1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мојот фитнес ден (+ мотивации)

Дискусија во 'Фитнес' започната од EleMental, 22 октомври 2012.

  1. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Денес убаво времето па искористивме 7-8 километри трчање и пешачење, иако повеќе пешачевме, нема врска, активност е. :D
    Нозете ми се тресат мислам, до толку се преморивме.

    Сега некако немам сила ни за кардио, а уште помалку да правам вежби за нозете.
    Па решив да направам:
    -100 crunches
    -100 russian twists
    -100 heel touches

    Од утре почнувам да одам на теретана па ќе видам како ќе напредувам. Наскоро можеби ќе ви објавам некоја слика од трансформацијата што сум ја направила. :P
    [​IMG]
     
    На Priroden, BayernKa и Elena69221 им се допаѓа ова.
  2. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    Вчера го почнав Killer buns and thighs од Џилијан Мајклс,три левела,секој по десет дена.Денес ми беше вториот ден.
    [​IMG]
     
    На BayernKa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Вчера многу беше убаво времето, па наместо кардио пешачев низ брда и ридови, малку рекреација во природа, да го искористам денот :sun:


    Денес Insanity: Plyometric Cardio Circuit
    Ова видео го нема на јутуб, ама ако некој сака да вежба Инсенити, нека ми пише за да му дадам линк од кај што ќе може да ја симне целата програма. Јас ова видео прв пат го вежбав и многу ми се допадна, ептен добро ме размрда. Мислам дека ми требаше литро ипол вода после тоа за да надокнадам :sweat: После 40 минути Инсенити, можете да замислите како изгледав :D Цела снага ме боли, ама сега се осеќам ептен релаксирано, а многу бев напната и нервозна денес :punch: Инаку, Шон во текот на видеото цело време повторуваше check your heart rate, цело време укажуваше на тоа да не се форсирате ако не можете, да пиете вода и да одмарате ако гледате дека ви е тешко. Така што внимателно со програмава, да не припаднете Бог да чува, зашто интензивно кардио е.

    Мотивации
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Jenniffer му/ѝ се допаѓа ова.
  4. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.503
    Пол:
    Женски
    пешачење 4 км , 100 чучњеви , плус , мн ми се здосади вежбањево дома , па затоа се концентрирам најмноги на пешачење , планирам по 10 км да пешачам секој ден...
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    За денес 1 час аеропилатес. Не очекував да има толку кардио, се утепавме од скокање. :muscle:
    Ги направивме сите можни видови на чучњеви, така што кога си одев накај дома едвај успеав да се искачам по скали од двор до соба. :sweat:

    До пред некое време обавезно јадев благо после секој оброк, ама сега намалив. Само знам од време на време да земам по некоја виталија/витанова. Цеден портокал, лимон или цитрон ми стана секојдневие. Брусница и бадеми исто. И брзата храна успешно ја исфрлив. Нема веќе Ројал :rofl:, додуша не ни ми е криво, подобро се осеќам вака без грижа на совест.

    Времево се разубавува, а тоа значи редовно пешачење и помалку користење градски превоз. :sun:

    Дополнителна мотивација ми се коментарите на тетка ми што овој пат беа позитивни. Се гледаме одприлика еднаш месечно бидејќи е од друг град и полесно може да ја воочи разликата дали сум ослабела или не. :)

    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]
     
    На Priroden, anakonda88, AnaKarenina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Денес прв ден во теретана. :punch:

    Прво вртеме на една справа, чисто заборавив како се вика. Не е точок а и не е и спраза за трчање, само вака горе доле ти одат нозете, како скали. Тоа околу 10 мин со поголема тежина и поприлично добро ме измори.

    После тоа по три сета до различни вежби за нозе, исто така на справи. И за крај направив околу 30-40 целосни стомачни, со подигање на цело тело.

    Не се изморив ни малку, осеќав дека можам уште барем цел час да останам ама другарката сакаше да си одеме, пошто прв ден па да не напнеме многу.

    После имав пешачење на едни добри 5-6 км.

    Сега дома ќе направам 100 чучеви, 100 стомачни и некои полесни вежби за раце.
    Доволно за денес. :muscle:

    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Priroden, AnaKarenina и BayernKa им се допаѓа ова.
  7. BayernKa

    BayernKa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    1.089
    Пол:
    Женски
    За денес на менито повторно :inlove:



    После Џилиан вчера морав нешто low intenisty :emo:
    16edbfa1a8aa3a7364194d24ae0f7a66.jpg
    b4440b947f378691db342ac68e4e00a8.jpg
    d7841f83741a3cef19980c33d97b3aab.jpg
     
    На Priroden и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  8. The Saturdays

    The Saturdays Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2015
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    1.888
    Пол:
    Женски
    Денес 250 squats, 125 стомачни, 220 crunches, 65 leg raises, 120 sec plank, 30 lunges и VS train like an angel Arms, Legs, Core Workout.
    Мотивација како и секогаш, Кендис :* 936full_candice_swan-112345678910111213141516.jpg
     
    На Priroden, AnaKarenina и BayernKa им се допаѓа ова.
  9. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Понеделник :l::sun: Мојот омилен ден, полна сум со енергија, мотивација, па денот како и секогаш го започнав со вежбање
    Денеска во теретана го вежбав горниот дел на телото (раце, грб, гради) а дома стомачни



