Вчера не вежбав, повторно нервите ме фаќаа цел ден и тоа квалитетно, човек можев да утепам Денес 30 минути ABS, дел стомачни а дел standing abs.
Имав истрчано 9,5 км за 50 мин остатокот пешачев Морам да стигнам барем до 12-13 км за еден саат за да имам шанса на полумаратон да истрчам за 1:40-1:45
30 Day Shreed Jillian Michaels Ух сум заборавила колку добри комбинации прави женава. Кога некој ќе ми спомне дека сака да почне да вежба по дома, ова е првото видео што го препорачувам. Уствари ко за после вчерашното прејадување кај баба ми, денес требаше да го вежбам најтешкото кардио, ама ајде и ова беше океј.
Презафатена сум денеска и едвај одвоив еден час за вежбање. + 100 стомачни Утре ќе се потрудам да надокнадам.
Ех што ми прави овај ПМС, 10 минутново видео душата ми ја извади, дури ми се слоши Морав 5 минути да одморам па да направам по 2,3 серии од по 20 повторувања за бицепс и трицепс со тегови од 1.150. И многу мотивации од мене, поготово сега кога јас ја немам баш
Вчера нозе и задник, денеска стомачни.. Колку го мразам видеово, толку и го сакам. Има вежби што во дното на срцето ги мразам и кога дојдат на ред тие само се мрштам и стискам заби, пошто едвај ги правам.. Ќе правам едно експериментче, преку ден ќе го вежбам видеово и баш да видам дали за 6 недели ќе имам стомачни. За мотивација, отсекогаш сама на себе сум си била доволна мотивација, кога се погледнам во огледало и не сум задоволно од тоа што го гледам ми е доволен поттик за да си мрднам газот и да направам нешто, јас ја имам моќта во мои раце (тело ) и може тотална конструкција да си направам на телото доколку не ми се допаѓа. Најубаво е тоа да се сфати на време, па џабе и слики и што и да гледам. Сепак, еве ви едни добри стомачни што би сакала јас да ги добијам.
Вчера 30 Day Shreed, денес No More Trouble Zones. Ова денес имаше стварно многу добри вежби, ама некако слабо кардио, воопшто не се изморив. Океј, освен рацете што моментално ми горат! Потешко би успеала да симнам на килажа со него, ми личи како повеќе да е за зацврстување. Ајде за некој месец ќе му се вратам пак.
Денеска ќе вежбам гради Прво 20 минути кардио и после вежбање. На крај секако стомачни, јас правам 4 серии по 20 стомачни на три различни справи.
Вчера си почнав со новите Insanity кои многу ми изгледаат подобри од старите. Еден месец го поминав со претходните, па сега планирам да ги истерам сите 60 дена од новиве, па да видиме до каде ќе догурам. Денес на ред беше Tabata power и издржав до 23 минута некаде, на вежбите за трицепс (многу сум слаба на раце ретко издржувам со тие вежби) ама си продолжив до крај со мака малку. Возев и орбитрек дополнителни 20 минути и плус 3 серии од по 20 стомачни. Доста продуктивен ден си направив Малку за мотивација:
Гледам не сум пишувала, тоа не значи дека не вежбам. Неделава покрај толку глупости и обврски единствено пилатесот ми е место за опуштање и истовремено правење нешто добро за себе, на што сум горда... Во средата имав уште еден супер тренинг, утре ќе имам пак. За денес 60 squats. Инаку, @Jenniffer многу ми се допадна твојот последен пост и јас размислувам слично како тебе, самото огледало е мотивација сама по себе, а посебно кога гледам како squats си даваат резултати лека полека... Мускулчињата на нозете се оформуваат и тоа ме прави исто неизмерно среќна.
Редовно ве читам сите и криво ми е што ете овие денови се залежав скроз. Обврски, тестови, учење и првата смена на училиште си го направија своето. Од утре со нови сили. Мотивација ми е телото кое си го имам замислено во глава да го имам ова лето.
Мене ме нема долго време тука но вежбам! Не пишувам бидејќи не вежбав видеа од Youtube туку сама си ги комбинирам вежбите и не им ги знам имињата на сите.. Денес исто така комбиниран тренинг од вежби за затегнување + 100 скока со јаже + 2 серии по 40сек планк. Мотивации
Ден. 2 Плус некои полесни кардио вежби, од околу 10 минути. Вчера: различни вежби за нозе по 3 сесии х20 повторување на вежба.
Изгледа сум единствена од тука што најмногу ужива во правење вежби за раце, грб, гради... Главно за горниот дел од телото. Сите девојки обожаваат да вежбаат нозе и задник или барем јас имам таков впечаток. Како и да е. Денес во теретана трицепс и рамо, плус стомачни 10 минути. Ова кажува се. Најдобар антидепресив за мене е добар тренинг.
Колку ми е мило што гледам активни девојки, јас до сега трчав значи строго само кардио, бидејќи кога вежбав кардио и вежби за затегнување многу ми се направија мускули под салото и изгледаше лошо. Е сега ке почнам со вежби за затегнување се мислам да ги почнам на Jillian Michaels 30 day shered или пак да комбинирам нешто до Rebecca L. вие што мислите?
Денеска направив - 50 скока на јаже, 10 минути одење по скали, 100 стомачни, 50 чучњеви, 1 мин планк, 100 - wall bridge За денеска толку, утре ќе ги зголемам бројките a сега одам да си направам релакс бања и пилингче и да си кулирам во остатокот од денот. МОтивации за вас девојки не се откажувајте
На денешното мени е доообро кардио. После многу испробани видеа по јутубов ова дефинитивно ми е омилено. Квалитетно потење, со течење капки од коса, веѓи, наочари, од секаде! Како што немав вежбано три дена, сега се осеќам ептен исполнето и продуктивно. Ми се допаѓа што сите вежби се со стоење/скокање бидејќи не ми е омилено тоа легнување на подлога, па станување и така 50 пати. Утре си го обновувам членството на аеробик и пилатес, а кардиово планирам да го вежбам по дома во деновите кога нема да одам таму.
Ден. 3 Веќе и не ми е толку напорно како што ми беше првите неколку пати од кога го имав вежбано, изгледа ќе се вратам на Инсанити од април. Направив неколку вежби за бицепс и трицепс со тег и плус неколку вежби за нозе и задник. Малку понапорно да почнеме. Утре одам на теретана, оваа недела планирам 4 пати да одам, па ќе видам како ќе ми излезе на крај.