После 4 дена пауза повторно вежбав 2 од нив беа оправдани, главата многу ме болеше Уште сум во ПМС инаку ми касни малку па така да едвај 20 минути извежбав вежби за нозе, бицепс, трицепс и гради.
Понеделнички вежбав нозе и задник. Плус стомачни петнаесетина минути на крај. Видеово го препорачувам, многу интензивни вежби за стомачни и plank-от на крај ме уби. Ви посакувам успешна работна недела Феминки и не бидете мрзливи, да знаете дека дури и најкраткиот тренинг секогаш го прави денот поубав!
Денес сакав само нози и задник да вежбам па се одлучив за подолго видео. Го правев со два тега од по 2кг па не осетив нешто многу ефект од видеото, ќе го вежам со повеќе тежина следниот пат. Не го извежбав до крај од проста причина што истите вежби ги повторува нон стоп а јас вежбав без тежини и ми беше досадно и прелесно. Вежбав уште плус пола час некои мои вежби за задник и нозе, плус неколку вежби за бицепс и трицепс за крај. Сега се сетив дека од мојата фитнес рутина целосно сум ја исфрлила зумбата, срам да ми е. Утре сигурно ќе вежбам зумба.
Еве ме мене пак за денес на распоредот ми е Friday Fight Round 1 од Insanity max 30 и планирам да го вежбам и ова видео со оглед на тоа дека имам малку повеќе слободно време денес на располагање Малку мотивација за денес:
Последниот пат вежбав гради а денеска следува грб, и ќе искомбинирам некој исчекор, на крај стомачни секако.
Малку не сум активна на темата, ама заборавам да напишам шо вежбав секој ден хаха За денес само 2 видео од Cassey, оти немав време Мотивација ми е сеуште Кендис, идната мајка , а откако вежбам со Cassey и таа ми е
Планирам од 1 април пак да почнам да си вежбам,се запоставив зимава...Дали некој ги има пробано овие вежби http://www.femina.mk/диети-и-фитнес...рст-стомак-од-instagram-ѕвездата-кејла-ицинес
Сабајлево бицепс и гради плус стомачни. Утре leg day и уште отсега го презирам Оф-топик-дали некој го има пробано whey протеинот (сурутка) на Виталија и како сте задоволни?
После два дена одмор редно беше да земам да вежбам, или барем да пробам. Мотивација : 0 Сила: 0 Пола час вежби за нозе и задник, плус 100 стомачни. Доволно.
Можеме да правиме се што ќе посакаме со нашето тело и затоа треба да го одржуваме здраво и цврсто.Секојдневна работа и издржливост му е мајката #Nevergiveup
Ме примате овде мене? Доста пешачам ама за вежби кондициja нула. Една недела внимавам на храна и се чувствувам подобро. Наjдов едно видео, вчера го почнав, ама до пола ме умор и ме препоти. Ке го ставам овде. Не знам дали го имало ама нека се наjде
Денес мотивација имам 100%, а сила едвај 30% Ден. 4 или 5 од кога го вежбам видеово, не сум сигурна. Плус околу 15 минути некои вежби за затегнување на нози.
Се префoрсирaв пред 2 денa и зaтoa oвa слaбo време. Нaкaј средa четвртoк ќе истрчaм 15-16 и дo 9ти aприл кoгa е пoлумaрaтoнoт вo Аерoдрoм ќе трчaм пo 5-6 км дa не се oптеретaм мнoгу.