    Ова видео (иако мислам дека веќе спомнав пред некое време тука) е според мене најефикасното за стомачните. Вежбам со него веќе подолго и после некое време веќе имам six pack. :inlove: Јас не вежбам воопшто кардио, само во теретана тежински тренинг и дома Пилатес, и верувам дека баш овие вежби придонесоа стомачните да ми се во најдобра форма досега.
    Може и други работи да имаат влијание, ама видеово е толку интензивно. мислам дека не треба да лутате и да барате други вежби, за 10 минути го вежбате секое мускулче во стомакот. :)
     
    На Priroden, The Saturdays, AnaKarenina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.088
    Пол:
    Женски
    Денес
    15 мин на точак
    30 мин powerplate
    10 мин точак
    Резултат за месец дена слабеење стомаче и бутчиња.
    Мотивации ми се денес храна и разни видови салати.
     
    На BayernKa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.695
    Допаѓања:
    17.358
    Пол:
    Женски
    Лошо ме фати грипов, недела ипол се мачев по болници и немав сила да вежбам, но денеска почнав повторно..:D:D

    + 30 стомачни и 30 чучњеви полека ќе накачувам, да ми се врати кондицијата.:)
    [​IMG]
     
    На BayernKa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. BayernKa

    BayernKa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    1.089
    Пол:
    Женски
    Тудеј





    и плус некои вежби за стомак

    superthumb.jpg
    8a00552fab7c2d32b391c402103be66a.jpg
    d945e4ddaeb7cfe822e14ced9db7c8bf.jpg
     
    На Carolin. и Jenniffer им се допаѓа ова.
  13. The Saturdays

    The Saturdays Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2015
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    1.888
    Пол:
    Женски
    Денес малку намалив некои вежби оти додадов уште 2 Challenges хаха
    180 squats
    90 стомачни
    130 crunches
    52 leg raises
    80 sec plank
    Waist Train 5 eagle abs, 5 reverse crunch, 5 double d
    Flat abs 5 roll ups, 5 ankle reaches, 5 leg lifts
    30 lunges
    Victoria's Secret train like an angel Arms, Legs Core Workout
    Мотивација Кендис vs10.jpg
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Јас девојчиња полека но сигурно се откажав од squats challenge, на 23ти ден. :tmi::angel: Искрено ми здосадија, многу монотоно ми стана, доста се 20 дена.

    Сега ќе барам други вежбички за нов предизвик по дома, инаку вчера имав час пилатес, фокус на затегање, комбиниран тренинг со тегчиња и се. :) Денес одмарам...
     
    На Carolin., anakonda88 и Jenniffer им се допаѓа ова.
  15. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто, ама денес не можам да го мрднам горниот дел од телото. Целата сум укочена, стомачните и грбот ме болат и баш поради таа причина решив да вежбам со Џулиан.

    Е сега, или ќе боле уште повеќе или пак до утре ќе ми помине.
    Сакам стомачни. (lalala)



    Плус да ги размрдам нозете направив 200 чучеви и уште некои вежби за затегнување на нозите.

    [​IMG]
     
    На Priroden, Carolin., sofijanoka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.695
    Допаѓања:
    17.358
    Пол:
    Женски
    За денеска:


    [​IMG]
    [​IMG]
     
  17. #strong_woman

    #strong_woman Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Денес си бев сама на себе тренер. Немав многу време да барам видеа на интернет,па си искомбинирав веќе познати вежби.

    Donkey Kick 2x20
    Bridges 35
    Forward Lunge 2x20
    70 Squat

    30 стомачни
    1мин Russian twist
    40сек планк

    100подигања на прсти
    +некои вежби за нозе на кои не им ги знам имињата.

    Мотивации:
     

    Прикачени фајлови:

  18. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Денес 1 час фит-аеробик. Среќа што не беше толку интензивен тренинг како во понеделникот, па сега можам нормално да се движам. :rofl:

    Ми се допаѓа што фамилијарно, и моите и сестра ми полека се насочуваме на поздрава храна. Одма е подруго кога на залиха во кујна имаш само овошје и темно чоколадо наместо калорични благи ствари. Или кога се прави печен компир или пире наместо пржени компири. :muscle:

    Само уште со алкохолот на вечени излегувања да намалам и ќе бидам задоволна. Ама некако сите периодов ми должат текили, па не можам да одбијам... :rofl:

    [​IMG] [​IMG] [​IMG]
     
    На Jenniffer му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Ден 2 - теретана

    20 минути на точакот за вртење
    3 сетови од 3 вежби за задник/нозе по 20
    стомачни 50

    Болна сум, толку можев. Мислев подобро ќе ми е кога ќе се испотам и извежбам ама не испадна така, мислам дека дури и температура имам качено а носот цел ден ми е како чешма.

    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Priroden му/ѝ се допаѓа ова.
  20. BayernKa

    BayernKa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    1.089
    Пол:
    Женски
    Јас денес одмарам и ве дружам само со мотивации :)
    205ee33505139652b6a16fcb9c48f3d9.jpg
    07cb5fd9b5fc10706430b56bf24b9769.jpg
    ff251a171636f136aa3eafc667c1af4c.jpg