратки вежби за задник. Не се трпи веќе. Немам ни енергија ни по скали можам да се качам салам, а да не се задишам како да сум се качувала на планина. Затоа тука ќе киснам сега и ќе се мотивирам! Да ме карате ако ме нема повеќе од три дена