Дечки последната недела дена вежбањето не ми е тоа тоа. Не дека не вежбам, си имам редовни тренинзи ама многу се осеќам истоштено, безволно, некако мотивацијата ми опадна. Денес комбинирани вежби со фокус на раменски појас и раце, пилатес час.
Мене мотивација ми е сликава една ваква да си направам летово хихихи И немојте да велите дека немате време вие од град имате услов и во теретана да одите и надвор да трчате.....јас кога во село покрај толку обврски најдувам време за вежбање можите и вие... се е до желбата..јас еднаш излегов надвор да пешачам и ме направија тралала...нешто ми фалело хаха луда работа....
Имам ново омилено видео за сточачни, и тоа од кој друг ако не од Cassey. Тортура! Втор пат вежбам со видеово во еден здив и чувството на крај е непроценливо. Инаку денес си вежбав дома, ги вратив во употреба домашните тегови.
Denes za zal samo Extreme Abs 3 od Cassey, toa mi stana rutina odma od ko go izvade i si go vezbam sekogas so normalno plus drugi videa hah Motivacija Cassey i Candy
Denes (ne znam koj den mi e od Challenge- ot dali stignav do 30 ili pomalku ama nema vrska) Motivacija
Денес стомачни + нозе и задник. Утре не знам како ќе станам од кревет. Мотивирана сум повеќе од било кога. Сакам да прокоментирам збор-два за видеово. Скоро цел месец ми излегуваше во предложени видеа од страна на јутуб, а јас не го отварам пошто ме плашеше насловот, демек екстремно. Го изгледав вчера и решив денес да го пробам, вежбањето е околу 6-7 минути, иако видеото е цели 20 минути. Напорно не е, ама одма се осеќа стегање во стомачните, не знам колку ефект ќе има оваа бидејќи е кратко и се прават само 3 вида вежби ама му дадов шанса, Ќе продолжам да го вежбам комбинирано со други вежби па ќе видеме што ќе излезе на крај... Од овие вежби ги направив сите по 100, wall sits 1 минута два пати.
За денес 30 минути Орбитрек на разни нивоа. Инаку промени дефинитивно има не толку на вагата ама очигледно во обем повеќе, добивам комплименти дека сум ослабена а и мм вели дека спојлерчињата ми се намалени
За денес имам Insanity Pulse+Abs Attack 10, како и планирам да возам 20 минути орбитрек, а и почнав butt challenge од вчера па од таму имам плус 20 squats, 10 lunges & 5 bridges, и да не ги заборавам вообичаените 4 серии од по 20 стомачни плус. Се на се би требало да биде добар ден за вежбање во раните утрински часови. Откажување нема во никој случај, знам да забушавам некогаш ама никогаш не заборавам да вежбам. Видно сум ослабена иако вагата не се померува, во обем имам мн ослабено, струкот ми дојде до 66 цм што не се десило до сега, за 5 месеци активно вежбање и припазување на исхраната тоа е одличен успех -11 цм во струк Малку за мотивација:
Еве ме женски од денес, пак тука. Се ослободив од стресот можам да се посветам на себе. Првава недела почнувам полека чучњеви, стомачни. После се префрлам на некоја програма, предложете ако знаете за зголемување мускулна маса.
Денес ме фркна некоја мотивација и станав се припремив и на атлетска се нацртав. Многу тешко бре, од летото немам трчано едвај 3.5 километри. Порано 5км ми беше минимум. За денес 3.5км, 45 минути трчање + пршачење
Денес сум цел ден растрчана и секако, едночасовен пилатес. Кардио, тегчиња, се! Се препородив луѓенца. Ми се врати силата и мотивацијата, одиме јако до лето! Вежбам околу 2 месеци поинтензивно.
Денес 4,8км за еден час трчање + пешачење. За сега е слабо ама имам некоја мотивација не смеам да ја испуштам
Денес малку активност во природа - искачување од средно Водно до врв, па назад Сега ме чека генералка низ дома, утре не знам како ќе мрднам од кревет Мотивации
Фино си извртев околу 5-6км денес, убав денот, се погоди за пешачење. И Insanity - Insane Abs, нема многу кардио а успева да ме испоти баш добро.