Вежби од денес: По 10 а од некои по 20 И исто по 10 или 20 повторувања од овие вежби, со тегчиња од 1.150 И мотивации: Ако сум паметна месецов со вежбање и правилна исхрана ќе си купам нови патики или хеланки и маичка за вежбање
Денес повторно едночасовен тренинг, пилатес. Овојпат работевме бејзик вежби за затегање, но во сесии. 10 минути squats , 10 минути lunges, нешто кардио и други пократки сесии од стандард вежби за цело тело. Е сега, што се однесува до исхраната, исфрлив шекер од кафето, ама предизвикот да комплетно исфрлам шекер од исхрана некако не ми оди. In love with блачко сум си. Чувствувам мускулчињата на нозете и листовите ми се возобновуваат, почнаа да се формираат и затегаат. Плус, многу ми е мерак да добијам комплимент и од жена. Жена на жена искрено кога ќе си даде комплимент, тоа е тоа! А и маживе ми делат комплименти откако стартував нешто поредовно со вежбање... Мотивации:
Денес бев убаво расположена и имав енергија, па истерав добро вежбање Insanity: Cardio Abs Insanity: Cardio Recovery И двете видеа прв пат ги вежбам, првото е одлично за стомачните, а второто дефинитивно ми ги распали нозете и задникот Мотивации
Денес имав премногу обрвски и не успеав да отидам на аеробик/пилатес, ама затоа фино ми дојде видеово. 30 минути, сосема доволно за средно напорни вежби. Моментално сум опседната со брусница. Секој момент кога ќе ми се пријаде нешто благо или нешто за грицкање, земам по нецела рака брусница и одма ми поминува кризата.
Insanity: Cardio Power & Resistance Многу ме болеа нозете од вчера, мислев нема да можам денес да вежбам, ама храбро издржав Инсенити од 40 минути Единствено проблем кај кардио вежбите ми е тоа што се правам жива вода и многу сум жедна, ама избегнувам да пијам течности зашто мразам да ми кљумка стомакот додека скокам Мотивации
Се спремам по малку месецов со Џилијан, да фатам кондиција зашто сакам од април да продолжам со Ripped in 30. Ухх, душа ми вади женава ама машки го издржав видеово до крај со ептен минимално забушавање + по 2 серии вежби за бицепс и трицепс на крај, со тегчиња нормално. Мотивации:
Insanity: Pure Cardio Самото име ви кажува сè 40 минутно кардио за секој дел од телото. Интензивно е и многу е исцрпувачки, ама чувството после тоа е priceless Ми се допадна тоа што имаше еден блок растегање некаде на средина од вежбањето. Убаво дојде како одмор, и за срцето, а и за мускулите на нозете, зашто беше стварно тешко. Дури приметив дека и на дечкиве што вежбаат со Шон не им беше лесно, правеа паузи кога не можеа веќе да издржат. Утре сакам да трчам, ама ќе видам како ќе испадне. Ако ништо друго пак ќе одберам некое Инсенити видео за убаво да се испотам. Мотивација мене (покрај другото) ми е тоа што многу поубаво спијам навечер ако имам вежбано дента. Вежбањето ме смирува, ме ослободува од стресот, и да не се подречам - бруксизмот одамна не ме мачел. Ајде и една фотка
За денес се мислев дали 30 Day Shreed: Level 1 или кардио со Anna Renderer, ама се одлучив за кардиото зашто имав вишок енергија. Обично вежбам попладне или навечер и сега ова супер ми дојде посабајлечки. Дефинитивно треба да направам место во распоредот за вежбање насабајле. И најголема мотивација ми е погледот во огледало, односно тоа што гледам дека полека се покажуваат резулатите.
Ништо од моето трчање денес, немав друштво, а и ветерот ме предомисли. Прво си реков Инсенити пак да вежбам, ама некако ја запоставив Џулиен последниов период Па да не ѝ откажам љубов, го одбрав ова нејзино видео BodyShred: Ignite (Cardio 2) Супер кардио, денес прв пат го пробав и сигурно пак ќе го вежбам. Многу ме боли снагата од вчера, со Инсенити секогаш најмногу ми страдаат нозете, особено листовите. Ама си се тешам дека утре ми е ден за одмор Мотивации
Слабо пишувам од темата поради тоа што тргнав на теретана и секогаш ми е истиот распоред на вежбање, кружам на справите, најчесто вежбав нозе и стомачни ама предходните неколку дена обрнав повеќе внимание и на рацете. Овие две недели паузирам од теретаната поради тоа што баш лош термин ми се погоди а јас сум втора смена и нема да одам, па затоа почнувам повторно со вежбањето дома. За денес сакав кардио + стомачни па одлучив Insanity - Insane Abs (цело видео го избежбав ама со многу паузи за да преживеам) Ќе се дружиме со Шаун овие две недели. Малце имам страв од Инсанити бидејќи видеата им се претежно повеќе за слабеење, а јас немам што да топам во мене, така сум слаба па и уште тие напорни вежби да ги правам...
Јас денес сум вери down, поради времиштево никакво најмногу а и поради тоа што во последно не спијам ко што треба, веројатно дека почнав повеќе кафе да пијам Се будам по 100 пати во спиење Пред саат време станав од преспивање и со тешки маки го дигнав газов и извежбав некои си 25 минути со се загревање, 10 минути вежби за нозе и задник и 10 минути тие за раце што ги постирам редовно
Денес си вежбав по дома, сабајлечки. Се разбудив многу мотивирана и решив да го искористам тоа. Времево ни малку не ми влијае. А после добар тренинг се чувствувам уште поенергично!
Се пронајдов во ова со течностиве Ги вежбам моментално инсенити, стигнав до фит тестот, 15-ти ден и вака сум задоволна. Гледам имам напредок во фит тестот, не кој знае колку, ама важно имам. Правам паузи малку поголеми од нив зашто се потам ко свиња и немам здив додека вежбам иако активно вежбам скоро 5 месеци со мали паузи. Но не се откажувам. Малку мотивација од мене:
Вчера повторно едночасовен пилатес тренинг. Болки чувствувам постојано после секој тренинг последнава недела - две во нозете, бутините и задна ложа. Мотивации:
Dolgo vreme ne bev aktivna na ovaa tema, no to ne znaci deka prestanav da vezbam, mi zavrsija 30 days challenges i sega gi vezbam videata od Cassey Ho Inace eve motivacija
Денес повторно вежбам Insane Abs - Insanity, очекувам плочки наскоро затоа и ќе продолжам со овие вежби. Исто така денес и некои вежби за раце со тегови, бицепс и трицепс поконкретно. Плус додадов и некои вежби за нозе како squats (повеќе видови), lunges(со тегови) и уште неколку само за нозе.